Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, Наставни » Македонскиото географско друштво ќе учествува на Светска Олимпијада IESO 2019 во Даегу, Јужна Кореја

Македонскиото географско друштво ќе учествува на Светска Олимпијада IESO 2019 во Даегу, Јужна Кореја

21.08.2019

Оваа година, Македонското географско друштво за прв пат ќе земе активно учество на Светската Олимпијада за геонауки, IESO 2019. Настанот ќе се одвива во периодот од 26 август до 3 септември 2019 година во Даегу, Јужна Кореја. Олимпијадата се одржува континуирано од 2007 година, а активно учество оваа година ќе земат учесници од 40 земји.

На Олимпијадата ќе се натпреваруваат четворица ученици од нашата држава, кои Македонското географско друштво ги избра по пат на пласман на државните натпревари по географија и спроведениот селекционен натпревар. Тоа се: Сара Стојчевска, Кристина Спасовска и Јована Маниќ од СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и Оливер Куновски од СУГС „Орце Николов“ во Скопје. Учениците се организираат и подготвуваат за настанот од страна на д-р Ивица Милевски, д-р Свемир Горин и д-р Билјана Апостоловска Тошевска, професори на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ова учество е од непроценливо значење за Македонското географско друштво затоа што означува почеток на едно ново поглавје во групата на активности на Друштвото.

За можноста да се учествува на Олимпијадата заслужни се поголем број на институции и претпријатија. За таа цел, Македонското географско друштво упатува голема благодарност за финансиската поддршка до:

  • Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет,
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  • Фонд за иновации и технолошки развој;
  • Агенција за млади и спорт;
  • Град Скопје;
  • Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип;
  • Општина Куманово;
  • Општина Карпош;
  • БИАНА ШУС ДООЕЛ Куманово;
  • ТУШЕВСКИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово;
  • КВАТРО ДОО Куманово;
  • ЈП Куманово-паркинг Куманово;
  • ЕКО ШТУРАЦ Друштво за трговија и услуги ДООЕЛ Куманово и
  • ТД ВИЛ АЛФИ БИ КОМПАНИ ДОО Куманово.

На учесниците им посакуваме пред се среќен пат, пријатен престој во Јужна Кореја, секако висок пласман и достојно претставување на Македонија и географијата. Пожелуваме да имаат убави спомени, нови стекнати пријателства, знаења и искуства.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска,

Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 1722 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger