ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности, Географски вести, Природник..., Чудесна Македонија » Конкурс за геофотографија – 2018
Конкурс за геофотографија – 2018
22.08.2018
Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ започнува со серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Република Македонија. Идеата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со природните убавини кои постојат во Македонија и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме.
Темата е „Кањони и водопади во Република Македонија“. Фотографиите може да се испраќаат до 31.08.2018 година, а право на учество имаат сите граѓани на Р. Македонија.
Апликација:
- Учеството е бесплатно.
- Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
- Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: АлександарСтојаноски_КањонМатка _1.jpg).
- Фотографиите треба да се испратат на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com
- Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот – и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.
Препорачан формат за фотографиите е JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.
Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба и за потребите на изработка на календарот за 2019 година.
Забелешка: Предвид ќе бидат земени само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси, кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.
За наградите кои се резервирани за победниците и за подетални информации за конкурсот кликнете овде.
Подготвил: Александар Стојаноски, Претседател на ИЗСГ „Природник“
Оваа статија е прочитана 4386 пати!
Од категорија: Активности, Географски вести, Природник..., Чудесна Македонија · Tags: EGEA, водопади, Кањон, Конкурс, Македонија, Природник, Фотографија
Почитувани
Сакам да Ви укажам дека условот
„Препорачан формат за фотографиите е JPEG/150dpi“ не е валиден.
Фотографијата може да биде 1 х 1 см во 150 dpi.
Дигиталната фотографија се мери во пиксели.
Подобро е за Вас, да ставевте услов за големина на фотографија во пиксели.
На пример: 4.000 х 3.000px.
Оваа димензија одговара за 12 Mpx камера.
Поздрав.