Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Астрономски настани во првата половина на 2012 година

Астрономски настани во првата половина на 2012 година

3.01.2012 

Овде се прикажани позначајните астрономски настани до крајот на месецот јуни, 2012 година, според датум и по средноевропско време.

ЈАНУАРИ

3-4 јануари – Метеорски рој Квадрант. Квадрант (Квадрантис) е интересен метеорски рој, со максимум до 40 метеори на час. Максимумот обично е на 3 и 4 јануари, но зачестени појави може да има во периодот од 1-5 јануари. Најдобра ќе се гледаат од некоја темна локација по полноќ.
5 јануари – Перихел. Во 02 часот, Земјата ќе биде најблиску до Сонцето, на растојание од 147 милиони км. Поради елиптичниот облик на земјината патека, перихел се случува секоја година, во последно време во почетокот на јануари, иако датумите се менуваат. Заради близината до Сонцето, во овој период брзината на движење по патеката е најголема. Воедно, јужната полутопка е свртена кон Сонцето и таму е лето, а на северната хемисвера е зима.
9 јануари – Полна Месечина. Време: 08:30.
23 јануари – Млада Месечина. Време: 08:39.
31 јануари – Астероид Ерос. На овој датум астероидот Ерос (димензии 34х12х12 км) ќе помине на околу 27 милиони км покрај Земјата или на околу 70 пати поголемо растојание до Месечината и ќе може да се види со подобар телескоп. Се смета дека овој астероид може да биде закана за Земјата во некоја далечна иднина.

ФЕВРУАРИ

7 февруари – Полна Месечина. Време: 22:54.
21 февруари – Млада Месечина. Време: 23:35.

МАРТ

3 март – Марс во опозиција. Црвената планета ќе биде најблиска положба кон Земјата и целосно осветлена од Сонцето. Тоа е најдобро време да се набљудува и фотографира Марс.
8 март – Полна Месечина. Време: 10:39.
14 март – Конјукција на Венера и Јупитер. Двете светли планети ќе бидат на околу 3 степени една до друга на вечерното небо.
20 март – Мартовска рамноденица (еквиноциум). Во март рамноденицата ќе се случи во 06:14 часот. Сонцето ќе светли директно кон екваторот, а во целиот свет денот и ноќта ќе бидат речиси еднакви. Ова е исто така првиот ден од пролетта (пролетната рамноденица) на северната хемисфера и првиот ден на есента (есенска рамноденица) во јужната хемисфера.
22 март – Млада Месечина. Време: 15:37.

АПРИЛ

6 април – Полна Месечина. Време: 20:19.
15 април – Сатурн во опозиција. Прстенестата планета ќе биде најблиско поставена кон Земјата, а лицето ќе и биде целосно осветлено од Сонцето. Ова е најдобро време да се набљудува и фотографира Сатурн со неговите месечини.
21 април – Млада Месечина. Време: 08:18.
21-22 април  – Метеорски рој Лириди (Лира). Лириди се просечен рој, обично со околу 20 метеори на час во максимумот. Овие метеори може да формираат светли прашинкасти патеки кои траат неколку секунди. Максимумот на ројот обично е на 21-22 април, иако некои метеори може да бидат видливи од 16-25 април. Без месечината на ноќното небо, ова навистина треба да биде добра глетка. Метеорите ќе се впечатливи по полноќ, од правецот на соѕвездието Лира.
28 април – Астрономски ден (I). Астрономскиот ден е годишен настан со цел да обезбеди средства на интеракција помеѓу јавноста и разни астрономски ентузијасти, групи и професионалци. Темата на астрономскиот ден е “Да се приближи астрономијата до народот” и на овој ден астрономските клубови и други организации од целиот свет планираат специјални настани. За тие настани можете да дознаете ако се јавите во вашиот локален астрономски клуб или планетариум.

МАЈ

5 мај 6 – Метеорски рој Аквариди (Водолија). Аквариди се слаб рој, обично со околу 10 метеори на час во максимумот. Бидејќи ќе е полна месечина, веројатно метеорите слабо ќе бидат видливи, освен оние најсјајните, кои ќе доаѓаат од насока на соѕвездието Водолија. Најдобрата глетка обично е кон исток, по полноќ, далеку од светлата на градот.
6 мај – Полна Месечина. Време: 04:35.
20 мај – Млада Месечина. Време: 00:47.
20 мај – Годишното затемнување на Сонцето. Патеката ќе започне во јужниот дел на Кина и ќе се движи источно преку Јапонија, северниот дел на Тихиот Океан и во западниот дел на САД, а делумно затемнување ќе биде видливо во делови на источна Азија и поголемиот дел од Северна Америка.

ЈУНИ

4 јуни – Полна Месечина. Време: 12:12.
4 јуни – Делумно затемнување на Месечината. Ќе биде видливо во поголемиот дел од Азија, Австралија, на Тихиот Океан и Америка.
5-6 јуни – Транзит на Венера преку Сонцето. Овој исклучително редок настан ќе биде целосно видлив од поголемиот дел на Источна Азија, Источна Австралија и Алјаска. Делумно транзитот ќе може да се види во текот на изгрејсонцето низ цела Европа, Западна Азија и Источна Африка. Делумен транзит во текот на зајдисонцето пак, ќе може да се види во поголемиот дел од Северна Америка, Централна Америка и западните делови на Јужна Америка. Секако, настанот ќе биде видлив и од Македонија. Следниот транзит ќе се случи дури во 2117 година!!!
19 јуни – Млада Месечина. Време: 16:02.
20 јуни – Јунски солстициум. Јунскиот солстициум ќе се случи во 00:09 часот. Северниот Пол на Земјата ќе биде поставен кон Сонцето, кое пак ќе ја достигне својата најсеверна позиција на небото и ќе биде директно над северниот повратник на 23,44 степени с.г.ш. Ова ќе биде првиот ден на летото (летна долгоденица) на северната хемисфера и првиот ден од зимата (зимска краткоденица) на јужната хемисфера.

Извор: http://www.seasky.org/astronomy/astronomy-calendar-2012.html

Превод, подготовка и забелешки: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3618 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger