Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Search Results for "природни непогоди"

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

03.05.2021 Истанбул се наоѓа на северозападниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствениот  град  на два континента, кој се наоѓа на крстопатот на Европа и Азија. Овој град е престолнина која остава без здив, без разлика дали зборуваме за историјата, бројните занимливости и активности, со сите мириси и вкусови кои овој град ги пружа. Западниот дел … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Ивица Милевски – кратка биографија

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ: Д-р Ивица Милевски е професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) на Универзитет „Св. Китрил и Методиј“ во Скопје. Роден е во Куманово на 12.02.1972 година. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Во 1995 година дипломирал на Институтот за географија при ПМФ. Следната година, на истиот институт се запишал на постдипломски студии – насока просторно планирање и магистрирал во 2001 година. Докторирал на ПМФ во 2006 година на тема „Геоморфологија на Осоговскиот планински масив“, со што се стекнал со титула доктор на географски науки. Во 1996 година, Ивица Милевски е примен како стручен соработник на Институтот за географија при ПМФ. Во 1999 година е избран во звањето помлад асистент, а во 2002 година, по магистрирањето, е избран во звањето асистент. Во овој период изведува вежби од … Read entire article »

Filed under:

На Институтот за географија за прв пат одбранети две дипломски работи за користење на дронови во далечинска детекција

На Институтот за географија за прв пат одбранети две дипломски работи за користење на дронови во далечинска детекција

8.10.2017 Модерниот и динамичен начин на живот на човекот го доведува до соочување со најразлични природни и антропогени процеси за кои е потребен пристап до бројни информации и податоци. За таа цел, неопходно е истражувања на нови технологии за различни проблематики. Пред неколку години, на Институтот за географија е воведена нова насока ГИС (географски информациски системи) каде што покрај останатите стручни предмети се изучува и предметот далечинска детекција. Далечинска детекција е методологија и технологија на собирање на дигитални … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Примена на дроновите како средство за интервенција при земјотреси

Примена на дроновите како средство за интервенција при земјотреси

6.09.2017 Дроновите се моќна технологија. Иако беспилотните летала полека навлегуваат во секојдневниот живот, во послабо развиените земји, нивното комерцијално користење сеуште е на многу ниско ниво. Луѓето обично сметаат дека станува збор за играчки кои се употребуваат за рекреација или платформи за камери кои се користат за снимање на свадби и други прослави, меѓутоа вистинските можности се далеку поголеми. Во однос на посериозните намени, до пред неколку години беспилотните летала се применуваа само за воени потреби, како … Read entire article »

Filed under: На тема

Дроновите стануваат неопходност за детекција, мониторинг и гаснење на шумските пожари!

Дроновите стануваат неопходност за детекција, мониторинг и гаснење на шумските пожари!

13.07.2017 Високите температури и слабото количество на врнежи кои се очекуваат во текот на ова лето на Балканот, па и во Република Македонија, ја зголемуваат можноста за појава на шумски пожари. Пожарите предизвикуваат огромни материјални штети и може да да настанат како резултат на намерно или ненамерно дејствување на човечкиот фактор или од природни влијанија. Најчести причини за настанување на пожарите се: отворен оган и зажарени тела, ослободување на топлина при триење, самозапалување, природни појави, хемиски … Read entire article »

Filed under: На тема

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

10.11.2016 По покана на Географскиот факултет при Универзитетот во Белград, на 7 ноември од страна на д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ во Скопје, беше изведено стручно предавање за студентите, наставниците и соработниците од овој факултет. Темата на предавањето беше „Природните непогоди во Република Македонија“, со посебен осврт на скопската поплава и земјотресот во август и септември оваа година. Во предавањето беше укажано на досегашните поголеми забележани природни непогоди и катастрофи, природните и антропогени фактори за … Read entire article »

Filed under: Наставни

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

27.03.2015 Долготрајните врнежи кои паѓаат на подрачјето на нашата држава веќе подолг период, предизвикаа натрупување на голема водена маса. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава, во минатиот месец наврнаа над 100 мм врнежи, или вкупна водена маса од 4 милијарди метри кубни! Воедно, во следните 10-тина дена се очекува пораст на дневните температури, што може да предизвика забрзано топење на снегот во високите планински подрачја, превлажнување на подлогата и појава на „нестабилност“ со лавини, одрони и свлечишта. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

14.04.2017 На 12 Април 2017 година, научниците на НАСА (Националната администрација за аеронаутика и вселена) објавија најнова ноќна сателитска снимка на планетата Земја со висока резолуција. Сателитските снимки на Земјата кои уште се нарекуваат „ноќни светла“ имаат значајна улога во голем број на економски, општествени науки и истражувачки проекти за животната средина. Првите ноќни сателитски снимки на Земјата се направени во текот на 2012, 2013 и 2014 година од страна на Американската агенција НОАА, односно нејзиниот геофизички … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

19.10.2016 На 15.10.2016 година во организација на Македонското географско друштво беше одржан втор семинар оваа година посветен на стручна едукација за професорите по географија од основните и средните училишта во Република Македонија. На овој т.н. есенски семинар присуствуваа 153 учесници од сите делови на Република Македонија кои за своето учество на семинарот добија сертификат. Изборот на темите за предавање и овој пат беше направен според резултатите од предходно спроведената анкета кај одреден број професори по географија. Според … Read entire article »

Filed under: Наставни

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

30.06.2015 Во периодот од 22 до 26 јуни 2015 година, во градот Познањ во Полска се одржа голема меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“. Тематскиот наслов на конференцијата беше „Геоморфометријата во моделирањето на природните непогоди“ (Geomorphometry for Natural Hazards Geomodelling). На конференцијата која се изведуваше во просториите на Географскиот факултет при Универзитетот „Адам Мичкиевич“ во Познањ, присуствуваа околу стотина научници од 24 држави од сите континенти. За трите дена на конференцијата, беа прикажани 70-тина говорни и 30-тина постер презентации со … Read entire article »

Filed under: Активности