Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, Наставни » Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

3.02.2019

Снежното време не ги спречи љубителите на географијата да пристигнат на време во училиштето ООУ„Лазо Трповски“ – Општина Карпош, каде што на 26.01.2019 година се одржаа општинските натпревари по географија во Скопскиот регион, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 165 ученици од основните и средните училишта и 57 ментори, од 9 општини. Според пропозициите на Македонско географско друштво, координаторот на скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и проверување на тестови во состав: Саниа Качар, д-р Билјана Гичевски, Сузана Јакимовска, Елизабета Брсаковска Георгиевска, Пане Перуновски, м-р Јасмина Тодоровска, Дарко Стојчески, Сунчица Милошевска Стојановиќ, Михајло Христов, Елизабета Наумческа, Ленка Ѓоргоска, Музафера Кофрц и Сашо Јованоски, со голема одговорност го реализираа натпреварот. Голема поддршка даде и претседателот на Македонското географско друштво д-р Билјана Апостоловска Тошевска.

Младите географи своите знаења ги покажаа преку решавање на тест, на кој постигнаа високи резултати, почитувајќи го правилникот за одржување на натпреварите по географија. Сите ученици кои ги освоија првите три места на општинските натпревари како и сите други кои освоија над 85 бодови се стекнаа со право на учество на претстојниот регионален натпревар, кој ќе се одржи на ден 02.03.2019 година. За учество на регионалниот натпревар се пласираа 78 ученици од основните и 17 ученици од средните училишта.

Голема благодарност до училиштето како домаќин, до членовите на комисијата и тестаторите кои придонесоа успешно да се реализираат овие натпревари.
Честитки на сите пласирани ученици и нивните ментори за постигнатиот успех, со желби за поголема среќа и повисоки знаења на регионалниот натпревар.

Автор: д-р Милица Патраклиева, професор по географија

Оваа статија е прочитана 1338 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger