Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Дарко Стојчески"

10 – те најголеми езера во светот

10 – те најголеми езера во светот

Често пати сме се запрашaле кои се најголемите езера во светот, каде се наоѓаат и колку всушност  се големи тие езера? Во оваа статија ќе се обидам да дадам одговор на овие прашања. Во продолжение следува листа на 10-те најголеми езера во светот. Во листата покрај слатководните езера, опфатени се и солените езера. Најголемо езеро во светот е Каспиското езеро, по него редоследот е следен: Горно Ез. (Северна Америка), Ез. Викторија (Африка), Ез Хјурон (Сев. … Read entire article »

Filed under: На тема

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

По првиот дел од размената во Белград, кој се одржа во периодот од 16.02.2012 до 19.02.2012, раководството на ИЗСГ Природник на 22.02.2012 закажа редовен состанок, целта на овој состанок беше да се замисли прелиминарна програма за вториот дел на размената во Скопје. Покрај тоа што беше предложена програма, на состанокот беше договорен нов состанок (28.02.2012), до кој си поставивме цел, предложената програма да стане реалност. Максимално ангажирани остварувањето на замислената програма стануваше реалност. Така брзо … Read entire article »

Filed under: Природник...

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

23.02.2012 По точно една година ИЗСГ Природник – ЕГЕА Скопје повторно учествува во размена на студенти. Се работи за jубилејна петта размена, за прв пат со ЕГЕА Белград. Размената е замислена во два дела, прв дел во Белград (16/19.02.2012), а вториот дел во Скопје (01/04.03.2012). До сега е завршен само првиот дел во Белград, па така во оваа прилика ќе се обидеме да ве запознаеме во тој дел. Имено во размената учествуваат по 8 студенти од Македонија … Read entire article »

Filed under: Природник...

Аралско Езеро – некогаш и денес

Аралско Езеро – некогаш и денес

Често пати Аралското езеро е нарекувано уште како и Аралско море, но овој термин  е погрешен бидејќи  под езеро се подразбира секоја затворена водена површина, без разлика дали се работи за солена вода. Името на ова езеро потекнува од туркменстанскиот збор ,,Aral“, што во превод значи ,,остров“.Лоцирано е во југозападните делови на средна Азија,  територијално е поделено помеѓу Казахстан и Узбекистан. Се наоѓа на надморска височина од 52 метри и од соседното Касписко езеро е … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Салаковски Езера – Горските очи на Јакупица

Салаковски Езера – Горските очи на  Јакупица

Во централниот дел на Република Македонија, се наоѓа еден од најубавите планински масиви во нашата земја. Масивот Јакупица, познат уште како и масив Мокра се состои од повеќе планински целини: Јакупица лоцирана во централниот и источниот дел (Солунска Глава 2.540 м), Даутица (2.179 м) кон југозапад, Караџица  (2.472 м) на севорозапад, Сува Планина продолжение на Караџица во северен правец, Шашковица кон североисток и Голешница на исток. Вака широко распостранет масивот Јакупица изобилува со многу природни … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа, се наоѓа во рамки на Индонезија, сместен помеѓу островите Суматра и Јава т.е. на малиот  – Сундски Архипелаг. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, по која се издвојува како посебен тип на вулкан. Покрај продукцијата на лава и гасови, работата на овој вулкан се одликува со силни експлозии, проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Имено неговата активност е поврзана со субдукцијата … Read entire article »

Filed under: По Светот

7 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

7 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

Се започна во учебната 2003/2004 година кога група на студенти од 4-та година, помогнати од професори и асистенти од Институтот за Географија, одлучија да формираат друштво на студенти географи.  На првиот состанок (15.03.2004) од страна на 9 студенти-географи (Арсова.А, Колев.М, Ангеловска С, Јовановска Е, Петров З, Петковски Т, Николиќ А, Тасков А и Јовевска Н.) одлучено е друштвото да се именува како ИЗСГ ПРИРОДНИК (истражувачко здружение на студенти географи – Природник), чие седиште ќе биде … Read entire article »

Filed under: Природник...

EGEA – Европска Географска Асоцијација

EGEA – Европска Географска Асоцијација

Европска Географска асоцијација (EGEA), која претставува географска мрежа на студенти и млади географи од Европа, создадена со цел за размена на знаења од областа на Географија. За да се постигне оваа цел, ентитетите од EGEA организираат повеќе средби: конгреси, размени на студенти, национални викенди, екскурзии и сл. Како дел на оваа размена на знаења спаѓа и научното списание ,,Европски Географ” кое се објавува еднаш годишно. Но секако главната комуникациска платформа на оваа асоцијација е веб-сајтот … Read entire article »

Filed under: Природник...

Нов земјотрес во Турција

Нов земјотрес во Турција

Оваа седмица, Турција повторно беше изложена на потреси. Во серијата нови земјотреси што ја погодија Источна Турција особено трагичен беше земјотресот што се случи во средата (09.11.2011). Овој земјотрес ја погоди провинцијата Ван, неговиот интензитет инесува 5,6 степени според Рихтеровата скала, а додека неговиот епицентар е регистриран северозападно од градот Ван (367.000 жители) т.е.  во околината на градчето Едремит.  Последиците од овој земјотрес се нови 25 урнати згради и над 30 загинати, меѓу кои има … Read entire article »

Filed under: Географски вести