Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Викенд предлог, Географски вести, На тема » Топ 10 градови за дочек на Нова година

Топ 10 градови за дочек на Нова година

28.12.2018

Како што се наближува Нова година, секој сака да ја дочека на различни дестинации. Некои веќе имаат одлучено, а други сеуште размислуваат. Новогодишната ноќ е една од најубавите, па затоа вреди да се погледнат најдобрите и највозбудливите градови за дочекот на најлудата ноќ во годината. Па нека започне одбројувањето. Еве 10 одлични градови каде што може да патувате за новогодишната ноќ и каде што може да создадете моменти кои никогаш нема да ги заборавите:

1. Сиднеј, Австралија
Сиднеј е првиот голем меѓународен град кој ја дочекува Новата Година. Главниот настан со спектакуларен огномет се одвива на главното пристаниште во Сиднеј во близина на операта и обезбедува ноќ за паметење. Со оглед на тоа што летото е започнато таму, може да се искористат и преубавите плажи за уживање во празниците.

2. Хонг Конг, Кина
Прекрасниот амбиент во Хонг Конг им обезбедува на посетителите никогаш да не ги забораваат моментите кои ќе ги поминат тука, а огнометот на Нова Година е само еден од специјалните мигови. Новогодишниот амбиемт е насекаде. Многуте хотели во Хонг Конг со прекрасни погледи, нудат забава за сите. Луѓето се собираат неколку часа порано на плошадите за да ги проследат театарските, танцови и циркуски изведби.

3. Банкок, Тајланд
Бангкок често се наоѓа на врвот на листата на најдобрите градови за ноќниот живот во Азија. Така, се разбира, тоа е едно од најдобрите места за дочек на новата година, доколку сакате топло време, весела атмосфера и многу забава. Главни локации за дочек на Новата година се шопинг – центарот Тајмс Сквер, повеќето области долж реката Чао Фраја и многу други. Се разбира, целото шоу за дочекот е проследен со многу огномет, музика, и танц. И сето тоа го става Банкок на врвот на листата за највозбудливи места за дочек на Нова година.

4. Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Бурџ Калифа во Дубаи е еден од најголемите облакодери што го привлекуваат вниманието во светот, и тоа уште повеќе во текот на новогодишните празници. Бурџ Калифа и оваа година, како и секоја претходна подготвува настан со неверојатно фестивалско шоу. Дубаи исто така, гради репутација како главна светска дестинација за храна, па тука има шанса да се пробат секакви вкусни специјалитети. Исто така, Дубаи Мол нуди шопинг за сечиј вкус.

5. Moсква, Русија
Фамозниот Црвен плоштад во Москва можеби се наоѓа во еден од најстудените градови, но фантастичниот огномет заедно со музиката, нудат одлична можност за дочек на Новата година, создавајќи мигови за паметење. Тука може да ја посетите една од најпознатите гробници во светот, на комунистичкиот лидер Владимир Ленин, или да ги посетите моштите на Студената војна од советската ера.

6. Кејптаун, Јужноафриканска Република
Кејп Таун е еден од најубавите градови во Африка, a и во светот. Новогодишните огномети прават сето тоа да изгледа поспектакуларно. Ако барате место со вкусна храна и поглед кон нешто специјално, како што е дочекот на Новата година со феноменален огномет, музика, танци и различни други активности за туристите, можете да го посетите уникатниот Кејптаун. Исто така, тука има и прекрасни места кои нудат поглед кон лозови насади и можете да поминете квалитетно време со чаша превкусно вино во рака.

7. Лондон, Англија
Лондон секогаш обезбедува извонредно шоу со огномет на новогодишната ноќ. Главните настани се на плоштадите, како и покрај бреговите на реката Темза. Во Лондон секогаш има што да се посети. Како на пример: Лондонското око (панорамско тркало), туристичка тура Хари Потер, крстарење по Темза, прошетка со туристички автобус низ Лондон и др. Исто така, за време на новогодишните празници и британското кралско семејство шета низ Лондон и го посетуваат местото каде што е родена кралицата Викторија.

8. Рио де Жанеиро
Ако имате желба да ја дочекате Новата година со околу 2 милиони други туристи во топло одморалиште на плажа најдобра опција е Рио де Жанеиро. Главниот собир на плажата Копакабана традиционално има различни музички настани и огномет. Таму има различни настани: секакви танци, караоке шоуа, циркуски изведби и сл.

9. Њујорк, САД
Тајмс Сквер во Менхетен. Тоа е синоним за новогодишната ноќ низ САД. Самото име на градот е познато по забавите. Менхетен е најпознатото место во Њујорк. Тука новогодишната ноќ е проследена со грандиозен огномет, музика, танци, јадење, пиење. Кој еднаш ја дочекал Новата година тука, секогаш сака да се врати и да го повтори тоа.


10. Лас Вегас, САД
Лас Вегас е град што живее секој ден. Но, за дочекот на Новата година е посебно гламурозен. За новогодишните празници се организира незаборавен фестивал кој е посетен од милиони туристи. Огномети, музика, игра, среќа и смеа насекаде. Затоа Лас Вегас е еден и единствен. Нуди можност за да поминете мигови кои секогаш ќе бидат во вашите сеќавања.

Извор: edition.cnn.com/travel/article/new-years-eve-places/index.html
Подготвиле: Христијан Марковиќ, ученик во СОУ „БОГДАНЦИ” – Богданци; Славица Тенекиџиева, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 794 пати!

Автор:

Од категорија: Викенд предлог, Географски вести, На тема · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger