Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Петте најголеми мориња во светот

Петте најголеми мориња во светот

21.3.2018

Mоре преставува водна повшина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останати водни површини еднакви или слични по физичките и хемиските својства. Морињата припаѓаат на петте океани: Атлански, Индиски, Тихи, Јужен и Северен Леден Океан. Морињата можат да бидат средоземни (помеѓу континентите), внатрешни (во континентите), рабни (кои ги следат рабовите на континентите) и затворени.

1. Филипинско море

Филипинското Море е маргинално море источно и североисточно од Филипините. Неговата површина изнесува 5,688,163 km2, морското дно е 5,718,199 km2, волуменот на водата е 24,785,853 km3, додека пак најголемата длабочина изнесува 10,061 m.

Тоа се наоѓа во западниот дел од Тихиот Океан.  Се граничи со Филипинскиот архипелаг на југозапад, со Маријанските острови на исток, со Бонин и Иво Џима на североисток, со јапонските острови Хоншу, Шикоку и Ќушу на север и Тајван на запад.

Подот на самото море се формира во структурен слив со серија на геолошки грешки и зони на фрактури. Островските лакови, кои се всушност продолжени сртови кои излегуваат над површината на океанот поради тектонската активност на плочите во самата областа, го движат Филипинското Море кон север, исток и југ. Пример за ова е Филипинскиот архипелаг, Островите Рикују и Маријаните, кои постојано се поместуваат. Друга истакната карактеристика на Филипинското Море е присуството на длабоки морски ровови, меѓу кои и Филипинскиот и Маријанскиот Ров. Поради тоа Филипонското море ја содржи најдлабоката точка на планетата. За тоа повеќе може да прочитате овде.

2. Арапско море

Арапско Море е големо море во северозападниот дел на Индискиот Океан, крај југозападните брегови на Азија. Се граничи со Арапскиот Полуостров на исток, Иран и Пакистан на север и Индија на запад.. Самата површина изнесува 4,237,083 km2, морското дно е 4,242,174 km2, волуменот на водата е 13,908,640 km3, додека пак најголемата длабочина изнесува 5,864 m.

Аденскиот Залив го поврзува Арапското Море со Црвеното Море преку теснецот Баб-ел-Мандеб, а Оманскиот Залив го поврзува со Персискиот Залив.

Арапското Море е важно поради големите морски трговски патишта од третиот или вториот милениум п.н.е.

Арапското Море историски и географски е спомнато под многу различни имиња од муслимански и европски географи и патописци, кои вклучуваат: Индиско Море, Персиско Море, Синдху Сагар, Еритрајско Море, Синх Море и Ахар.

3. Корално море

Коралното Море е маргинално море на Јужниот Пацифик на североисточниот брег на Австралија и се класифицира како привремена австралиска биорегона. Коралното Море се протега на 2.000 километри низ австралиското североисточно крајбрежје. Самата површина изнесува 4,026,898 km2 , морското дно е 4,036,241 km2, волуменот на водата е 10,059,264 km3, додека пак најголемата длабочина изнесува 9,055 m.

На запад се граничи со источниот брег на Австралија, со што го вклучува и Големиот корален гребен, на исток со Вануату и од Нова Каледонија, а на североисток околу јужниот крај на Соломоновите Острови. На северозапад, се протега до јужниот брег на источната Нова Гвинеја. Се спојува со Тасмановското Море на југ, со Соломоновото Море на север и со Тихиот Океан на исток.

Морето се карактеризира со топла и стабилна клима, со чести дождови и тропски циклони. Тоа содржи бројни острови и гребени, како и најголемиот гребен во светот, Големиот корален гребен, кој беше прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО во 1981 година. Сите претходни проекти за експлоатација на нафта беа прекинати во гребенот во од 1975 година, а риболовот е ограничен во многу области. Гребените и островите на Коралното Море се особено богати со растителен и животински свет и се популарни туристичка дестинации.

4. Тасманво море

Тасмановото Море е маргинално море Јужно од Тихиот Океан, сместен помеѓу Австралија и Нов Зеланд. Неговата површина изнесува 3,346,649 km2, морското дно е 3,353,534 km2, волуменот на водата е 11,297,474 km3, додека пак најголемата длабочина изнесува 6,601 m.

Морето било именувано по холандскиот истражувач Авел Џанзоун – Тасман, кој бил првиот европски човек што се сретнал со домородното население во Нов Зеланд и Тасманија. Британскиот истражувач, капетан Џејмс Кук, подоцна, во 1770- тите, како дел од неговото прво патување целосно го истражил морето.

5. Јужно Кинеско море

Јужното Кинеско Море е маргинално море кое е дел од Тихиот Океан. Ова море има површина од 3,309,289 km2 , морско дно од 3,315,500 km2, волумен на водата од 4,247,615 km3, додека пак најголемата длабочина изнесува 5,315 m. Морето носи огромна стратешка важност, бидејќи една третина од светските бродови поминуваат низ него. Тоа содржи профитабилен риболов, кој е клучен за безбедноста на храната на милиони луѓе во Југоисточна Азија, а се верува дека огромните резерви на нафта и гас лежат под морско дно.

Според Меѓународната хидрографска организација (IHO) (1953), морето се наоѓа јужно од Кина, источно од Виетнам, западно од Филипините, источно од малајскиот полуостров и Суматра, до теснецот Сингапур во западниот дел, и северно од островот Борнео.

Извори:

Подготви: Драгана Ефтимова, студент на Институтот за географија

Оваа статија е прочитана 1565 пати!

Од категорија: По Светот · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger