Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Викенд предлог

1оо години туризам на Шар Планина!

1оо години туризам на Шар Планина!

24.12.2015 Шар Планина e една од најголемите и највисоките планински масиви во P. Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границата со Р. Косово и Р. Албанија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток – запад – југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичка Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: Речичко Езеро кај Куманово

Викенд предлог: Речичко Езеро кај Куманово

10.04.2015 Недалеку од градот Куманово, на само 6 километри северно од центарот, скриено меѓу житните полиња на атарите на околните села се наоѓа малку познатото Речичко Езеро. Ова вештачко езеро е лоцирано помеѓу селата Речица на југозапад (по кое го добило името), Долно Којнаре на југ, Костурник на североисток и Горно Којнаре на исток. До Езерото од Куманово може да се пристигне по три патишта: 1. по стариот врањски пат кој поминува преку селото Долно Којнаре, 2. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: Аквадуктот во Скопје

Викенд предлог: Аквадуктот во Скопје

28.10.2014 На околу 1 km од Скопје, помеѓу Скопската тврдина Кале и археолошкиот локалитет Скупи, над речната долина на малата река Серава се наoѓа овој значаен културен споменик. Аквадукт преставува објект кој има намена да пренесува вода. Името произлегува од латинските зборови akva (aqua) – вода и ducere (ducere) – спроведува. Најпознати во изработката на аквадуктите биле Римјаните. Скопскиот Аквадукт е изработен со голема умешност и прецизност, од камен и тула. Аквадуктот има должина од 384 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Вевчанските природни планински езера

Вевчанските природни планински езера

Планината Јабланица (Црн Камен, 2257 m) се наоѓа во крајниот југозападен дел на Р.Македонија, односно северозападно од Охридскиот Басен, помеѓу Охридската и Дебарската Котлина. Во рамките на границите на нашата држава се наоѓаат источните делови на истоимената планина, а нејзините западни делови припаѓаат во границите на соседната Р.Албанија. На источната страна на оваа наша убавица, покрај многубројните природни карактеристики и реткости со кои изобилува, се наоѓа и населбата Вевчани во чиј атар се наоѓаат повеќе значајни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Туристичко вреднување (валоризација) на Вевчани

Туристичко вреднување (валоризација) на Вевчани

Овој текст претставува еден обид за валоризација на туристичките можности на Вевчани. Вредно е да се напомене дека за истиот постои реална можност за негово посеопфатно проширување и надополнување, но сепак, овој текст може да послужи како добра основа за некои погледи во понатамошниот развој на туризмот. Вевчани е населба која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Неговите координати се: 41° ۫ 14′ 25″ N, 20° ۫35‘ 35“ E. Распослано е на падините на планината … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема

Заливот на коските–Охридска подводна убавина

18.05.2013 Заливот на Коските се наоѓа покрај јужното крајбрежје на полуостровот Градиште, близу рибарската и туристичка населба Пештани. Како дел од оваа прекрасна подводна археологија е локалитетот Плоча Миќов Град. На овој локалитет е откриена праисториска наколна населба со временска припадност на доцното бронзено и раното железно време. Повеќегодишните подводни археолошки истражувања токму на овој локалитет ни овозможиле богат фонт на сознанија за животот на праисториските луѓе на овие простори.Со оглед на тоа што дното на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Олимп – планината на боговите

Олимп – планината на боговите

Планината Олимп – се издигнува до 2917 мнв и претставува највисока планина во Грција и втора по височина на Балканскиот полуостров. Позната е како дом на 12-те Олимписки богови од старогрчката митологија и се наоѓа на границата помеѓу Тесалија и Македонија, на околу 100 km оддалеченост од градот Солун. Во 1938 година е прогласена за прв национален парк во Грција. Морфологијата на планината се карактеризира со стрмни падини и остри врвови одделени со длабоки кањони, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, По Светот

Градот Крушево – одлична туристичка дестинација

13.04.2013  Крушево, градот на некогашната Крушевска Република се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Сообраќајно најдобро е поврзан со Прилеп (33 км), а од главниот град Скопје е оддалечен 170 км или околу 3 часа возење. Втората сообраќајна врска е на запад кон Кичево и кон Демир Хисар и Битола. За името на градот Крушево се верува дека е добиено по познатата колиба која селаните од разурнатите села Старо Дол, Тресеник, Селце и Бирино, ја … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: селото Галичник

8.04.2013 Селото Галичник се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, на југоисточните падини на планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион. Лежи на надморска височина од 1300-1600 м под карпестите сртови на врвот Говедарник кој е со височина од 2011 м. Името го добило според реката Галик, која тече близу Солун, но исто така постои друга легенда која вели дека е добиено според “дивите кокошки” – галици. Се смета дека селото Галичник е настанато уште … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

4.03.2013 Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

24.02.2013 Ако сте во Скопје, не пропуштајте во непосредна близина на центарот на градот да ги посетите Скопското Кале со панорамски погледи кон градот, Старата скопска чаршија со редица културно историски споменици, музеи и галерии, Соборната црква, Црквата Св. Богородица и др. Направете прошетка на Водно, ако не сте во можност да стигнете до врвот, не пропуштајте да стигнете барем до Средно Водно. Одтаму погледајтего Скопје, посететего манастирот Св. Пантелејмон, одморетесе во некој од угостителските објекти. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Селото Клисура и Долината на кактусите!

Селото Клисура и Долината на кактусите!

13.07.2012 Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад. Оттука, скршнувајќи кон запад и по уште 3 км асфалтен пат, се стигнува во самото село Клисура. На почетокот ќе ве „пречекаат“ сенките на илјадагодишните … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

11.07.2012 Во југоисточниот дел на нашата земја, на границата со Република Грција,  сместено е едно од трите македонски природни езера, Дојранското Езеро. Најниските делови на долината се исполнети со езерските води, кои се опкружени со ниски ридови. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина од 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: Водопади на планината Беласица

Викенд предлог: Водопади на планината Беласица

Беласица е планина во југоисточниот дел на Македонија во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток – запад со должина од над 70 км. Според морфолошката структура планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна. Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад. Струма на исток, Струмичка Котлина на север и Дојранска и Серската Котлина на југ. Според височината спаѓа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: Белица (Порече)

Викенд предлог: Белица (Порече)

Топонимот Белица  често пати се користи за именување на географските појави, меѓу кои особено се среќава при имeнување на населбите. Со ова име се именувани повеќе населби во Р. Македонија, како и во сосетството (Србија, Бугарија итн.). Денес во Р. Македонија со името Белица се среќаваат 4 селски населби, од кои две се среќаваат во Струшко, а по една во Кичевско и во областа Порече. Во оваа прилика ќе се запознаеме со Поречката Белица, која … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: село Плешенци

Викенд предлог: село Плешенци

11.04.2012 Селото Плешенци се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Гравитира кон градот Пробиштип од кој е оддалечено 3 км по возушна линија, односно 4,5 км по добар асфалтен пат. Од Скопје е оддалечено 111 км (преку Кратово), а нешто повеќе ќе возите доколку се одлучите да дојдете преку магистралата Велес-Свети Николе. Селото е од таканаречениот “збиен тип” и брои 112 куќи со 168 жители. (извор: http://www.probistip.gov.mk). Се наоѓа на 590 м.н.в. и има ориентација … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Смрдлива Вода-село Коњско

Смрдлива Вода-село Коњско

Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморска височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Го зафаќа просторот помеѓу врвовите Флора, Аџибарица, Белези и селото Коњско. Просторот располага со следниве атрактивно- рекреативни објекти: -минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целиот локалитет го добил своето име. Се нарекуваа така поради непријатната миризба на водата на „расипено јајце“. По својот хемиски состав се хидрокарбонатни, минерализирани, слабо кисели … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

21.03.2012 Селото Слепче се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместено е во источните падини на Илиница, огранок на Бигла, на 680 метри надморска височнина, опкружено со дабови шуми, недопрена природа и бистри води. Пријатната клима и чистиот воздух се вистински можности за одмор од градскиот метеж. Селото Слепче сообраќајно е многу пристапно и на само 4 км од Демир Хисар. Оддалеченоста од Скопје изнесува 175 км или околу 3 часа возење, а од Прилеп е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: Богомила

Викенд предлог: Богомила

26.01.2012 Село Богомила се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Сместено е во горното сливно подрачје на река Бабуна на надморска височина од околу 500 метри. Оваа ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и претставува вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи ливади и секако бистрите и брзи води на река … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог