Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности, Географски вести, Наставни » Регионален натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

Регионален натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

20.03.2018

На 17.03.2018 год. во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, за учениците од основните и средните училишта на Скопскиот регион се одржа регионалниот натпревар по географија, во организација на Македонско географско друштво.

На натпреварот учествуваа 65 ученици од основните и 15 од средните училишта, кои правото на учество го обезбедија на општинските натпревари освојувајќи над 85 бода од можни 100. Идеални услови за одржување на натпреварот овозможија училиштето домаќин, главниот организатор – координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева во соработка со комисијата за спроведување и проверување на тестови во состав: Саниа Качар, Елизабета Брсакоска Георгиевска, Пане Перуновски, м-р Јасмина Тодоровска, Сунчица Милошевска Стојановиќ, Дарко Стојчевски, Владимир Анѓелевски, Михајло Христов и Сузана Јакимовска.
И овој пат не изостана поддршката од претседателот на МГД д-р Билјана Апостоловска Тошевска. Натпреварувачкиот дух на учесниците на натпреварот беше голем што резултираше со одлични резултати кои воедно беа рефлексија на талентот кој го поседуваат овие млади географи. Според правилникот за одржување на натпревари со право на учество на државниот натпревар се стекнаа 41 ученик од основните и 6 ученици од средните училишта, односно сите ученици со освоени над 85 бода.
За организацијата и реализацијата на натпреварот Македонското географско друштво упатува благодарност до домаќинот, СЕПУТС „Васил Антевски Дрен“, членовите на комисијата и тестатори, заслужни за успешна реализација на натпреварот.

Честитки до сите ученици за постигнатите резултати на регионалниот натпревар и на нивните ментори. Им посакуваме многу успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 20-21.04.2018 година.

д-р Милица Патраклиева
Координатор на Скопскиот регион
Професор по географија

Оваа статија е прочитана 2649 пати!

Автор:

Од категорија: Активности, Географски вести, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger