Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Од активностите на регионалното географско здружение „Проф. д-р Митко Панов“ – Прилеп

Од активностите на регионалното географско здружение „Проф. д-р Митко Панов“ – Прилеп

9.06.2018

Регионалното Географско Здружение Проф. Д-р.Митко Панов – Прилеп, во кое членуваат околу 30-тина професори и наставници по географија од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод, веќе втора година успешно ги реализира своите предвидени програми, планови и активности. Годишно покрај неколку средби и семинари, за членовите здружението организира и научно-рекреативни теренски екскурзии низ Македонија. Претходната година беше реализирана теренска екскурзија во Прилепско Мариово, на која беа посетени повеќе природно географски локалитети:

  • Свлечиште – лизгалиште с. Штавица
  • Локалитет Камени печурки
  • Црна Река – хидропотенцијал
  • Рудно богатство – Дијатомејска земја
  • Јаглен ( лигнит ) Мариовски басен и посета на с. Витолиште
  • Манастир Св. Илија.

На 3.06 оваа година Прилепското Географско Здружение заедно со Битолското Географско Здружение „ГЕОСФЕРА“ успешно спроведоа теренска екскурзија во Поречкиот регион каде беа посетени:

  • Крапскиот понор и село Крапа
  • Пештера Пешна
  • Изворите на река Белица
  • Река Треска

Во текот на на 2018 година, предвидени се уште два семинари една теренска екскурзија. На теренските екскурзии, не само што може да се види и научи нешто ново, туку воедно нудат добра дружба и забава помеѓу колегите. Прилепското географско здружените „Проф. Д-р. Митко Панов“ е секогаш подготвено и расположено да соработува со други географски здруженија од Македонија, а своите семинари и теренски екскурзии да ги организира во што поголем број.

Подготвил: Милан Јаковоски, претседател на географското здружените „Проф. Д-р. Митко Панов“.

Оваа статија е прочитана 2130 пати!

Автор:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger