ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Брегалница"
За Ѓаволскиот Ѕид, но од научна точка!

21.11.2011. Локалитетот Ѓаволски Ѕид се наоѓа на 2 km јужно-југоисточно од врвот на Богословец и околу 250 m северно од реката Брегалница, односно на нејзината десна долинска страна, на надморска височина од околу 250 m. Месноста каде се наоѓа појавата Ѓаволски Ѕид е релативно слабо пристапна. Со теренско возило подобра пристапност е можна од два правци. Едниот е преку макадамскиот пат што води од железничка станица Овче Поле до с. Богословец, во должина од 5.5 km. … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија
Сипковски водопади кај Пехчево
Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка Река и Спиковски Андак. Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија