Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Search Results for "пештера"

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Интересна дводневна теренска настава низ Бугарија

Интересна дводневна теренска настава низ Бугарија

23.05.2015 На 19 и 20 мај оваа година, со студентите од насоката ГИС на Институтот за географија, беше изведена интересна дводневна теренска настава низ Република Бугарија. За релативно краток временски период, беа посетени повеќе места и разгледани интересни пејсажи и предели низ западниот дел на оваа соседна држава. Првиот ден започна со патување од Скопје, преку Штип и Делчево до Благоевград. По кратка пауза се продолжи до уникатниот Рилски Манастир на западните падини на планината Рила, а потоа до познатиот зимско-спортски … Read entire article »

Filed under: Наставни

Македонија – туристички бисер, туристички потенцијали и културно-историски знаменитости

Македонија – туристички бисер, туристички потенцијали и културно-историски знаменитости

22.06.2014 Осврт кон делото: „Македонија – туристички бисер, туристички потенцијали и културно-историски знаменитости“ од авторите: Благоја Маркоски, Ратомир Грозданоски, Тодор Чепреганов и Дејан Д. Николовски, 2013. Добитник на Државната награда „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ за 2014 г. за значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. Во април 2013 година, под авторство на проф. д-р Благоја Маркоски, проф. д-р Ратомир Грозданоски, проф. д-р Тодор Чепреганов и Дејан Д. Николовски, од печат излезе енциклопедиското издание, делото „МАКЕДОНИЈА-ТУРИСТИЧКИ БИСЕР“, туристички потенцијали … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Успешно реализирана теренска настава низ Демиркаписката Клисура

Успешно реализирана теренска настава низ Демиркаписката Клисура

14.11.2013 На 07.11.2013 год. беше изведена традиционалната еднодневна теренска настава низ Демиркаписката Клисура со студенти од II година на Наставната насока и студенти од I-година на насоката од Географски Информациски Системи (ГИС) на Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Групата од студенти и професори во 8 часот се упатија кон Демир Капија (на турски: Железна Порта) по автопатот Е-75. Попатно беше посетен кастелот на реката Пчиња каде што проф. д-р Драган Колчаковски им објаснуваше на … Read entire article »

Filed under: Наставни

Туристичко вреднување (валоризација) на Вевчани

Туристичко вреднување (валоризација) на Вевчани

Овој текст претставува еден обид за валоризација на туристичките можности на Вевчани. Вредно е да се напомене дека за истиот постои реална можност за негово посеопфатно проширување и надополнување, но сепак, овој текст може да послужи како добра основа за некои погледи во понатамошниот развој на туризмот. Вевчани е населба која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Неговите координати се: 41° ۫ 14′ 25″ N, 20° ۫35‘ 35“ E. Распослано е на падините на планината … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема

Хидрогеолошко трасирање на карстниот извор Слатински Извор

Хидрогеолошко трасирање на карстниот извор Слатински Извор

3.06.2013 Изворот Слатински Извор е лоциран околу 15 км од Македонски Брод, во атарот на село Слатина. Претставува карстен извор кој истекува од влезот на најдолгата пештера во Р. Македонија-Слатински Извор. Во геолошки поглед се наоѓа во прекамбриумски мермери, во тектонската единица Пелагониски-хорст антиклинориум. Овој извор претставува типичен карстен извор чија издаштост варира во зависност од врнежите и површинската хидрографија. Така неговиот максимум е во мај, а во периодот јули-септември пресушува. Во непосредната околина на изворот … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Уште една одлично изведена теренска настава на Институтот за географија

Уште една одлично изведена теренска настава на Институтот за географија

16.05.2013 На 14 и 15 мај беше изведена традиционалната теренска настава со студентите од четврта година на Институтот за географија, наставна насока. За време на дводневната теренска настава, првин беше посетено Мариово, доста интересен простор (котлина) во Република Македонија, на кој во последите децении му се посветува се помалку внимание. Студентите беа запознаени со природните карактеристики и богатства на Мариово, но и со лошата демографско-стопанска состојба на овој некогаш многу поактивен регион. По Мариово, групата се … Read entire article »

Filed under: Наставни

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

 Од 13 до 18 април 2013 година, се одржа првиот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана. Станува збор за шесттатаразмена на студенти на која организатор е ,,ИЗСГ Природник‘‘ (Егеа Скопје), по втор пат во соработка со студенти од Љубљана.  Претходно,  ,,Егеа Скопје‘‘ има организирано размени со Нови Сад (2005 и 2010/11), Загреб (2005/06), Љубљана (2009) и Белград (2012).  Имено, на сегашната размена учествуваа вкупно 12 студенти, по 6 од Македонија … Read entire article »

Filed under: Природник...

Успешно изведена географска теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово

Успешно изведена географска теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово

27.04.2013 На 26 април 2013 година, со студентите од прва година наставна насока и прва и втора година насока ГИС при Институтот за географија – ПМФ во Скопје, беше изведена еднодневна теренска настава низ Бислимска Клисура кај Куманово. Оваа клисура на реката Пчиња е долга околу 6.5 км и длабоко всечена во варовнички карпи. Посебно е  интересна бидејќи на мал простор можат да се видат разновидни геолошки, релјефни, хидрографски, биогеографски и други појави, а некои од … Read entire article »

Filed under: Наставни

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Кичевско – бродски туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Кичевско – бродски туристички регион

6.04.2013 Кога сте во Кичево еден ден посветете за да го рагледате градот, искачетесе на Кичевското Кале, потоа прошетајте до локалитетот Крушино, таму убаво одморетесе. Другиот ден неизоставно посететего манастирот Св. Богородица – Пречиста и изворот на река Треска во селото Извор а покрај патот посетете и некој од туристичко угостителските објекти. Изворите на река Треска во непосредна близина на с. Извор, Кичевско и магистралниот пат кон Охрид Црквата Св.Илија во с. Самоков и бистата на познатиот полски … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

4.03.2013 Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Планината Дурмитор и нејзините убавини

Планината Дурмитор и нејзините убавини

18.11.2012 Дурмитор претставува планински масив, кој се наоѓа во северозападните делови на Црна Гора. На североисток  и исток е распостранет до кањонот на реката Тара, на запад преку неговите ограноци се простира до кањонот на реката Пива,на југ преку превојот Седло се надоврзува со останатите Црногорски планини со динарски правец на протегање (северозапад – југоисток). Вака распостранетот масивот има должина од околу 50 км и ширина од околу 20 км. Името на оваа планина (масив) Дурмитор … Read entire article »

Filed under: На тема

Пештери во сливот на Беличка река (Белешница)

Пештери во сливот на Беличка река (Белешница)

Беличка река или реката Белешница (позната меѓу локалното население) е една од најголемите полноводни кратко – течни реки во Република Македонија. Оваа река се наоѓа во централните делови на Р. Македонија во областа Порече. Имено изворите  на оваа река се наоѓаат во непосредна близина на селото Белица (Порече). Реката има доста разгранен слив, кој лежи на подрачје богато со карбонатни карпи. Па затоа на територијата на овој слив има појава на повеќе пештери и пропасти, … Read entire article »

Filed under: На тема

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012 Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Во периодот од 2 до 6 мај во Западна Србија – национален парк Тара се одржа 14 – тиот по ред Евромедитерански регионален конгрес (EMRC), по 4 – ти пат во организација на ЕГЕА Белград. На конгресот учествуваа повеќе од 120 студенти од 20 – тина европски држави, а свои претставници имаа 44 ентитети или 2/3 од постојаните ентитети во ЕГЕА. Меѓу нив, секако претставена беше и ЕГЕА  Скопје (ИЗСГ Природник), инаку ова e 6 … Read entire article »

Filed under: Природник...

„Нај“ географија

„Нај“ географија

11.05.2012 Ако некој ве запраша која е најдолга река, која е највисока планина, кој е најголем континент или океан, поголем дел од вас ќе знаат дека највисок врв е Монт Еверест (Хималаи) и достигнува 8.848 m над нивото на морето, најголем континент е Азија и зафаќа површина од 44.383.000 км кв., најдолга река е Нил (Африка) и има должина од 6.695 км, а најголем океан е Тихи Океан со површина од 179.379.000 км кв., каде во … Read entire article »

Filed under: На тема

Викенд предлог: Белица (Порече)

Викенд предлог: Белица (Порече)

Топонимот Белица  често пати се користи за именување на географските појави, меѓу кои особено се среќава при имeнување на населбите. Со ова име се именувани повеќе населби во Р. Македонија, како и во сосетството (Србија, Бугарија итн.). Денес во Р. Македонија со името Белица се среќаваат 4 селски населби, од кои две се среќаваат во Струшко, а по една во Кичевско и во областа Порече. Во оваа прилика ќе се запознаеме со Поречката Белица, која … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

ПЕШТЕРИ НА ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА

Кога станува збор за планината Галичица неминовно е да се споменат процесите на карстификација. Тоа е така бидејќи тие процеси се најзаслужни за постанокот на пештерите на планината Галичица. Планината Галичица (Вир 2.288 m) со својата височина претставува доминантна релјефна појава (хорст) сместена помеѓу басенот на Охридското Езеро на запад и Преспанското на исток. Има издолжена форма со меридијански правец во должина од околу 50 km, додека нејзината најмала широчина (с. Трпејца – с. Лескоец) достигнува … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Најдолгите географски имиња

Најдолгите географски имиња

Ова е листата од неколку најдолги географски имиња во Светот: Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху (маорски: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu е име на рид со височина од 305 м, кој се наоѓа близу Порангахау, јужно од Ваипукурау во јужниот дел на регионот Хоковиот Залив, Нов Зеланд. Мештаните ова име често го скратуваат на само Таумата. Со 85 букви, ова е најдолг географски поим. Има и своја подолга верзија од 92 букви која се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, а таа гласи: Tetaumatawhakatangihangakoauaotamateaurehaeaturipukapihimaungahoronukupokaiwhenuaakitanatahu. Ланферпулгвингилгогерихверндробулантисилиогогогох (велшки: Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch) е село … Read entire article »

Filed under: На тема

Клисурата „Пешти“

Клисурата „Пешти“

На отприлика 5 километри јужно од градот Велес се наоѓа едно од најживописните предели во Р. Македонија, а тоа е Клисурата Пешти на реката Бабуна. Клисурата е позната по големиот број на пештери и неколкуте пропасти.  Во клисурата на Пешти се наоѓаат триесетина пештерски отвори и поткапини ( Д. Манаковиќ, 1966), меѓу кои позначајни се: Понор, Црквиче, Маркова Црква, Четири Врати, Топла пештера, Макаровец и др. Пештера Понор  На запад по страните на клисурата, на висина од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија