Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Утре ни пристигнува пролетта

Утре ни пристигнува пролетта

19.03.2017 По релативно студената и снежна зима (во повеќето делови на Македонија), утре (понеделник), 20.03.2017 година, на северната хемисфера започнува пролетта. По зонското време, таа во Македонија ќе пристигне во 11 часот и 19 минути. За разлика од северната хемисфера, на јужната пак започнува есента. Инаку, утре на целата земјина топка, денот и ноќта траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа, во положба позната како еквиноциум. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Долина на смртта – пустина која нуди несекојдневни глетки

Долина на смртта – пустина која нуди несекојдневни глетки

19.03.2017 Долина на смртта е депресија која се наоѓа во САД, на подрачјето на државите Калифорнија и Невада. Таа е долга околу 225 km, широка помеѓу 8 и 24 km и е најсушното, најниското и најжешкото место во Северна Америка. “Мртовечкиот премин”, “Кањонот на сувите коски”, “Погребалните планини” – се имињата на некои од местата во Долината на смртта. Овде може да помине и цела година без да падне капка дожд, а температурата може да достигне и над … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Мариово – Девствена убавина на југот на Македонија

Мариово – Девствена убавина на југот на Македонија

9.03.2017 Областа Мариово зафаќа вкупна површина од 1038 km² или 4% од вкупната територија на Република Македонија, со надморска височина која се движи помеѓу 700 и 2362 m, или во просек некаде околу 1090 m. Областа Мариово се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија. Морфолошки Мариово е составено од два дела: планински и котлински дел. Планинскиот дел го сочинуваат околните планини што ја оградуваат областа. Тие се изградени од гнајсеви, шкрилци и варовници, а поретко и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Најсмртоносените и најсилните земјотреси во човековата историја

Најсмртоносените и најсилните земјотреси во човековата историја

6.03.2017 Земјината кора се состои од тектонски плочи со различни големини, кои се движат една према друга или се оддалечуваат една од друга. Приближувањето и судирањето условува појава на силни земјотреси, кои можат да бидат со катастрофален карактер и да предизвикаат големи човечки загуби. Се смета дека 90 проценти од земјотресите се случаваат покрај тектонските фрактури кои се наоѓаат во границите на самите тектонски плочи. Иако ретко, сепак постојат земјотреси кои се јавуваат во рамките на плочите, а понекогаш … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

За геомагнетното поле и неговите промени

За геомагнетното поле и неговите промени

26.02.2017 Магнетното поле на Земјата или т.н. геомагнетно поле е магнетно поле кое се протега од внатрешноста на Земјата па до слојот во надворешната атмосфера, каде се судрува со честичките на Сончевиот ветер. Геомагнетното поле настанува како резултат на конвекција во надворешното (течно) земјино јадро и на ротацијата на Земјата. Целиот процес е познат како геодинамо, во вид на електрична струја која создава магнетно поле. Современиот развој на технологијата, дозволува да се прават 3D симулации на геодинамото … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Во Прилеп основано регионално географско друштво „проф. д-р Митко Панов“

Во Прилеп основано регионално географско друштво „проф. д-р Митко Панов“

14.02.2017 На 11.02.2017 година во просториите на Основното училиште “Кире Гаврилоски Јане“ во Прилеп и официјално отпочна со работа регионалното географско друштво, именувано по доајенот на географската мисла во Македонија, професор д-р Митко Панов. За таа цел беше организирана и манифестација на која присуствуваа професори по географија од основните и средните училишта во општините: Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени, како и претставници на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, меѓу кои проф. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Кањонот Камник – слабо позната природна атракција во близина на Штип!

Кањонот Камник – слабо позната природна атракција во близина на Штип!

14.02.2017 Кањонот Камник се наоѓа во северозападното подножје на Плачковица, 9 km западно од Штип и 5 km југоисточно од селото Радање во општината Карбинци. Поради геотектонските прилики, долж целото северозападно подножје на Плачковица се формирале повеќе стрмно всечени долинки и долови на левите притоки на Брегалница кои се спуштаат од планината. Камник е еден од најрепрезентативните мали, релативно плитки кањончиња, создаден во долината Радањска Река, поточно нејзината притока Кошевска Река. До него се доаѓа преку с.Радање … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Десетте најдобри слободни софтвери за далечинска детекција!

Десетте најдобри слободни софтвери за далечинска детекција!

13.02.2017 Последните десетина години, речиси нема подрачје на просторни анализи, во кое не се користи далечинската детекција (remote sensing) на сателитски снимки, аеро-снимки, дигитални модели и сл. Во таа смисла, се зголемува и бројот на разни софтверски апликации кои се достапни како комерцијални или слободни продукти. Софтверските пакети за далечинска детекција, најчесто се слични со графичките софтвери, со таа разлика што овозможуваат обработка на податоци добиени со далечинска детекција, односно генерирање на географски информации од далечински сензори … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Ноќва 3 прекрасни небесни појави!

Ноќва 3 прекрасни небесни појави!

10.02.2017 Во текот на ноќва, доколку биде ведро, ќе бидеме сведоци на троен феномен: полна Месечина, затемнување на Месечината и најблиска положба на зелената комета 45Р. Прво ќе бидеме сведоци на вообичаена полна Месечина, која ќе се гледа од изгревањето, па до заоѓањето на истата во сабота рано наутро. Оваа т.н. февруарска полна месечина, низ светот се нарекува со разни термини, а најчесто е позната како „Снежна Месечина“. Втората појава, ќе биде делумното затемнување на Месечината, поради што едниот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Мокрински извори – вистински дар од природата

Мокрински извори – вистински дар од природата

10.02.2017 Мокрино е село во Општина Ново Село, источно од градот Струмица. Се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри и до него се доаѓа по солиден асфалтен пат. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат издашност од 40 литри вода во секунда. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Најубавите гејзери во светот!

Најубавите гејзери во светот!

10.02.2017 Гејзерите се извори на жешка вода која повремено и во вид на водоскок се исфрла над земјината површина. Кај некои гејзери ова исфрлање на топлата вода се појавува ритмички, при што водениот столб може да достигне височина и до десетина метри. Гејзерите имаат кратер, канал во кој се собира водата (во горниот дел) и водената пареа (кон длабочината). Температурата на водата на површината на каналот изнесува околу 75-80°C, додека кон длабочината се зголемува до преку 100 степени … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Британска експедиција за откривање на „изгубените” метеорити на Антарктикот

Британска експедиција за откривање на „изгубените” метеорити на Антарктикот

5.02.2017 Метеоритите доаѓаат од различни места од Сончевиот систем. Повеќето метеорити потекнуваат од астероиди, кои се остатоци од материјали од кои се создадени и планетите. Иако метеоритите паѓаат рамномерно на целата Земјина површина, повеќе од две третини од вкупниот број на пронајдени метеорити се најдени на Антарктикот, што делумно се должи на контрастот помеѓу белата површина на Антарктикот и темни метеорити над површината. Поради тоа Антарктикот би требало да биде совршено место да се најдат метеорити. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Изминатиот јануари, во Македонија беше меѓу најстудените во последните неколку децении!

Изминатиот јануари, во Македонија беше меѓу најстудените во последните неколку децении!

5.02.2017 Според метеоролошките и климатските податоци, претходниот месец – јануари, беше меѓу најстудените во Република Македонија во последните 20-тина години. Имено, просечните температури беа за околу 3-6 степени пониски од долгогодишниот просек за истиот месец. Во Скопје, просечната температура за овој јануари изнесува помеѓу близу -4 степени, што е за 4 степени пониско од просечните повеќегодишни јануарски вредности (0,6 степени Целзиусови). Најниската пак се спушти до -21 степени и тоа на 8. и 12. јануари. Во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Шаркова Дупка – мала, но интересна туристичка пештера кај с. Маврово

Шаркова Дупка – мала, но интересна туристичка пештера кај с. Маврово

4.02.2017 Пештерата Шаркова Дупка се наоѓа во националниот парк Маврово, во близина на последните куќи од селото Маврово. Од асфалтниот пат, до влезот во пештерата има неколку минути пешачење по безбедна патека со скалила. Пештерата е уредена за посета на туристи, а заради заштита на нејзината раскошна внатрешност, на влезот е изѕидан дел со метална врата. Пред влезната врата е поставена инфо-табла со скица и основни информации за пештерата. Инаку, откриена е пред повеќе децении од страна … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Црногорскиот зимски убавец Дурмитор!

Црногорскиот зимски убавец Дурмитор!

29.01.2017 Црна Гора обично ни е позната по летниот капалишен туризам, сонцето, малите градчиња и извонредните плажи долж брегот на Јадранското Море. Многу помалку е познато дека има извонреден планински и зимско-спортски туристички центар. Така, во северозападните делови на Црна Гора е распространет планинскиот масив Дурмитор, вистински бисер на балканското поднебје. Дурмитор претставува венечна планина која се создала со тектонски поместувања, набирање и навлекување на релјефот. Со должина од околу 50 km и ширина од околу 20 km, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Како се живее во најстуденото место на светот?

Како се живее во најстуденото место на светот?

26.01.2017 Мислите дека ние имаме екстремно студена зима? Што тогаш треба да кажат луѓето кои живеат во населеното место Ојмјакон во Русија, кои деновиве се смрзнуваат на речиси -50 степени? Ојмјакон е село со околу 500 – 800 жители во Јакутската област во Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Од Јакутск е оддалечен околу 1000 km, од Владивосток околу 4 000 km, а од Москва речиси 9 000 km. Бидејќи Ојмјакон се наоѓа во близина … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

25.01.2017 Ocean city е град во државата Maryland во Соединетите американски држави, на источниот брег на Атланскиот Океан, сместен на еден долг и тесен остров, па таква форма има и самиот град. Западниот дел на градот е со повеќе трговски центри, универзитети и гледа кон два големи заливи. Источниот дел пак, се одликува со долга и преубава песочна плажа свртена кон океанот. Инаку, гратчето има само 7000 постојани жители, меѓутоа во шпицот на летната сезона, овде … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

25.01.2017 Вештачките акумулации во Република Македонија почнале да се градат од далечната 1938 година кога е изградена првата акумулацијата Матка, западно од Скопје, пред вливот на река Треска во река Вардар, односно на излезот од кањонот Матка. Овој процес на градење на вештачки акумулации трае до денес, следејќи го трендот на потребите на човекот за менаџирање со водните ресурси како фундамент за негово опстојување, независно дали за заштита од поплави, искористување на хидроенергетскиот потенцијал, водоснабдување, наводнување, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Снежни рекорди во Македонија

Снежни рекорди во Македонија

19.01.2017 Поради интензивните врнежи од снег во текот на изминатите денови, а посебно ноќва (18/19 јануари), височината на снежната покривка во Република Македонија достигна значителни вредности. Така, во Маврово изнесува 85 cm, Лазарополе 62 cm, во Битола 49 cm, Крушево 41 cm, Тетово 38 cm, Берово 31 cm, Скопје 22 cm итн. Иако ни изгледа дека снежната покривка на некои места е навистина висока, интересно е да се погледнат рекордните забележани височини на снегот на метеоролошките мерни станици во Македонија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија