Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "водопади"

Конкурс за геофотографија – 2018

Конкурс за геофотографија – 2018

22.08.2018 Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ започнува со серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Република Македонија. Идеата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со природните убавини кои постојат во Македонија и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме. Темата е „Кањони и водопади во Република Македонија“. Фотографиите може да се испраќаат до 31.08.2018 година, а право на учество имаат сите граѓани на Р. Македонија. Апликација: Учеството е бесплатно. Еден автор може да … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Природник..., Чудесна Македонија

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

11.01.2018 Ангелски Водопад (шпански: Salto del Ángel) се наоѓа во висорамнините Гвајана, еден од големите авантуристички региони во Венецуела. Водопадот се наоѓа во Националниот Парк „Канаима“. Паркот се наоѓа во југозападниот дел на Венецуела, јужно од реката Ориноко во регионот Гран Сабана од сојузната држава Боливар. „Канаима“ на 12 јуни 1962 година бил прогласен за национален парк. Паркот има 3 милиони хектари, што го прави второ по големина заштитено подрачје во Венецуела и шесто место во светот. Фасцинантниот свет … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот, Природник...

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

На само 10 km од Валандово веднаш до селото Прстен се наоѓаат три прекрасни водопади. Претставуваат ерозивни водопади, а се формирани како резултат на нееднаквото вертикално всекување на Прстенска Река во филитите и песочноците. Првиот Водопад е со висина од 16,5 m, а го сочинуваат два вертикални одсека. Првиот е со висина од 5,5 m и уште еден одсек со висина од 11 m. Двата вертикални одсека се поделени со џиновски лонец, а заедно сочинуваат една … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Водопадите на Бабакарина Река кај Кратово

Водопадите на Бабакарина Река кај Кратово

31.03.2012 Бабакарина Река е 4 км долга лева притока на Кратовска Река, која се влева во самиот град Кратово (на 610 м). Оваа мала рекичка извира под палеовулканската купа Буковец јужно од Кратово, на 1200 м надморска височина и до вливот се спушта низ стрмен терен составен од вулкански карпи со различна цврстина. Затоа, долж својот тек, рекичката изградила повеќе водопади. Од нив најинтересни се 5-те водопади кои се наоѓаат на самиот излез од Кратово кон … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Еден од најубавите национални паркови во светот „Јосемит“

Еден од најубавите национални паркови во светот „Јосемит“

Јосемит е еден од најголемите паркови во Сиера Невада во кој егзистираат разновидни растенија и животни. Националниот парк ги опфаќа источните делови на Телуме, Марипоса и Медера окрузи во источниот дел на централна Калифорнија. Паркот зафаќа површина од 761 268 хектари (3 080 74 км2 ), а се наоѓа на надморска височина од 648 до 3997м и содржи пет зони на вегетација: дабови шуми, долна планинска зона, горна планинска зона, субалпска и алпска зона. Во … Read entire article »

Filed under: По Светот

Станечки водопади кај Крива Паланка

Станечки водопади кај Крива Паланка

23.01.2012 Станечки водопад или Станечки водопади на Козја Река (десна притока на Дурачка Река, која во градот Крива Паланка се влева во Крива Река), се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, 8 км јужно од Крива Паланка. До самото село Станци во долината на Дурачка Река, води асфалтен пат долг 5 км. Потоа се тргнува по патека која води покрај Козја Река и по околу 3 км или 30-тина минути пешачење се … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Сипковски водопади кај Пехчево

Сипковски водопади кај Пехчево

    Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка Река и Спиковски Андак. Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger