Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, Наставни » Државни натпревари по географија, 2018

Државни натпревари по географија, 2018

24.04.2018

По успешно спроведените општински и регионални натпревари, на 20 април 2018 година се одржаа државните натпревари по географија во организација на Македонското географско друштво. Натпреварот се одвиваше во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учество земаа 213 ученика од основните и средните училишта во Македонија. Освоените бодови на тестирањето беше показател за големата подготвеност на натпреварувачите и професионалните залагања на нивните професори по географија. Од многуте млади географи од цела Македонија ги избравме најдобрите.

Во категоријата кај основните училишта првите три места им припаднаа на:

  • Дарио Атанасовски од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Македонска Каменица, со освоени 100 поени, под менторство на професорката Мирјана Стојкова;
  • Деспина Биртановска од ООУ „Даме Груев“, Битола, под менторство на професорката Анета Печипајковска и
  • Деспина Миланова од ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“, Велес, под менторство на професорот Трајче Недев.

Кај средните гимназиски училишта, на првото и второто место се пласираа Марио Илиевски и Елена Здравковска од СОУ „Гимназија Јосип Броз Тито“, Битола под менторство на м-р Мите Ристов. Третото место и припадна на ученичката Теодора Стоилковска од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица и менторот Снежа Велкова.

Кај средните стручни училишта на првите три места се пласираа: Марија Аврамоска и Александар Аврамоски од СОЕУ „Јане Сандански“, Битола со менторот м-р Мите Ристов и Фросина Алексовска од СУСС „Владо Тасевски“ од Скопје и професорот Борис Василевски. (www.mgd.mk)

Учениците кои се натпреваруваа се здобија со дипломи за учество на натпреварот, а професорите за реализирано менторство. Првите тројца пласирани ученици во трите категории беа наградени со пригодни награди кои ги обезбеди Македонското географско друштво и Тримакс. Воедно, согласно освоените бодови и правилникот на МГД, учениците имаа можност да бидат добитници на прва (90 и повеќе поени), втора (од 85 до 89 поени) и трета награда. (од 80 до 84 поени).

За реализација на овој настан Македонското географско друштво упатува благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија, како домаќини на државните натпревари по географија. 

Благодарност до Тримакс за континуираната соработка и максималната поддршка при организација и реализација на натпреварите.

Голема благодарност до сите вработени на Институтот за географија кои го дадоа својот придонес за успешна реализација на државните натпревари. Благодараност до професорите тестатори, кои професионално ги реализираа предвидените активности.

Благодарност до студентите на Институтот за географија кои беа дел од реализацијата на овој настан.

Благодарност до сите учесници на натпреварот.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 1888 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger