Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни

Интересна дводневна теренска настава низ Бугарија

Интересна дводневна теренска настава низ Бугарија

23.05.2015 На 19 и 20 мај оваа година, со студентите од насоката ГИС на Институтот за географија, беше изведена интересна дводневна теренска настава низ Република Бугарија. За релативно краток временски период, беа посетени повеќе места и разгледани интересни пејсажи и предели низ западниот дел на оваа соседна држава. Првиот ден започна со патување од Скопје, преку Штип и Делчево до Благоевград. По кратка пауза се продолжи до уникатниот Рилски Манастир на западните падини на планината Рила, а потоа до познатиот зимско-спортски … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Уште една заедничка активност на Институтот за географија и NOKIA – HERE

Уште една заедничка активност на Институтот за географија и NOKIA – HERE

21.09.2014 На 17 септември 2014 во склоп на соработката помеѓу Институтот за географија и регионалното претставништво на светскиот гигант HERE-NOKIA во Софија, беше одржана обука за ГПС базирано картирање на патната мрежа и точките од интерес во Охрид и околината. Обуката беше наменета за студентите од насоката Географски информациски системи, под раководство на Доцент д-р Свемир Горин (ПМФ) и г-дин Александар Тодоров (HERE-NOKIA). На студентите најнапред им беше презентирана најсовремена опрема за ГПС базирано картирање на патната … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Теренска настава во метеоролошкиот центар Ѓуриште кај Св. Николе

Теренска настава во метеоролошкиот центар Ѓуриште кај Св. Николе

22.06.2014 На ден 07.05.2014 година беше изведена еднодневна теренска настава за потребите на студентите од Институтот за географија, Наставна насока, Географски Информациски Системи и Демографија. Патувањето се одвиваше на релација Скопје – Ѓуриште – село Горобинци – Свети Николе – Скопје. Најпрво беше посетена метеоролошката станица на Ѓуриште (851мнв), возвишение со два благо издигнати рида, кај народот познати како Горно и Долно Градиште, а под врвот лежат селата Горобинци и Трстеник – на југ, Сопот – на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Практична настава со посета на луксузниот хотел и касино комплекс Принцес Рамада во Гевгелија

Практична настава со посета на луксузниот хотел и касино комплекс Принцес Рамада во Гевгелија

22.06.2014 Во месец март, во организација на Институтот за Географија при Природно – математичкиот факултет од Скопје беше изведена еднодневна теренска настава за студентите од насоката Туризам. Патувањето се одвиваше на релација Скопје – Гевгелија – Скопје. Целта на оваа теренска настава беше посета на еден од најрепрезентативните и веројатно најлуксузни хотелски објекти во Македонија, Princess Hotel & Casino, Ramada Plaza (Хотел и Казино Принцес Рамада) во Гевгелија. Овој хотел е дел од огромната корпорација Принцес … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Изведена интересна тридневна (26-28.03.2014) теренска настава низ Бугарија

Изведена интересна тридневна (26-28.03.2014) теренска настава низ Бугарија

30.03.2014 Во рамките на претходно планираните активности, на 26, 27 и 28.03.2014 година, со студентите на Институтот за географија – насока ГИС (Географски информациски системи), беше изведена тродневна теренска настава низ Република Бугарија. Релацијата на теренската настава беше Скопје-Софија-Пловдив-Пампорово-Рожен-Велинград-Банско-Благоевград-Скопје. Главна цел беше посета на неколку врвни институции во Бугарија кои се занимаваат со проблематиката на ГИС, ГПС технологии, далечинска детекција, сателитски снимки и друго. Првиот ден беше посетен Институтот за космички истражувања и технологии (ИКИТ) во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Успешно реализирана теренска настава низ Демиркаписката Клисура

Успешно реализирана теренска настава низ Демиркаписката Клисура

14.11.2013 На 07.11.2013 год. беше изведена традиционалната еднодневна теренска настава низ Демиркаписката Клисура со студенти од II година на Наставната насока и студенти од I-година на насоката од Географски Информациски Системи (ГИС) на Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Групата од студенти и професори во 8 часот се упатија кон Демир Капија (на турски: Железна Порта) по автопатот Е-75. Попатно беше посетен кастелот на реката Пчиња каде што проф. д-р Драган Колчаковски им објаснуваше на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Уште една одлично изведена теренска настава на Институтот за географија

Уште една одлично изведена теренска настава на Институтот за географија

16.05.2013 На 14 и 15 мај беше изведена традиционалната теренска настава со студентите од четврта година на Институтот за географија, наставна насока. За време на дводневната теренска настава, првин беше посетено Мариово, доста интересен простор (котлина) во Република Македонија, на кој во последите децении му се посветува се помалку внимание. Студентите беа запознаени со природните карактеристики и богатства на Мариово, но и со лошата демографско-стопанска состојба на овој некогаш многу поактивен регион. По Мариово, групата се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Успешно изведена географска теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово

Успешно изведена географска теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово

27.04.2013 На 26 април 2013 година, со студентите од прва година наставна насока и прва и втора година насока ГИС при Институтот за географија – ПМФ во Скопје, беше изведена еднодневна теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово. Оваа клисура на реката Пчиња е долга околу 6.5 км и длабоко всечена во варовнички карпи. Посебно е  интересна бидејќи на мал простор можат да се видат разновидни геолошки, релјефни, хидрографски, биогеографски и други појави, а некои од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Успешно одржани државните натпревари по географија

Успешно одржани државните натпревари по географија

15.04.2013 На 13-ти април во организација на Македонско географско друштво по 34–ти пат се одржаа државните натпревари по географија. Настанот се одвиваше во Скопје, а со гостопримливоста не удостои СУГС „Лазар Танев“, кое и во годините наназад беше домаќин на неколку натпревари на ниво на Скопскиот регион. Се натпреваруваа 170 натпреварувачи од основните и средните училишта од цела Македонија. Заедно со нив беа нивните наставници ментори, родители, љубители на географијата, со што овој значаен географски настан собра … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Теренска настава до с.Богомила и околниот простор

Теренска настава до с.Богомила и околниот простор

7.04.2013 Во среда, на 3 април 2013 година, со студентите од прва година на наставна насока, ГИС и демографија на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, беше изведена еднодневна теренска настава до с. Богомила. Теренската настава, организирана во рамките на наставниот предмет Картографија, се одвиваше во дел од сливот на реката Бабуна кај селото Богомила, поточно на ридот Анот (476 м н.в.). Целта беше студентите да се запознаат со видовите на ориентација, разните начини … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

„Попис на врвовите во Република Македонија“ од Илија Петрушевски

„Попис на врвовите во Република Македонија“ од Илија Петрушевски

26.02.2013 Во декември 2012 година од печат излезе книгата „Попис на врвовите во Република Македонија“. Автор на книгата е Илија Петрушевски, дипломиран географ и доаен на македонската историска картографија. Содржинaта на книгата е рецензирана од универзитетскиот професор д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во првиот дел на книгата даден е општ преглед на планините во Република Македонија и нивниот просторен распоред. Во воведниот дел, авторот планините во Република Македонија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Теренска настава до Белград и планината Златибор

Теренска настава до Белград и планината Златибор

29.11.2012 Во периодот од 15 до 17.11.2012 година, со студентите од Институтит за географија – прва и втора година на насоката туризам, се реализира теренска настава на територијата на Република Србија. За време на теренската настава беа посетени повеќе локалитети кои имаат значајна улога за развојот на туризмот. Студентите се запознаа со карактеристиките и туристичките вредности на прекрасната планина Златибор, ги посетија етно селото во Сирогојно, Златибор, Дрвен Град и Мокра Гора. Исто така беше посетен и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Посета на Географскиот факултет во Белград и теренска настава низ Војводина

Посета на Географскиот факултет во Белград и теренска настава низ Војводина

11.05.2012 Соработката помеѓу Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и  Географскиот факултет од Белград продолжи и оваа година. Студентите од прва и втора година на студиите по демографија заедно со професорите проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, доц. д-р Билјана Апостоловска Тошевска, проф. д-р Ивица Милевски и Анита Тодорова во периодот од 6 до 9 мај оваа година беа гости на Катедрата за демографија при Географскиот факултет во Белград. Во улога на домаќини беа проф. д-р … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

GEOREGNET ЛЕТНО УЧИЛИШТЕ ВО ПРЕШОВ, СЛОВАЧКА

GEOREGNET ЛЕТНО УЧИЛИШТЕ ВО ПРЕШОВ, СЛОВАЧКА

30.04.2012 Од неодамна, Институтот за географија стана официјален партнер во CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) програмата за соработка (како дел од GEOREGNET мрежата) каде е предвидена можност за размена на студенти и наставен кадар. Како партнер има можност свои студенти да кандидира за посета и престој на некои од летните училишта кои се организираат согласно програмата за работа. Оваа година, четвртото по ред GEOREGNET летно училиште ќе се организира од 3 до 16 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Наставни

Едукативни географски предавања за учениците од основните училишта во Битола

Едукативни географски предавања за учениците од основните училишта во Битола

4.03.2012 Регионалното географско друштво Геосфера од Битола во месец декември 2011 год. реализираше едукативни предавања и работилници од популарни географски теми за надарените ученици од регионот. Предавањата се одржаа во просториите на Гимназијата Јосип Броз-Тито од Битола, на кои присуствуваа и дел од наставниците по географија. Три недели по ред 50 ученици од 10 основни училишта од регионот се дружеа со географијата и ги проширија своите знаења од областа на следниве теми: Вулкани на Земјата – предавач … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

КОНТРАДИКТОРНО ОБРАЗОВАНИЕ

КОНТРАДИКТОРНО ОБРАЗОВАНИЕ

25.12.2011.  Автор: д-р Благоја Маркоски Неодамна медиумски беше прикажано како некои високо образовни струки во Република Македонија се суфицитарни, така што за некои беше предложено да се затворат, мируваат или да работат редуцирано со помал број студенти. Ќе биде голема неправда и антинационално, ако струки од национален интерес како на пример македонски јазик, географија и историја, па дури и било која друга струка да се редуцира. Ова од аспект што се судира со концептот: сите во средно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни, Отворено...

Теренска настава-прирачник по географија

Теренска настава-прирачник по географија

Во септември 2011 година, од печат излезе прирачникот по географија Теренска настава. Автори на учебникот се универзитетските професори д-р Никола В. Димитров, доцент на Факултетот за бизнис и логистика при Универзитетот Гоце Делчев и проф. д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија-ПМФ, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Издавач на прирачникот е ГЕОМАП од Скопје. Ова е прв прирачник кој во целост ги запознава и води наставниците по географија, во теориските и практичните вештини … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни