Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "астрономија"

Нова, уште посилна геомагнетна бура од онаа во јануари!

Нова, уште посилна геомагнетна бура од онаа во јануари!

8.03.2012 Денес Земјата ќе биде зафатена од силна геомагнетна бура која настанува како последица на завчерашните ерупции на површината на Сонцето. Можни се проблеми со електричните мрежи, сателитски базираните навигациски уреди, авионска опрема и слично. Бурата која претставува голем облак од наелектризирани честички исфрлени од атмосферата на Сонцето со брзина од околу 7,2 милиони км на час, според научниците е предизвикана од две силни ерупции на неговата површина. Ова веројатно ќе биде најсилната бура во последните 6 … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Најдени повеќе од 1000 нови потенцијални планети

Најдени повеќе од 1000 нови потенцијални планети

3.03.2012 Според последните истражувања на НАСА, надвор од нашиот Сончев систем се најдени барем 1000 нови потенцијални планети, речиси двојно повеќе од претходно евидентираните екстрасоларни планети откриени со Кеплеровиот вселенски телескоп. Ова произлезе од најновите анализи на таканаречените Кеплерови објекти од интерест (КОИ), односно снимки на истоимената мисија направени во периодот од мај 2009 до септември 2010 година. Станува збор за 1091 нови потенцијални планети, така што заедно со веќе откриените, вкупната бројка на екстрасоларни планети … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

29.02.2012 Компанијата Вирџин Галактик, дел од групацијата Вирџин Груп на Ричард Бренсон, очекува до крајот на оваа година да ги направи првите тест-летови до земјината орбита. Првите пак комерцијални летови се најавени за 2013 или 2014 година, во зависност од резултатите на тестовите и подготвеноста на пилотите. На листата на чекање веќе се запишани околу 500 заинтересирани авантуристи, кои за две години би требале да се „прошетаат“ до вселената со специјалното новоконструирано летало Спејсшип 2. Оваа … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Набљудувајте го ноќното небо кога сакате и од каде сакате преку Stellarium

Набљудувајте го ноќното небо кога сакате и од каде сакате преку Stellarium

27.02.2012 Од пред неколку години, на интернет се појави прекрасна апликација Stellarium – виртуелен планетариум за набљудување на ноќното небо. Со напредокот на користената технологија, денес оваа апликација со верзијата 0.11.1, стана една од најкористените виртуелни планетариуми во светот, а за тоа има повеќе причини. Пред се, инсталацијата и работата со програмата се многу едноставни, а приказот на хоризонтот и на ноќното небо извонредно реалистичен. Второ, апликацијата ги покажува положбите на небесните тела во реално време, … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Колкав е бројот на досега пронајдените планети?

Колкав е бројот на досега пронајдените планети?

До 31.1.2012 астрономите од целиот свет успејале да откријат 755 екстрасоларни планети (планети околу други ѕвезди). Заедно со  8 те планети од нашиот сончев систем  дава една егзактна бројка од 763 познати планети во вселената. Од вкупниот број 605 планети припаѓаат од групата една планетa на една ѕвезда, а останатите припаѓаат на повеќепланетарни групи (повеќе планети-едно сонце) вклучувајќи го и нашиот сончев систем. Од сите досегашни пронајдени објекти во вселената кандидати за планети има уште … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Откриена екстрасоларна планета на која е можен живот

Откриена екстрасоларна планета на која е можен живот

3.02.2012 Астрономите од универзитетот во Калифорнија, открија планета оддалечена 22 светлосни години на која е можен живот. Тоа е 4-та таква до сега откриена планета надвор од границите на нашиот Сончев систем и со можеби најповолни услови за живот во однос на претходно откриените. За сега оваа планета е означена како GJ 667Cc, според ознаката на ѕвездата околу која орбитира и додавка „c“ на крајот. Се работи за планета која е 4,5 пати помасивна од Земјата … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Што е тоа поларна светлина и како настанува?

Што е тоа поларна светлина и како настанува?

Поларна светлина или аурора е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори). Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и … Read entire article »

Filed under: По Светот

Астрономски настани во втората половина на 2012 година

Астрономски настани во втората половина на 2012 година

3.01.2012 ЈУЛИ 3 јули – Полна Месечина. Време: 19:52. 5 јули – Афел. Земјата на 5 јули во 05 часот (по средноевропско-македонско време) ќе биде најдалеку од Сонцето, на 152 милиони км. Воедно, во овој период северната полутопка на Земјата е свртена кон Сонцето, односно таму е лето, а на јужната полутопка е зима. Заради оддалеченоста од Сонцето, во оваа положба Земјата се движи најбавно по патеката. 19 јули – Млада Месечина. Време: 05:24. 28-29 јули – Метеорски рој Јужни … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Астрономски настани во првата половина на 2012 година

Астрономски настани во првата половина на 2012 година

3.01.2012  Овде се прикажани позначајните астрономски настани до крајот на месецот јуни, 2012 година, според датум и по средноевропско време. ЈАНУАРИ 3-4 јануари – Метеорски рој Квадрант. Квадрант (Квадрантис) е интересен метеорски рој, со максимум до 40 метеори на час. Максимумот обично е на 3 и 4 јануари, но зачестени појави може да има во периодот од 1-5 јануари. Најдобра ќе се гледаат од некоја темна локација по полноќ. 5 јануари – Перихел. Во 02 часот, Земјата ќе биде … Read entire article »

Filed under: Географски вести

За Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар…кој е поточен?

За Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар…кој е поточен?

2.01.2012 Понекогаш, сеуште има недоразбирање за тоа кој календар официјално се користи во Република Македонија, па и во другите држави. Секако, одговорот е Грегоријанскиот или уште познат како нов календар или нов стил. Тој е во официјална употреба во речиси сите земји во Светот. Сепак, неофицијално во употреба се уште десетина други календари. Така, неколку православни цркви, меѓу кои е и македонската, сеуште го употребуваат Јулијанскиот календар и празниците ги водат по тој календар. Двата споменати … Read entire article »

Filed under: На тема

На 5 јануари Земјата најблиску до Сонцето за 2012!

На 5 јануари Земјата најблиску до Сонцето за 2012!

2.01.2012 На 5-ти јануари околу 01 часот планетата Земја ќе биде најблиску до Сонцето за 2012 година, во положба позната како перихел. Во тој момент, нивното взаемно растојание ќе изнесува околу 147 милиони км, што е околу 2,5 милиони км помалку од просечната вредност, односно околу 5 милиони км помалку од максималното растојание (152 милиони км) познато како афел. Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 км/сек побрзо (30,3 км/сек) по … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Почнува зимата. Зошто имаме годишни времиња?

Почнува зимата. Зошто имаме годишни времиња?

21.12.2011   Автор: д-р Ивица Милевски Утре, на 22 декември 2011 година, во 6.30 часот, на северната полутопка и во Република Македонија почнува зимата. Точно во тој момент, на оваа полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов­ратник, на 23°27’ јужна географска широчина. Затоа, утре на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден. Во Република Македонија, утрешниот ден ќе трае само … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Мегалитската опсерваторија Кокино

Мегалитската опсерваторија Кокино

20.12.2011. Автор: Рената Здравеска Археолошкиот локалитет “Татиќев Камен”, денес повеќе познат како Мегалитска опсерваторија Кокино (според астрономските анализи кои ја потврдија неговата употреба како место од каде се следени и бележени карактеристичните позиции на сонцето и месечината) се наоѓа во близина на селото Кокино (од каде и самото име на опсерваторијата), во рамките на општината Старо Нагоричане, на околу 35 км североисточно од Куманово. Просторот кој го зафаќа маегалитската опсерваторија е веднаш под планискиот врв Татиќев Камен … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Целосно затемнување во сабота

Целосно затемнување во сабота

Луѓето ширум светот на 10 декември ќе можат да го следат целосното помрачување на Месечината, а истото најубаво ќе се гледа од централна и источна Азија, Австралија и Хаваиите, додека Европјаните ќе можат да го гледаат сателитот на Земјата ниско на исток при самракот. Лунарната еклипса ќе започне во 11:33 наутро и ќе трае до 17:30. Фазата на целосно затемнување ќе трае 51 минута. Ова ќе биде долго и последно целосно затемнување на Месечината во 2011 година. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Што се случува со Сонцето?

Што се случува со Сонцето?

6.12.2011.   Автор: д-р Ивица Милевски. Сонцето е единствена ѕвезда во нашиот ѕвезден систем кој уште го сочинуваат 8 планети, неколку џуџести планети, стотици месечини, милиони астероиди, комети, метеори и други тела. Иако по сите карактеристики е само просечна, дури и помала ѕвезда, Сонцето е главен член и основен извор на енергија, топлина, светлина и сето она што е неопходно за живот во нашиот систем. На прв поглед толку едноставно, непроменливо, налик на светлечки диск со … Read entire article »

Filed under: На тема

Нова спектакуларна мисија на Марс

Нова спектакуларна мисија на Марс

26.11.2011. По осум години планирање, двегодишно одложување и потрошени вкупно 2,5 милијарди долари мисијата Mars Science Laboratory на НАСА конечно ќе биде лансирана денес, во 16:02 според македонско време.Време е НАСА да се врати на Марс. Се работи за новиот ровер, Curiosity, многу поголем од двата близнаци, Spirit и Opportunity  кои веќе ја испитуваа Црвената планета. Освен во големината, главна разлика е што Curiosity (љубопитност) нема соларен, туку нуклеарен погон. Curiosity со себе ќе однесе околу … Read entire article »

Filed under: Географски вести

МЕТЕОРИ

МЕТЕОРИ

Земјата патува околу Сонцето. Кога таа ќе влезе во регион кој содржи прав од кометите, честичките удираат во горниот дел на атмосферата. Топлината и триењето предизвикуваат тие да горат и при тоа од површината тоа се забележува како светлечка трага, која ние ја викаме метеор. Метеорите се најмали темни и ладни небесни тела во сончевиот систем, кои за време на ведрите ноќи ненадејно се појавуваат во облик на светлечки точки и брзо прелетуваат од еден … Read entire article »

Filed under: На тема

Што е мегалитска опсерваторија?

Што е мегалитска опсерваторија?

Терминот „мегалитска опсерваторија“, кој во последно време често се користи кај нас е релативно нејасен, непрецизен и недоволно дефиниран израз. На интернет, но и во разни енциклопедии ретко ќе се најде концизно објаснување за тоа што точно претставува мегалитска опсерваторија. Сепак, станува збор за комбинација од два збора: мегалит и опсерваторија, со чие објаснување се стекнува појасна претстава и за поимот мегалитска опсерваторија. Според повеќе светски енциклопедии, мегалит е голем камен блок кој се користи за … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Извадок од статутот на ИЗСГ Природник

Извадок од статутот на ИЗСГ Природник

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ Член 4 Истражувачко здружение на студенти географи ПРИРОДНИК – Скопје ги остварува целите и задачите во согласност со овој Статут. Здружението ги има следниве цели: 1. Потикнување и организирање на студенти географи заинтересирани за занимавање со научно истражувачка работа, овозможувајќи им прошитување на своите знаења; 2. Развивање на интересот на студентите за науката; 3. Развивање на еколошката свест на студентите и учениците; 4. Формирање на научни збирки на здружението; 5. Изработка на елараборати, програми, планови и проекти како за … Read entire article »

Filed under: Природник...

Месечината на Јупитер крие живот?

Месечината на Јупитер крие живот?

Научниците веруваат дека дошле до сензационално откритие во Сончевата галаксија. Имено, пронашле докази дека на месечината на Јупитер, која е симболично наречена Европа, има море и големи се можностите таму да пливаат живи суштества. Научниците кои со години ја проучуваат површината на месечината на Јупитер веруваат во тоа дека откриле постоење на вода на таа месечина, а со тоа можеби дека постои и живот. Иако експертите уште од 1989 година ја проучуваат оваа планета, дури неодамна со … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Advertisment ad adsense adlogger