Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Чудесна Македонија

Котлината на калинките станува „рударски (к)рај“

Котлината на калинките станува „рударски (к)рај“

23.04.2017 Валандовската Котлина се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од сите страни е ограничена со планини и тоа: Беласица, Градешка Планина, Плавуш, Погана, Кожуф и Марјанска Планина. Во геотектонски поглед, котлината претставува депресија ограничена со раседи кои се доста активни, па затоа има честа појава на земјотреси. Основата ја сочинуваат пре­камбриските, палеозојските и мезозојските комплекси, со протегање исток-запад, а преку нив има напласти на езерски – неогени седименти. Во поглед на релјефот, во Валандовската … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Уживајте во убавините на Струга

Уживајте во убавините на Струга

13.04.2017 Струга е мал град во југозападниот дел на Република Македонија, распространет на двата брега на реката Црн Дрим и на брегот на Охридското Езеро, со богата историја, култура и традиција. Тука секој посетител е добредојден. Луѓе со топло срце и широки насмевки ќе ве пречекаат за да ве запознаат со она со што тие се гордеат. Доколку сте љубители на култура и уметност, Струга ви нуди неколку институции кои од се срце би ви ги препорачале: Природно-научниот музеј … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

25.01.2017 Вештачките акумулации во Република Македонија почнале да се градат од далечната 1938 година кога е изградена првата акумулацијата Матка, западно од Скопје, пред вливот на река Треска во река Вардар, односно на излезот од кањонот Матка. Овој процес на градење на вештачки акумулации трае до денес, следејќи го трендот на потребите на човекот за менаџирање со водните ресурси како фундамент за негово опстојување, независно дали за заштита од поплави, искористување на хидроенергетскиот потенцијал, водоснабдување, наводнување, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Бисерот на Порече: Споменик на природата „Слатински Извор“

Бисерот на Порече: Споменик на природата „Слатински Извор“

24.12.2016 Според природата што ја има, еден од најинтересните простори во Македонија е долината на Слатинска Река – левата притока на Треска. Се наоѓа во областа Порече и територијално припаѓа на општина Македонски Брод. До долината се стигнува на неколку начини: преку регионалниот пат Скопје – Гостивар – Кичево – Македонски Брод (во должина од 160 km); преку Велес – Прилеп – с.Слатина (во должина од 190 km) и од Скопје преку заштитеното подрачје Јасен (во должина од 84 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

08.09.2016. Република Македонија иако е мала по својата територија (25.713 km2) има толку многу планини и планински ограноци што понекогаш е многу тешко да се одреди од каде започнува една, а каде завршува друга планина или планински огранок. Но, не секогаш сите планини и ограноци се претставени и презентирани, разбирливо се врши еден вид генерализација (селекција) се со цел читателот да не се доведе до забуна,  а воедно на поедноставен начин да се претстават планинските масиви. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

31.08.2016 Анска Река (во изворишниот дел Башибоска Река), настанува со спојување на реките Калдрма Дере и Чамдаш Дере, во близина на селото Башибос, па оттаму доаѓа и името на овој дел од реката. Името Анска Река доаѓа по тоа што во нејзиниот тек од XVIII и XIX век имало повеќе анови кои служеле за одмор на караваните кои патувале за Солун и Струмица. Бидејќи притоката Калдрма Дере има подолг водотек, се зема како изворно продолжение на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Откријте ги убавините на Преспа!

Откријте ги убавините на Преспа!

12.06.2016 Високи планини, котлина, езеро, остров. Синило, кое за момент ги засенува зелените површини и карпестите височини. Иако денес, ни одблиску не е она езеро кое го паметат постарите, тоа сeуште плени и повикува за посета. Денес, езерото е многу помало, а за тоа сведочат огромните песочни плажи, кои се спремни за уредување. Околните села, добро скриени за оние кои прв пат ќе ги посетат, само ја надополнуваат сликата која ќе ја добиете како прв впечаток. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

12.06.2016 На само 2 km југозападно од с. Миравци, на крајните источни падини на Кожуф, се наоѓа локалитетот “Пилоу лава (Pillow lava)”, кај месното население познато уште како и “Белиот Рај”. Појавата е на 185 m надморска височина, односно на вливот на Стара Река во Петрушка Река. Низ локалитет поминува локален пат што води од населбата Миравци до селото Петрово. На вливот на Стара Река во Петрушка Река, двете реки изградиле мали сатески со кањонски карактер со висина од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Пештерата Су Кујусу

Пештерата Су Кујусу

25.04.2016 Во југоисточниот дел на Р. Македонија над селото Севендекли (општина Дојран) под врвот Боскија 720 м.н.в., се наоѓа пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“. До самиот отвор на пештерата не води никаква патека, а и самиот пештерски отвор е делумно сурнат па влегувањето е отежнато. Пештерата досега не била истражувана па затоа не е евидентирана во научната литература. Во јануари оваа година од моја страна заедно со тим од планинарското друштво „Југ“ беа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Пештера Пешна, Македонски Брод – убавина што ќе ве остави без зборови

Пештера Пешна, Македонски Брод – убавина што ќе ве остави без зборови

9.04.2016 Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многу голем дел од нас и не слушнале. Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна. Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

На само 10 km од Валандово веднаш до селото Прстен се наоѓаат три прекрасни водопади. Претставуваат ерозивни водопади, а се формирани како резултат на нееднаквото вертикално всекување на Прстенска Река во филитите и песочноците. Првиот Водопад е со висина од 16,5 m, а го сочинуваат два вертикални одсека. Првиот е со висина од 5,5 m и уште еден одсек со висина од 11 m. Двата вертикални одсека се поделени со џиновски лонец, а заедно сочинуваат една … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Колку изнесува „водната“ површина на Македонија?

Колку изнесува „водната“ површина на Македонија?

12.11.2015 Пред неколку дена добивме интересно прашање: колку точно изнесува површината на водните објкети во Република Македонија. Барајќи по географската и друга литература, произлезе дека на ова прашање воопшто не е лесно да се одговори. Имено, првин треба да се дефинира што се опфаќа „водната површина“ на нашата држава. Во некои истражувања и пресметки, опфатени се само големите природни езера, во други, малку подетални, земени се во предвид поголемите вештачки езера, а во најдеталните анализи и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Орваница – една од бројните исчезнати селски населби во Кумановската област

Орваница – една од бројните исчезнати селски населби во Кумановската област

3.07.2015 Околу уситието на реката Бистрица во Пчиња, недалеку од денешното село Коинце, постоела мала населба Орваница. Пред крај на турското владеење, Орваница била чифлик. Според Ј. Трифуновски, сопственици на чифликот биле албанци („арбанаси“), т.е. браќата Ајвас, Асан и Шабан. Тие потекнувале од кумановското село Сушево. Чифликот во Орваница го основал таткото на споменатите браќа, Дели Афз околу средината на 19 век, кога според кажувањата грабнал девојка од селото Пелинце и ја исламизирал, а воедно си ги присвоил селските … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

За исчезнатото село Бислим кај Куманово

За исчезнатото село Бислим кај Куманово

30.06.2016 Бислим била мала претежно сточарска населба. Се наоѓала на варовничка подлога на надморска височина од околу 350 м помеѓу соседните села Пчиња на југ и Доброшане на север, од десната страна на реката Пчиња. Бислим било мало македонско село. Имало посебен атар со големи пасишта, мали ниви и шума. Во пописот на населените места од Нагоричка нахија е заведен како Бисли. Според пописниот дефтер од 1519 година селото бројало 11 христијански семејства и 4 неженети, а … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Винскиот туризам во Општина Неготино

Винскиот туризам во Општина Неготино

26.01.2015 Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија се смета како III-C-b зона за одгледување винова лоза и ги усвои енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона. Основна карактеристика на оваа зона е дека вината може да имаат ацидификација, но не да се збогатуваат, што кореспондира со законодавство и сегашна пракса на производство на вино во земјата.Тиквешкиот регион како најголем е со доста голем број на лозови насади, како и винарии. Општина Неготино … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

3.01.2014 Кога Евлија Челебија го посетил овој манастир, рекол дека е “најубав манастир во земјата на манастирите”. Ова верско светилиште се наоѓа во еден живописен предел на околу 500 м надморска височина, на планината Плавуш, на само 2 км северозападно од Валандово. Расположено е во тишината и спокојот на природата, на чија убавина највеќе се воодушевува окото на намерникот, на љубопитникот. Во средниот век, на овој простор постоела мошне убава црква посветена на Свети Ѓорѓи, од која … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Гевгелија – македонскиот Лас Вегас!

Гевгелија – македонскиот Лас Вегас!

18.11.2014 Гевгелија се наоѓа на 3 километри од грчката граница и на само 70 километри од Солун. Со околу 16 000 жители, овој град во моментов е со највисока вработеност во Македонија – има само околу 18% невработени. Овој процент е пред се поради отворањето на повеќето казина и хотели во градот, како и малите мешовити компании со странските партнери, најчесто грчки државјани. Казината се посебен белег на Гевгелија во последните 30 години. Иако порано важеше за земјоделски … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Вевчанските природни планински езера

Вевчанските природни планински езера

Планината Јабланица (Црн Камен, 2257 m) се наоѓа во крајниот југозападен дел на Р.Македонија, односно северозападно од Охридскиот Басен, помеѓу Охридската и Дебарската Котлина. Во рамките на границите на нашата држава се наоѓаат источните делови на истоимената планина, а нејзините западни делови припаѓаат во границите на соседната Р.Албанија. На источната страна на оваа наша убавица, покрај многубројните природни карактеристики и реткости со кои изобилува, се наоѓа и населбата Вевчани во чиј атар се наоѓаат повеќе значајни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија