Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Барселона – бисерот на Медитеранот

Барселона – бисерот на Медитеранот

15.3.2018

Барселона, вториот по големина град во Шпанија, се наоѓа на медитеранскиот брег помеѓу реките Љобрегат и Бесос. Градот лежи во североисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Плажите во градот се најдобро место за одмор и релаксација. Нова Икарија, Богател, Мар Бела и Нова Мар Бела се некои од најпосетените туристички плажи.

Image result for sagrada familia

Барселона има годишна просечна температура од околу 16⁰С. Иако летото во Барселона може да биде многу жешко и нивото на влажност може да се зголеми до речиси 70%, просечната температура на летните месеци се движи околу 29⁰С. Во летните месеци просечните температури понекогаш се зголемуваат речиси до 35⁰С.

Најдобро време за посета на Барселона е периодот од март до јуни и во текот на септември и октомври, кадешто временските температури се умерени, не се премногу високи, ниту премногу ниски.

Градот е основан на брегот на Средоземното Море пред неколку илјади години. Различни династии со огромно културно влијание придонеле за разновидната историја на Барселона. Влијанието на Римјаните, Арапите и Христијаните низ градот се чувствува видно и ден денес.

Археолошките остатоци и литературните докази даваат кратка идеја за различните периоди што владееле во Барселона.

Најпознати туристички дестинации во Барселона

La Sagrada Familia

На врвот на листата на топ туристички атракции во Барселона е прекрасната и сè уште незавршена црква на Ла Саграда Фамилија дизајнирана од Антони Гауди. Оваа уникатна конструкција е најпознатата туристичка атракција во Барселона. Таа е оценета како една од светските врвни атракции од корисниците на Tripadvisor и има околу 3 милиони посетители годишно. Во текот на целата година има долги редови за посета на спектакуларниот ентериер. Основата на оваа црква била поставена во 1882 година, кога земјиштето околу базиликата било претежно со полиња. Била дизајнирана од славниот каталонски архитехект Антони Гауди. Внатрешноста на Саграда Фамилија е отворена целосно во 2012 година. Природната светлина низ прозорците наутро и попладне е неверојатна. Надворешноста е сѐ уште во изградба и моментално е завршена со околу 75%.

Magic Fountain show

 Магичната фонтана е нешто што мора да се доживее ако се посети Барселона. Не постои уште една фонтана како оваа. Се јавува неповторливо чувство кога се гледа ова шоу на вода, светлина и музика. Фонтаната е изградена во 1929 година како една од главните атракции за Светскиот саем во Барселона и е уште едно од најпосетените места во Барселона, со околу 2,5 милиони посетители годишно.
Image result for barcelona spain magic fountainPicasso Museum

Во областа Борна, Музејот на Пикасо е најпознатиот музеј во Барселона. Пабло Пикасо е роден во Малага на југот на Шпанија, но неговото семејство се преселило во Барселона во 1895 година, а Пикасо живеел тука до 1904 година. Таткото на Пикасо бил уметнички учител и како дете Пабло Пикасо веќе студирал уметност во Малага. Тој се сметал дека е од Барселона и тука ги поминал своите рани години како млад сликар кој се борел и за првпат имал изложба. Најпознатите слики на Пикасо не се во Барселона, но во овој музеј може да се виде уникатна колекција од 4000 дела со скици и платна, што го покажува неговиот неверојатен развој од ученик до најдобриот уметник во светот. Музејот е во неколку прекрасни готски куќи во стариот дел на градот.

FC Barcelona museum & Camp Nou stadium.

Барселона има долга спортска традиција. Кога ќе се спомне спорт во Барселона веднаш се помислува на Камп Ноу – фудбалскиот стадион на ФК Барселона. Камп ноу (Camp Nou) честопати грешно нарекуван и како Ноу Камп е лоциран во западниот дел од градот и е дом на ФК Барселона уште од неговата изградба во 1957. На него се одиграле повеќе меѓународни мечеви на сениорско ниво и финалиња на Лигата на Шампионите, од кои последното беше во 1999. Има капацитет од 99.354 седишта, правејќи го најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Музејот на ФК Барселона бил отворен на 24 септември 1984 година. Со реконструкцијата музејот бил поделен на три одделни делови со 3D кино, аудиовизуелен екран на допир и информации за историјата на Барселона. Музејот може да се посети само со резервација  која вклучува влез во музејот и турнеја на стадионот. Првиот дел вклучува збирка на фотографии, документи и трофеи со детали за историјата на клубот на интерактивен стаклен ѕид, овозможувајќи им на посетителите да ги допрат екраните и да видат информации. Стаклениот ѕид, опремен со ласерска технологија, овозможува изложба на видео, слики и музика преку повратни информации од корисниците. Вториот дел е приватна уметничка колекција на постојан приказ во музејот, кој изложува дела од локални уметници како Дали, Миро и Тапи. Во третиот дел, фудбалската колекција ги прикажува фудбалските сувенири од клубот, вклучувајќи трофеј-соба со секој трофеј, или реплика од него, што го освоил клубот. Музејот зафаќа 3.500 квадратни метри и привлекува 1,2 милиони посетители годишно, што е на второ место после Музејот Пикасо, кој привлекува 1,3 милиони посетители.

National Theater of Catalonia

Националниот театар „Каталонија“ е позната туристичка дестинација во Барселона, кадешто секоја година доаѓаат милиони туристи. Познат по своите прекрасни ентериери, комплетна атмосфера во која можете само да се релаксирате и да го поминете слободното време за да уживате во каталонските културни настани. Големата градба е поделена на 3 дела – мала сала, главен аудиториум и сцена која се протега низ многу голема површина од околу 20.000 квадратни метри. Објектот е опкружен со кафулиња, ресторани и продавници за книги.

Parc Guell

Parc Guell е Светско наследство на УНЕСКО и се смета за една од најпознатите уметнички дела на Гауди. Парк Гуел е голема атракција во Барселона што мора да се посети. Паркот е на ридот Кармел и за да се посети треба да се поминат 900 метри угорница. Првичната идеја била Park Guell да стане приватна и ексклузивна станбена градина со 60 куќи. Ова беше деловна идеја на Џозеп Гуел по чија смрт во 1923 година паркот беше дониран од неговото семејство на градот Барселона како јавен парк. Паркот е изграден помеѓу 1900 и 1914 година и официјално беше отворен како јавен парк во 1926 година. Во 1984 година, УНЕСКО го прогласи паркот за Светско наследство под „Делата на Антони Гауди“.

Извори:

Подготвиле:

  • Христијан Марковиќ, ученик во СОУ „БОГДАНЦИ” – Богданци
  • Славица Тенекиџиева, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 1503 пати!

Од категорија: По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger