Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, Наставни » Од државните натпревари по географија за 2019 година

Од државните натпревари по географија за 2019 година

2.05.2019

Државните натпревари по географија во организација на Македонско географско друштво се одржаа на 19 април 2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот зедоа учество 212 ученици од основни училишта и 67 ученици од средните гимназиски и стручни училишта. Сите ученици и ментори добија диплома за учество на државниот натпревар по географија. Во големата конкуренција помеѓу учениците од основните училишта првото место го освои Софија Матовска од ООУ „Живко Брајковски“, Скопје под менторство на професорката Саниа Качар. Второто место и припадна на Искра Нечаковска од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Битола под менторство на професорката Цвета Крстевска. На трето место се пласираше Теодора Шопкоска од ООУ „Мирче Ацев“ од Скопје чиј ментор е професорката Сунчица Милошевска Стојановиќ.

Помеѓу учениците од средните гимназиски училишта првите три места ги освоија:

  • Сара Стојчевска од СОУ „Гимназија Гоце Делчев“, Куманово – ментор: проф. Емилија Трајковска
  • Кристина Спасовска од СОУ „Гимназија Гоце Делчев“, Куманово – ментор: м-р Срѓан Стојмановски
  • Оливер Куновски од СУГС„ Орце Николов“, Скопје – ментор: проф. Лилјана Јовановска

Со пласманот на првите три места си обезбедија учество на Интернационалната Олимпијада IESO која оваа година се одржува во Јужна Кореја од 26 август до 3 септември. Четвртиот го групата натпреварувачи на Олимпијадата ќе се бира со дополнително тестирање на следните тројца најдобро пласирани гимназијалци.

Кај средните стручни училишта првите три места ги освоија:

  • Ана Трајкоска, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Охрид  – ментор: проф. Менка Ѓореска
  • Ангела Петровска, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје –  ментор: проф. Елизабета Брсакоска Георгиевска и
  • Маја Насевска, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Скопје –  ментор: проф. Елизабета Брсакоска Георгиевска

Првите тројца наградени добија и посебни награди кои ги обезбедија Македонско географско друштво и Тримакс ДОО Скопје. Покрај трите наградени ученика кај сите три категории, согласно правилникот на МГД беа доделени повеќе први, втори и трети награди.

Натпреварот се одвиваше во пријатна атмосфера и во исчекување да се изберат најдобрите географи од големата група одлични ученици натпреварувачи.

За реализација на овој важен настан упатувам голема благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија, регионалните координатори на МГД, студентите од ИЗСГ Природник.

Огромна благодарност до Тримакс, кој секогаш е поддршка на Македонското географско друштво во реализација на географските натпревари.

Благодарност до сите учесници на натпреварот кои придонесоа  овој настан да прерасне во празник на географијата.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска,
Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 1548 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger