Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Кристалната Пештера во Дебар

Кристалната Пештера во Дебар

17.2.2018

На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера.

Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали.

Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години биле потребни да се формираат огромните кристални сводови и столбови кои ја истакнуваат убавината на ова место. Кристалната пештера има постојана температура од 17 степени и воздухот внатре е секогаш влажен.

Рудникот се наоѓа на 90 до 200 метри под површината, и е богат со гипс од три видови, и тоа: анхидрит, алабастер и селенит. Како најуникатен од овие три видови на кристали е кристалот на селенит, кој се користи во медицината за изработка на гипсени лонгети.

На секои десетина метри во рудникот има огромен ходник кој води лево или десно од минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен со минијатурни поточиња од термалната вода, која иако мириса на сулфур има лековито влијание. Во играта на светлина, зраци и сенки, се забележавуваат неколку мали барички на чија површина има тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што потсетува на алги, но со бела боја.Поради тесните отвори, за влез во рудникот секогаш е неопходна заштитната опрема. Колку подлабоко се навлегува во рудникот се забележува дека огромните сводови и тавани, високи по десетина метри, немаат никаква потпора, туку се држат самите себеси. Подот е испречен со мали поточиња од термална вода, која и покрај присуството на сулфур е многу лековита.

За термалната вода се смета дека овозможува лекување од доста голем број на болести.  Многумина сметаат дека кристалите од оваа пештера имаат големо влијание во уништувањето на негативната енергија на човекот. Оваа пештера е една од двете вакви пештери во светот. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал – селенит кој освен на ова место го има само уште во Мексико.

Извори:

Автор: Георгина Пупалеска

Оваа статија е прочитана 3549 пати!

Од категорија: Чудесна Македонија · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger