Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Бојана Алексова"

Национален парк „Бели песоци“

Национален парк „Бели песоци“

18.01.2021 Националниот парк „Бели песоци“ е лоциран во сојузната држава Ново Мексико во САД, 24 km југозападно од градот Аламогордо. Пејзажот на оваа пустина е назначен како строга државна заштита во 1933 година, од страна на претседателот Херберт Хувер. Паркот се наоѓа на просечна надморска височина од околу 1219 m во сливот на Тулароса и го сочинува јужниот дел на гипсното поле од 710 km2. Белите песоци се импресивно природно чудо. Дините се настанати од гипс кристали, … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Пронајдена една од најстарите планети до сега!

Пронајдена една од најстарите планети до сега!

16.01.2021 Кон крајот на минатата (2020) година, од страна на астрономите на НАСА беше откриена нова планета, во близина на една од најстарите sвезди во галаксијата. Планетата, наречена „супер Земја“ именувана и како TOI-561b е приближно 50% поголема од Земјата и мошне брзо кружи околу својата ѕвезда, односно за еден Земјин ден, прави две револуции. И покрај тоа што планетата има маса скоро три пати поголема од Земјата, нејзината густина е приближно иста – факт што ги … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

26.12.2020 Доколку сакате да го запознаете Дедо Мраз, треба да го посетите неговиот дом во Santa Claus Village, лоциран во градот Рованиеми, центарот на Лапонија. Рованиеми е најголемиот населен град во близина на Арктичкиот круг. Финците уште го нарекуваат и „Врата на Лапонија“. Се наоѓа на околу 6 km јужно од Арктичкиот круг, на самата поларна граница, на вливот на реката Кемијоки и нејзината притока Оунасјоки. Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) е еден од петте главни … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено..., По Светот

Лагос – градот на можностите

Лагос – градот на можностите

22.12.2020 Лагос е најнаселениот град во Нигерија и воопшто на Африканскиот континент. Тој е сместен на западните брегови на Африканското копно и претставува единствениот град во Африка, кој се наоѓа на листата на топ 10 најнаселени градови во светот. Поволната географска положба, како главно пристаниште и големите резерви на нафта, овозможиле Лагос да стане главен финансиски, индустриски и културен центар во Нигерија, а и на Африканскиот континент. Поради богатството,  луксузот, модерната архитектура и можностите што ги нуди … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

20.12.2020 На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Езеро Комо-Огледало на луксузот

Езеро Комо-Огледало на луксузот

19.12.2020 Леднички езера или со други имиња наречени глечерски или глацијални, претставуваат природни езера кои настанале со топење на мразот. Најчесто се наоѓаат на високите планини и повеќето од нив се со мала површина. Едно од нив е езерото Комо, кое има ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Овој природен бисер има доста студена и бистра вода, со исклучителна убавина. Имено, ова интересно езеро претставува „магнет“ за многу туристи и посетители. Вистинското италијанско име на езерото е … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020 Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Најсолените езера во светот!

Најсолените езера во светот!

08.12.2020 Соленоста на езерските води варира од една до друга локација и од сезона во сезона. Иако многумина ке помислат дека Мртвото Море, како водена површина ја поседува најголемата количина на сол во светот, сепак не е така. Во продолжение ке ги наведеме 7-те најсолени езера во светот. 1. Езерото Гаетале Понд е дел од серијата мали езерца лоцирани во близина на изворот Далол во Етиопија. Сместено е во Афарската депресија воо северна Етиопија, која имено е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Необичните раседни езера во источна Африка

Необичните раседни езера во источна Африка

26.11.2020 Во должина од 1600 km, во североисточниот дел на Големата раседна долина во Африка, се наоѓаат неколку езера, кои се загадени со натриумови карбонати. Овие хемикалии се исцедиле од вулканските сливни подрачја, или пак, навлегле во езерата преку подземната вулканска активност. Во продолжение ќе дадеме појаснување за некои од езерата. Езерото Туркана е најголемото алкално езеро во светот. Има соленост од 2,44%.  Сместено покрај Големата раседна долина во Африка, езерото се протега од северна Кенија до … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Разлики помеѓу астрономот и астронаутот!

Разлики помеѓу астрономот и астронаутот!

17.11.2020 Во оваа статија ќе дадеме објаснување што е тоа астроном, а што астронаут (космонаут). Иако многумина мислат дека се работи за иста личност или иста работна позиција и професија, сепак не е така. Имено, астрономите и астронаутите имаат работни позиции поврзани со истражување на Вселената, вселенскиот простор и вселенските тела, но и покрај одредената поврзаност, имаат различни погледи и пристапи. Така, во оваа статија можете да научите кој каква улога има во проучувањето на вселената. Астрономијата е … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Во пресрет на 9-тиот роденден на ИГЕО-порталот

Во пресрет на 9-тиот роденден на ИГЕО-порталот

11.11.2020 Денес, на 11.11.2020 година, ИГЕО порталот го прославува својот роденден, откако пред точно девет години беше поставена првата официјална статија. Во изминатите години, на порталот се објавени вкупно 1386 статии. По категории, најголем број се „Географски вести“ (406), потоа „На тема…“ (344), „По Светот“ (179) „Чудесна Македонија“ (166) и др. Иако многумина беа скептични во опстанувањето на првиот географски портал во Македонија, тој до денес одлично функционира кога се имаат во предвид сите околности и ограничувања. … Read entire article »

Filed under: Активности, На тема

Беспилотните летала (дроновите) почнуваат да се користат за непосредно истражување на вулканите

Беспилотните летала (дроновите) почнуваат да се користат за непосредно истражување на вулканите

11.11.2020 Со околу 300 активни вулкани на Земјата, предизвик е како да се набљудуваат сите за да се испратат рани предупредувања пред да еруптираат. Мерењето на емисии на вулкански гас сепак не е лесна задача. Истражувачите дизајнираа специјално прилагодени беспилотни летала (дронови) за да помогнат во собирањето податоци од активен вулкан во Папуа Нова Гвинеја. Беспилотните летала можат да им помогнат на локалните заедници да ги следат вулканите во близина и да предвидат идни ерупции. Нивните … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

03.10.2020 На ден 29.10.2020 година, се одржа првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени. Заради состојбата со пандемијата, конференцијата се одржа on-line, на платформата “Zoom”. На настанот учествуваа шест млади истражувачи (студенти и дипломци) од неколку различни факултети, кои ги презентираа своите трудови на една од најактуелните теми во светот – влијанието на климатските промени согледано од повеќе аспекти. Конференцијата ја отвори главниот координатор на Студентската Конференција за Глобални Климатски Промени – Јане Влахов, а огромна подршка … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, На тема

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

14.10.2020 Глечерот Мингјонг е еден од најголемите глечери во Кина. Се наоѓа на планинскиот венец Меили, во југозападната Кинеска провинција Јунан, на 2700 m надморска височина. Тој е најнизок и најјужен глечер во Кина. Се смета дека глечерот во подножјето на планината се повлекува со невидена брзина секоја година и дека за многу брзо време ќе се стопи. Од 1970-та година загубил дури една четвртина од својот мраз. Научниците анализирале сателитски снимки, преку кои заклучиле дека … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Изработен предлог-модел на дронски мониторинг на геолокалитетот Куклица

Изработен предлог-модел на дронски мониторинг на геолокалитетот Куклица

30.09.2020 Геолокалитетот „Кукица“ кој се наоѓа во североисточниот дел на Македонија се одликува со уникатна појава на истакнати земјени пирамиди. Поради својата атрактивност, тој во минатото, а особено денес, е се почесто посетуван од љубителите на природата, односно туристите. Значењето на Куклица е очигледно ако се има во предвид дека вака добро изразени појави на земјени пирамиди во вулкански карпи, се вистинска реткост дури и во светски рамки. Од тие причини, во последните години драстично се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, Чудесна Македонија

Утре на северната хемисфера започнува есента!

Утре на северната хемисфера започнува есента!

21.09.2020 По доста жешкото и сушно лето, утре на 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски ќе започне есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Најстарите езера во светот!

Најстарите езера во светот!

16.08.2020 Често пати сме се запрашaле кои се најстарите езера во светот, каде се наоѓаат и колку всушност  изнесува нивната старост. Во оваа статија ќе се обидеме да дадаме одговор на овие прашања, врз основа на истражувањата на многумина геолози, истражувачи и научници. Во продолжение следува листа на 8-те најстари езера во светот. Езерото Зајсан Езерото Зајсан е најстарото езеро во светот, иако неговата точна старост не може да се утврди прецизно. Се наоѓа во источниот дел на … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

16.08.2020 Во јужниот дел на Франција неодамна започна изградбата на најсложената машина во историјата на нашата цивилизација – ИТЕРА, која ќе трае наредните пет години. Станува збор за огромен научен проект во кој соработуваат голем број на земји и е вреден 20 милијарди евра. Овој мегапроект, за кој се верува дека може да го промени светот има за цел да ги реплицира процесите што се случуваат во Сонцето, односно да се овозможи создавање на енергија преку … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

28.06.2020 Кога зборуваме за Тибет, многумина мислат дека се однесува на Тибетскиот Автономен Регион – ТАР, со главен град Ласа. Всушност, тоа е пространа висорамнина во Централна Азија, на просечна надморска висина од 4.900 m, од која најголем дел е во состав на Народна Република Кина. Тибет е еден од најзначајните региони во светот и се нарекува „покрив на светот“ или „третиот пол во светот“, затоа што тука се заробени 15% од светскиот мраз, односно огромна … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

01.06.2020 Антарктик е континент кој се наоѓа околу Земјиниот Јужен пол. Во литературата често како граница на овој континент се зема Јужниот поларен круг. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз. Воедно Антарктикот претставува и најголемата пустина во светот. Со површина од 14,200,000 km2, тој е петтиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Сепак, убедливо најмалку е населен и нема постојано насление. Овој мистичен континент е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Advertisment ad adsense adlogger