Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Астрономски настани во втората половина на 2012 година

Астрономски настани во втората половина на 2012 година

3.01.2012

ЈУЛИ

3 јули – Полна Месечина. Време: 19:52.
5 јули – Афел. Земјата на 5 јули во 05 часот (по средноевропско-македонско време) ќе биде најдалеку од Сонцето, на 152 милиони км. Воедно, во овој период северната полутопка на Земјата е свртена кон Сонцето, односно таму е лето, а на јужната полутопка е зима. Заради оддалеченоста од Сонцето, во оваа положба Земјата се движи најбавно по патеката.
19 јули – Млада Месечина. Време: 05:24.
28-29 јули – Метеорски рој Јужни Делта Аквариди. Овој метеорски рој може да даде до околу 20 метеори на час. Ројот обично може да се види од 18 јули – 18 август, со максимум во наведените датуми (28-29.07). „Појдовна“ точка за овој рој ќе биде во насока на соѕвездието Водолија. Месечината ќе зајде нешто по полноќ, оставајќи темно небо за она што треба да биде добра глетка. Најдобро за гледање е обично на исток, по полноќ.

АВГУСТ

2 август – Полна Месечина. Време: 04:27.
6 август – Роверот Кјуриозити на Марс. Според НАСА, Марсовата Научна Лабораторија (MSL) треба да слета на црвената планета меѓу 6 и 20 август 2012 година. Официјалното име на роверот е Кјуриозити (љубопитност). Тоа е самостоен, автоматски ровер сличен на Спирит и Опортјунити кои претходно го посетија Марс. Сепак, Кјуриозити е многу поголем и носи многу повеќе инструменти за експерименти од неговите претходници. Камера во висока резолуција ќе ја фотографира површината на Марс, додека бројни други инструменти ќе земаат примероци од почвата и воздухот во потрага по органски соединенија.
12-13 август – Метеорски рој Персеиди. Персеидите се меѓу најдобрите метеорски роеви со дури 60 метеори на час во максимумот. Освен главниот датум, можеби ќе може да видите некои метеори од овој рој во време од 23 јули до 22 август. Главниот „извор“ на метеори ќе биде во соѕвездието Персеј. Месечината ќе биде во последната четвртина, високо на небото, но не треба да пречи толку многу за оваа глетка. Потребна е само локација далеку од светлата на градот и да гледаме кон североисток по полноќ.
17 август – Млада Месечина. Време: 16:54.
24 август – Нептун во опозиција. Сината планета ќе биде на нејзината најблиска годишна положба кон Земјата, а „лицето“ ќе и биде целосно осветлено од Сонцето, заради што е најдобро време за набљудување на Нептун. Поради својата голема далечина, ќе се појави само како мала сина точка, главно во подобрите телескопи.
31 август – Полна Месечина. Месечината ќе биде директно спроти Земјата од Сонцето и гледана од Земјата, ќе биде целосно осветлена. Бидејќи ова е втората полна месечина во истиот месец, појавата е позната како сина месечина. Овој редок настан се случува само еднаш на неколку години. Време: 14:58.

СЕПТЕМВРИ

16 Септември – Млада Месечина. Време: 03:11.
22 септември – Септемвриска рамноденица. Септемвриската рамноденица ќе се случи во 15:49 часот. Сонцето ќе биде директно над екваторот, а денот и ноќта ќе бидат речиси подеднакви во целиот свет. Ова е исто така првиот ден на есента (есенска рамноденица) на северната хемисфера и првиот ден од пролетта (пролетната рамноденица) на јужната хемисфера.
29 септември – Уран во опозиција. Сино-зелената планета ќе биде најблиску поставена кон Земјата за оваа година, со целосно осветлена страна од сонцето, што е одлична можност за набљудување на Уран. Поради својата далечина, ќе се појави само како мала сино-зелена точка во подобрите телескопи.
30 септември – Полна Месечина. Време: 04:19.

ОКТОМВРИ

20 октомври – Астрономски ден (II). Астрономскиот ден е годишен настан со цел да обезбеди средства на интеракција помеѓу јавноста и разни астрономски ентузијасти, групи и професионалци. Темата на астрономскиот ден е “Да се приближи астрономијата до народот” и на овој ден астрономските клубови и други организации од целиот свет планираат специјални настани. За тие настани можете да дознаете ако се јавите во вашиот локален астрономски клуб или планетариум.
15 октомври – Млада Месечина. Време: 13:02.
21-22 октомври – Метеорски рој Ориониди. Орионидите се просечен рој со појавување на околу 20 метеори на час за време на максимумот, кој пак обично е на 21 октомври. Сепак, добра глетка може да се доживее било која ноќ од 20-24 октомври. Месечината (која ќе биде во прва четвртина) ќе зајде до полноќ, оставајќи темно небо за она што треба да биде добро шоу. Најдобра глетка ќе биде на исток по полноќ.
29 октомври – Полна Месечина. Време: 20:49.

НОЕМВРИ

13 ноември – Млада Месечина. Време: 23:08.
13 ноември – Целосно затемнување на Сонцето. Затемнувањето ќе биде видливо само во делови на крајниот север на Австралија и во јужен Пацифик. Делумното затемнување пак, ќе биде видливо во источна Австралија и Нов Зеланд.
17-18 ноември – Метеорски рој Леониди. Леониди се меѓу поизразените метеорски роеви за набљудување, со максимална појава оваа година од околу 40 метеори на час. Инаку Леонидите имаат циклуси на 33 годинишни екстремни максимуми, а последниот од нив бил во 2001 година. Тогаш, стотици метеори можеле да се видат секој час. Месечината ќе зајде на почетокот на вечерта, оставајќи темно небо за она што треба да биде одлична глетка. Метеорите највпечатливо ќе се појавуваат по полноќ, од правецот на соѕвездието Лав, па не заборавајте да најдете темна локација за гледање.
27 ноември – Конјукција на Венера и Сатурн. Овие две светли планети ќе бидат привидно раздвоени околу 1 степен на утринското небо. Погледнете кон исток околу изгрејсонце.
28 ноември – Полна Месечина. Време: 15:46.
28 ноември – Делумно затемнување на Месечината. Затемнувањето ќе биде видливо во поголемиот дел од Европа, Источна Африка, Азија, Австралија, на Тихиот Океан и Северна Америка.

ДЕКЕМВРИ

3 декември – Јупитер во опозиција. Џиновската планета ќе биде во најблиската годишна положба кон Земјата, воедно целосно осветлена во тој правец од Сонцето. Ова е најдобро време да ја погледнете и фотографирате планетата Јупитер заедно со нејзините месечини.
13 декември – Млада Месечина. Време: 09:42.
13-14 декември – Метеорски рој Близнаци. Се очекува ова да биде најинтересен метеорски рој за 2012 година, со дури до 60 метеори на час во максимумот. Освен во главниот термин, некои метеори треба да бидат видливи од 6-19 декември. Метеорите ќе се јавуваат главно во правецот на соѕвездието Близнаци. Младата месечина ќе гарантира темно небо за она што треба да биде прекрасна глетка. Најдобра точка за гледање е обично на исток, по полноќ и од темна локација.
21 декември – Декемвриски солстициум. Декемврискиот солстициум (краткоденица на северната, а долгоденица на јужната полутопка) ќе се случи во 12:12 часот. Јужниот Пол на Земјата ќе биде поставен кон Сонцето, кое ќе ја достигне својата најјужна позиција на небото и ќе биде директно над јужниот повратник на 23,44 степени ј.г.ш. Ова е првиот ден од зимата (зимската краткоденица) на северната хемисфера и првиот ден на летото (летна долгоденица) на јужната хемисфера.
28 декември – Полна Месечина. Време: 11:21.

Извор: http://www.seasky.org/astronomy/astronomy-calendar-2012.html

Превод, подготовка и забелешки: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3074 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger