Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Search Results for "пештера"

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

29.09.2018 Пештерата Гулабарница или Голубарница (Голубарник), се наоѓа во заштитеното подрачје „Споменик на природата – Беличка Река“. Заштитената зона се проститра во сливот на реката Белешница односно Беличка Река, поточно истата се наоѓа на атарот на селото Белица во областа Порече (општина Македонски Брод). Имено, овој споменик на природата е погрешно именуван како „Белешничка Река“, а всушност месното население за реката ги користи народните топоними Белешница или Беличка Река, но во никој случај не се среќава … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Кристалната Пештера во Дебар

Кристалната Пештера во Дебар

17.2.2018 На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера. Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали. Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Шаркова Дупка – мала, но интересна туристичка пештера кај с. Маврово

Шаркова Дупка – мала, но интересна туристичка пештера кај с. Маврово

4.02.2017 Пештерата Шаркова Дупка се наоѓа во националниот парк Маврово, во близина на последните куќи од селото Маврово. Од асфалтниот пат, до влезот во пештерата има неколку минути пешачење по безбедна патека со скалила. Пештерата е уредена за посета на туристи, а заради заштита на нејзината раскошна внатрешност, на влезот е изѕидан дел со метална врата. Пред влезната врата е поставена инфо-табла со скица и основни информации за пештерата. Инаку, откриена е пред повеќе децении од страна … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Постојнска Јама – волшебната пештера

Постојнска Јама – волшебната пештера

5.08.2016. Постојнска Јама или пештерата Постојна се наоѓа во југозападниот дел на Република Словенија, во самата близина на градот Постојна. Пештерата има поволна географско – сообраќајна положба, бидејќи е лоцирана во непосредна близина на железничката пруга и автопатот E 61, кој води од Љубљана кон Копер. Пештерата Постојна претставува сложен пештерски систем формиран од четири пештери, Постојнска Јама, Пивка Јама, Црна Јама и Магдаленска Јама. Во геолошки поглед пештерата е формирана вдолж два раседа. Од една страна … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, По Светот

Пештерата Су Кујусу

Пештерата Су Кујусу

25.04.2016 Во југоисточниот дел на Р. Македонија над селото Севендекли (општина Дојран) под врвот Боскија 720 м.н.в., се наоѓа пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“. До самиот отвор на пештерата не води никаква патека, а и самиот пештерски отвор е делумно сурнат па влегувањето е отежнато. Пештерата досега не била истражувана па затоа не е евидентирана во научната литература. Во јануари оваа година од моја страна заедно со тим од планинарското друштво „Југ“ беа … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Пештера Пешна, Македонски Брод – убавина што ќе ве остави без зборови

Пештера Пешна, Македонски Брод – убавина што ќе ве остави без зборови

9.04.2016 Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многу голем дел од нас и не слушнале. Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна. Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Киселичка Пештера и нејзините тајни!

Киселичка Пештера и нејзините тајни!

13.07.2015 Во близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. Така, југоисточно од Делчево, кај село Град е 24 м долгата пештера Коњска Дупка која се смета за најисточна пештера во нашата држава. На североисток од Делчево пак, кај с. Киселица е нешто подолгата и поинтересна пештера, која месното население ја нарекува Киселичка Пештера или Киселичка Дупка. До пештерата се доаѓа преку асфалтниот пат кој води до с. Киселица, … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Коњска Дупка, најисточната пештера во Република Македонија

Коњска Дупка, најисточната пештера во Република Македонија

12.07.2015 Во непосредна близина на селото Град, кое е на 7 км југоисточно од градот Делчево, се наоѓа кратката пештера Коњска Дупка. Според досегашните сознанија, таа е најисточната пештера во Република Македонија. Изградена е во варовнички карпи кои се појавуваат на мала површина веднаш покрај селото Град. До пештерата се доаѓа по добар земјен пат, кој почнува од центарот на селото и води кон североисток по Градечки Дол. По само 400 м од почетокот на патот, се … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Посета на прекрасната пештера Леденика во Бугарија

Посета на прекрасната пештера Леденика во Бугарија

29.05.2015  Пештерата Леденика е една од најубавите пештери и една од најпознатите туристички дестинации во Бугарија. Леденика се наоѓа на 16 км југозападно од градот Враца (60 км северно од Софија), на едно високо карстно плато на 830 м н.в. Оваа пештера е специфична поради температурите, кои од сезона во сезона се различни. Во лето достигнуваат температура до -5 степени Целзиусови, додека во зима може да достигнат и до -20 степени, а влажноста се искачува и над 90%. Во пештерата Леденика … Read entire article »

Filed under: На тема

Шондонг – најголемата пештера во Светот!

Шондонг – најголемата пештера во Светот!

20.09.2013 Пештерата Шондонг (Son Doong) се наоѓа длабоко во џунглите на Виетнам, на границата со Лаос. Таа во 1991 година случајно била пронајдена од локален жител и неодамна е прогласена за најголема пештера која воопшто е откриена. Никој до сега не можеше да претпостави дека на нашата Земјина топка постои нешто што е толку многу големо, во кое можат да се сместат цели облакодери и градски квартови. Познати Британски истражувачи во 2009 година ја истражуваа пештерата Шондонг … Read entire article »

Filed under: По Светот

Пештерата Бела Вода кај Демир Капија, една од најдолгите во Македонија

Пештерата Бела Вода кај Демир Капија, една од најдолгите во Македонија

13.05.2013 Убавините на Демиркаписката Клисура претставуваат вистинска атракција за туристите кои се вчудоневидени од творештвото на природата, прекрасните карпи, кањонот на Иберлиската Река која се влева во реката Вардар, прекрасната флора и фауна. За развојот на туризмот секако придонесуваат природните раритети на овој регион, односно спелеолошките појави кои се создадени во варовничките маси на клисурата. Во Демиркаписко има голем број пештери. Беловодица, Горни и Долни Змејовец се само дел од бисерите на овој крај кои на … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Пештерата Убавица, една од најубавите во Македонија

Пештерата Убавица, една од најубавите во Македонија

15.09.2012 „Убавица“ или Ѓоноичка пештера се наоѓа во непосредна близина на гостиварското село Горна Ѓоновица. За да се дојде до неа, треба да се минат петнаесетина километри по стариот макадамски пат Гостивар – Кичево, а потоа педесетина метри над патот е влезот на овој бисер на подземните убавини. Во почетокот на шеесеттите години на минатиот век (1962 – 1966) д-р Душан Манаковиќ, професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, со група вљубеници во подземните … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Во Словенија откриена пештера дури 5 км подолга од Постојнска Јама!

Во Словенија откриена пештера дури 5 км подолга од Постојнска Јама!

3.09.2012 Меѓународна група научници и студенти, неодамна под планината Толмински Миговец во Словенија откри пештера која по својата должина значително ја надмаши Постојнска Јама – една од најголемите и најубавите пештери во Европа. Полни 18 години тимот на британскиот Imperial College Caving Club заедно со членовите на спелеолошката секција на планинарското друштво Толмин, истражуваа два пештерски система: Миговец и Вртнарија. Меѓутоа на 13 август истражувачите открија дека двете пештери се поврзани и претставуваат огромен подземен систем долг … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Неверојатната Кристална пештера во Мексико

Неверојатната Кристална пештера во Мексико

12.06.2012 Пештерата на кристалите или Пештерата на џиновските кристали (Cueva de los Cristales) е пештера поврзана со рудникот Најка (Naica), на длабочина од 300 метри кај градот Најка во провинцијата Чивава, Мексико. Откриена е во 2000 година од страна на рудари кои пробивале рударско окно во потрага по олово. Пештерата е долга неколку стотици метри и има полукружна форма (форма на потковица). Главната пештерска сала содржи џиновски кристали на гипс, а некои од нив се најголемите … Read entire article »

Filed under: По Светот

Пештерата Коритиште една од најубавите и најдлабоките подводни пештери во светот

Пештерата Коритиште една од најубавите и најдлабоките подводни пештери во светот

Подводната пештера Коритиште е лоцирана во каноњот Матка од десната страна на реката Треска, во близина на градот Скопје. Пештерата е систем од пештери, една над водата и друга под водата и езеро. На таванот е дожд од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодуушевуваат столбовите близнаци кои се високи одолу 6 метри и се со кристална бела боја. Во длабочината се наоѓаат две езера, Мало и Големо езеро со својата таканаречена Руска плажа. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Лишков Пештер – најубавата пештера во Кумановско…

Лишков Пештер – најубавата пештера во Кумановско…

21.11.2011. Автор: д-р Ивица Милевски. Во Кумановската област, до денес се регистрирани и истражени неколку мали пештери изградени во варовници или мермери, меѓу кои има и неколку поинтересни. Во таа смисла посебно внимание заслужува пештерата Лишков Пештер, долга само околу 60 метри, која подетално е истражувана во периодот 1995-1998 година. Лишков пештер, се наоѓа во средишниот дел на кратката Бислимска Клисура, на околу 6 км јужно од Куманово (кај ридот Краста), во делот каде реката Пчиња силно … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Пештера Пешна

Пештера Пешна

Неколку километри од Македонски Брод, покрај патот за Самоков, може да се види од автомобил влезот на пештерата Пешна. Пештерата е прогласена за споменик на природата: „Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.“ Мистеријата на реката – За локалните мештани „врутокот“ е реката Пешна, понорница, која според извесни теории е Крапската … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Инсерти од теренската настава низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, реализирана во јуни 2019 година

Инсерти од теренската настава низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, реализирана во јуни 2019 година

21.06.2019 Последната реализирана теренска настава за студентите од Институтот за географија се реализираше на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Просторни целини кои се одликуваат со несекојдневна убавина и автентичност. Првата дестинација која се посети беше туристичкиот бисер на Хрватска, градот Дубровник, препознатлив по стариот дел на градот и автентичните тесни и скалести улички, кои ја зголемуваат естетската вредност на оваа луксузна туристичка дестинација на Јадранот. Покрај другото, Дубровник е препознатлив и по снимањето на … Read entire article »

Filed under: Наставни

Ивица Милевски – кратка биографија

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ: Д-р Ивица Милевски е професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) на Универзитет „Св. Китрил и Методиј“ во Скопје. Роден е во Куманово на 12.02.1972 година. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Во 1995 година дипломирал на Институтот за географија при ПМФ. Следната година, на истиот институт се запишал на постдипломски студии – насока просторно планирање и магистрирал во 2001 година. Докторирал на ПМФ во 2006 година на тема „Геоморфологија на Осоговскиот планински масив“, со што се стекнал со титула доктор на географски науки. Во 1996 година, Ивица Милевски е примен како стручен соработник на Институтот за географија при ПМФ. Во 1999 година е избран во звањето помлад асистент, а во 2002 година, по магистрирањето, е избран во звањето асистент. Во овој период изведува вежби од … Read entire article »

Filed under:

Проф. д-р Драган Колчаковски – по повод 60 години од животот

Проф. д-р Драган Колчаковски – по повод 60 години од животот

31.10.2018 Вистинска чест и задоволство е да се пишува за проф. д-р Драган Колчаковски, редовен професор на Иститутот за географија при Природно-математички факултет во Скопје, по повод 60 години од неговиот живот и во последните децении еден од водечките геоморфолози во југоисточниот дел на Европа. Проф. д-р Драган Колчаковски е роден на 23 јуни 1958 година во Скопје. Во 1982 го­дина, со дипломската работа „Природно-географски карактеристики на Кадина Ре­ка“, под менторство на Проф. д-р Душан Манаковиќ, дипломира … Read entire article »

Filed under: Наставни

Advertisment ad adsense adlogger