Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » За порталот

За порталот

Почитувани,

ИГЕО порталот е поставен како резултат на потребите на студентите по географија и сите оние кои се интересираат за разни географски содржини, научно-популарни статии, вести, занимливости и рубрики. Дел од порталот пак е наменет за известувања и коментари од наставниците, соработниците и студентите на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, како и на Македонското географско друштво, со цел навремено и поефикасно информирање.
Инаку ИГЕО порталот е креиран според идејната замисла на д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија во Скопје, кој исто така изврши негово техничко поставување на WORDPRESS платформа. Заради подобра прегледност, користена е соодветно избрана тема, во која е програмски интервенирано за да се прилагоди на нашите потреби.

Сите заинтересирани, можат слободно да ги прегледуваат, коментираат па дури и да доставуваат свои информации, постови, текстови, осврти и други содржини на ИГЕО порталот. При тоа, треба да се води сметка за видот на содржините и да се придржува до етичко-културниот кодекс. Бидејќи станува збор за географски портал, од администраторот и уредувачкиот одбор на порталот, ќе бидат пуштени за објавување само географски или сродни содржини и известувања, без политички, верски, национални конотации, навреди, вулгарности, меѓусебни преписки и слично.

Објавување на научно-популарни статии

Меѓу основните цели на ИГЕО порталот е објавување на што поголем број интересни, информативни и оригинални научно-популарни статии поврзани со географијата. За објавување на научно-популарна статија, решава уредувачкиот одбор на порталот, по претходно добиен текст.
За да биде објавена, статијата мора да исполнува неколку критериуми:

  • Да биде оригинална, односно да не е претходно објавена под ист наслов и со иста содржина на некој печатен, електронски или друг вид на медиум;
  • Да биде од областа или тесно поврзана со географијата, туризмот, астрономијата и сите останати географски суб-дисциплини (физичка географија, демогеографија, економска географија, заштита на животна средина, картографија, ГИС и др.);
  • Да има јасен и концизен наслов, воведен текст, главен текст, по потреба заклучен текст и задолжителен извор од каде се земени податоците;
  • Да има барем 1-2 фотографии или карти, скици, шеми и сл;
  • Текстот не треба да е подолг од 2 страници А4 формат со стандарден проред и фонт со големина 12.

По доставувањето на работната верзија на статијата, уредувачкиот одбор во рок од 2-3 дена ќе даде свои забелешки, препораки или ако се исполнети сите услови, ќе ја објави статијата.

Уредувачкиот одбор за оригиналните научно-популарни статии на ИГЕО порталот го чинат:

  • д-р Ивица Милевски, главен уредник 
  • д-р Билјана Апостоловска-Тошевска
  • Бојана Алексова, дипл. географ
  • Дарко Стојчески, дипл. географ

НАПОМЕНА: текстот во статијата не смее да биде целосно или во најголем дел преземен од друга статија, научен труд или публикација на друг автор.
ОДГОВОРНОСТА за напишаниот текст и цитирањето (изворот на податоци) е на самите автори. Уредувачкиот одбор води сметка и ги проверува статиите, но крајната одговорност е на авторите.
Текстовите, информациите и коментарите не се ЛЕКТОРИРАНИ, иако статиите кои забележливо отстапуваат од македонскиот литературен јазик, нема да бидат објавувани.

Објавување на коментари

Објавувањето на коментари е можно без регистрација. Единствено внесувате текст во делот за коментари и по прегледувањето од модераторот, истиот ќе биде објавен во најскоро време. Во коментарите може да поставувате и прашања, да давате идеи, ваши замисли и слично, повторно придржувајќи се кон наведените кодекси на почитување и академско ниво.

Корисно е авторите на текстовите или коментарите да ги остават своите имиња, иако може да се објавува и во анонимна форма. Се замолуваат авторите да водат сметка за големината на фотографиите и останатиот мултимедијален материјал, кои не би требало да надминуваат големина од 1 мегабајт. За поголеми фајлови, најдобро е да се поврзат со помош на линк кон YouTube или некоја друга страница.

Сите идеи и активности, како и секаква искрена помош за подобро функционирање на Порталот се добредојдени.

ЗАРАДИ ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ ЧЛЕНОВИ СВОИТЕ ТЕКСТОВИ ЗАЕДНО СО ФОТОГРАФИИ ИЛИ ДРУГИ ПРИЛОЗИ, ВО ФИНАЛНА ФОРМА МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО WORD ФОРМАТ НА E-MAIL: igeoportalmk@gmail.com. ДОКОЛКУ ИСТИТЕ ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ПРАВИЛАТА НА ПОРТАЛОТ, ПОСТОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НАЈДОЦНА ЗА ЕДЕН ДЕН ПОД ВАШЕ ИМЕ, ИЛИ ПАК ЌЕ ДОБИЕТЕ ИНФОРМАЦИЈА ЗОШТО СЕ ОДБИВААТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ.  

Leave a Reply

*