Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "географија"

Топ 15 причини зошто Марс заслужува да биде нашиот втор дом?!

Топ 15 причини зошто Марс заслужува да биде нашиот втор дом?!

19.09.2019 Бидејќи е планета од Земјин тип; Времетраењето на денот и ноќта се многу слични како на Земјата. Едно деноноќие на Марс изнесува 24 часа, 39 минути и 35 секунди; Има атмосфера, иако е потенка и поретка од Земјината, сепак делумно ја заштитува планетата од космичко и радиоактивно зрачење; Гравитацијата на Марс е 38% од онаа на Земјата. Науката е скоро сигурна дека луѓето би можеле без поголеми проблеми да се навикнат на неа; Има доволно сончева светлина да се … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Од државните натпревари по географија за 2019 година

Од државните натпревари по географија за 2019 година

2.05.2019 Државните натпревари по географија во организација на Македонско географско друштво се одржаа на 19 април 2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот зедоа учество 212 ученици од основни училишта и 67 ученици од средните гимназиски и стручни училишта. Сите ученици и ментори добија диплома за учество на државниот натпревар по географија. Во големата конкуренција помеѓу учениците од основните училишта првото место го освои Софија Матовска од ООУ „Живко Брајковски“, Скопје под … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

25.03.2019 Според традицијата на прагот на пролетта, Македонското географско друштво на 20 март 2019 година, го организираше пролетниот семинар за професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а како слушатели беа евидентирани 158 професори по географија. На овој прв семинар предвиден во програмата за работа на Друштвото за 2019 година, беа презентирани три интересни предавања од: проф. д-р Александра Лозаноска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економскиот Институт, Скопје … Read entire article »

Filed under: Активности, Наставни

Функционална географија – нова географска дисциплина

Функционална географија – нова географска дисциплина

28.09.2018 Географијата заедно со филозфијата, историјата, математиката и медицината спаѓа во групата на стари науки. Херодот во V век п.н.е. дава географски описи на своите патувања. Ератостен кој го сметаaт за „татко” на географијата, пак уште во III век п.н.е. ги поставува основите на математичката географија и картографијата. Во стариот век, несомнено најголем придонес во натамошниот развој на географијата дал Страбон (64 год. п.н.е.-20 год. од н.е.). Тој во своето дело „Географија“ ги поставува и теоретските … Read entire article »

Filed under: На тема

Државни натпревари по географија, 2018

Државни натпревари по географија, 2018

24.04.2018 По успешно спроведените општински и регионални натпревари, на 20 април 2018 година се одржаа државните натпревари по географија во организација на Македонското географско друштво. Натпреварот се одвиваше во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учество земаа 213 ученика од основните и средните училишта во Македонија. Освоените бодови на тестирањето беше показател за големата подготвеност на натпреварувачите и професионалните залагања на нивните професори по географија. Од многуте млади географи од цела Македонија ги избравме најдобрите. Во категоријата кај … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Образование на ученици со оштетен вид и географија во наставата со слепи и слабовидни лица

Образование на ученици со оштетен вид и  географија во наставата со слепи и слабовидни лица

25.03.2018 Образованието на лицата со оштетен вид (слепите) започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности. Најпрво Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат“, текстот е плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис. Идејата на Дени Дидро за образование … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

24.03.2018 На 21 март 2018 година, во организација на Македонското географско друштво беше одржан пролетниот семинар за наставниците и професорите по географија. Семинарот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија – матичната куќа на географијата во Македонија. Покрај воведното обраќање на претседателот на Друштвото, на присутните слушатели на семинарот поздравни зборови им упатија проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија, проф. д-р Никола Панов, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Наставни

Географија на танците

Географија на танците

27.06.2017 Државите ширум светот уште во минатото така и денес, освен по јазикот и писмото така и по начинот на танцување се оделуваат од другите држави и народи. Таквите танци се развивале со години најчесто како резултат на верски и племенски обреди во разни облици и утврдени движења. Така во многу држави, народот со танцување запаѓал во транс за да може да комуницира со боговите. Во Европа традиционалните танци водат потекло од верските обичаи, а играњето е во вид на … Read entire article »

Filed under: На тема

Охридското Езеро има свој неверојатен „двојник“ на другиот крај на Светот!

Охридското Езеро има свој неверојатен „двојник“ на другиот крај на Светот!

29.06.2016 Охридското Езеро е уникат во светот по многу нешта: едно од најстарите, тектонски формирано, со повеќе карстни извори и голема истека (Црн Дрим), бројни реликтни видови во него и др. Сепак, има едно езеро на „другиот крај“ на Земјата, во САД, помеѓу Калифорнија и Невада кое е неверојатно слично на Охридското Езеро. Тоа е езерото Тахо (Tahoe), кое се наоѓа околу 120 km североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија. Сличноста помеѓу двете езера е во … Read entire article »

Filed under: По Светот, Чудесна Македонија

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

31.12.2014 Деновиве една од најчесто застапените теми низ медиумите се импакт факторот (ИФ) или т.н. фактор на влијание и индексирачки бази на научни списанија, цитирања, истражувачи и сл. Во најголем број од медиумите, само површно, паушално, па дури и тенденциозно се изнесуваат наведените поими. Причина за тоа е што со импакт факторот и индекс-базите, наеднаш почнаа да се занимаваат тие што воопшто нити ги засегало, нити биле во „допир“ или прв пат слушнале за спомената проблематика. Затоа ќе се обидеме … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

29.12.2014 Источниот дел на Република Македонија, последните години станува се попривлечен за посета на туристи. Во таа смисла, посебно се издвојуваат локалитетите Беровско Езеро, Суви Лаки, Пониква, Беласица и други. Во наведените, но и други локалитети има доста добри можности за престој и прошетка во природа, трекинг, планински велосипедизам, спа-туризам и слично. Пониква пак, долг период е позната како центар за зимско-спортски туризам во источниот дел на државата. Сепак, поради надморската височина, таа одговара за посета … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

29.12.2014 Дедо Мраз претставува личност во западната култура од легендарен, митолошки и фолклорен карактер кој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на католичката бадникова ноќ, на 24 декември. Денес тој стана глобално позната „личност“ и прифатена во голем дел од светот. Дедо Мраз на запад е познат под името Санта Клаус или едноставно Санта (Santa Claus или Santa), а неговото значење не е целосно расветлено. Не се знае од каде точно доаѓа, зошто патува … Read entire article »

Filed under: На тема

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

29.12.2014 Сосема јасно е дека без солидна наука, нема технолошки развој ниту добар универзитетски наставен кадар, а со тоа нема квалитетни студии и знаења. А без пари, нема наука, посебно во денешно време на големи технолошки достигнувања. Во Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, издвојувањето за наука е речиси во константно опаѓање и тоа од околу 0,6% од БДП во почетокот на 1990-тите на нецели 0,2% (извор) во последните 13 години, што ни оддалеку не е доволно … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

28.12.2014 Дали некогаш сте се запрашале зошто почетокот на секоја нова година е токму на 1 јануари? Низ историјата, почетокот на нова година обично се поврзувал со некој природен настан. Најчесто тоа била смената на исто годишно време (обично пролет) или пак датумот на пролетната рамноденица, односно околу 20 март. Прославувањето на Нова година на 1-ви јануари се смета дека е поврзана со стариот римски обред во чест на богот Јанус, кој бил бог на „почетокот“, на … Read entire article »

Filed under: На тема

Во Македонија, Новата 2015 година првин ќе „пристигне“ во Пехчево!

Во Македонија, Новата 2015 година првин ќе „пристигне“ во Пехчево!

27.12.2014. Поради ротацијата и формата на Земјата (сфера, поточно елипсоид), речиси секое место има свое реално време, наречено локално или месно време. Меѓутоа, заради поедноставување на таков комплициран систем на времиња, целата земјина „топка“ уште пред речиси 2 века е поделена на 24 часовни зони, кои одат по меридијани, а почнуваат источно (се означува со +) или западно од Гринич (се означува со -). За место, односно меридијан од каде ќе се менува датумот, е избрана линија која … Read entire article »

Filed under: На тема

Што е всушност Нова година?

Што е всушност Нова година?

27.12.2014 Нова година е ден што го означува времето на почетокот на нова календарска година. Година пак е временски период за кој Земјата врши една потполна револуција (кружење) околу Сонцето и изнесува 365 дена 5 часа, 48 минути и 46 секунди или приближно 365,25 дена. Таканаречената „Граѓанска година“ која се користи во светот, од практични причини е заокружена на 365 дена, а остатокот од 6-те часа се „собира“ во текот на 4 години кога се додава … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

НАМЕСТО ЕКСТЕРНО

НАМЕСТО ЕКСТЕРНО

26.12.2014 Последните неколку месеци од 2014 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија, реши да поведе постапка за драстична реформа во високото образование, со цел подобрување на квалитетот на истото. Меѓу главните елементи на кои би се засновала реформата е воведување на државен испит, со кој се смета дека ќе подигне нивото на знаењата на студентите, односно дипломците. Подоцна, оваа мерка беше надополнета со низа на дополнителни предлози за измени во Законот за високо … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

23.12.2014 Адреналинските паркови претставуваат поставени и уредени спортско-рекреативни содржини во природа, кои се протегаат на релативно мал простор (обично неколку стотици м кв. до неколку хектари). Се состојат од разни премини преку јажиња, јажени висечки мостови, сајли, високи платформи и сл., при што се јавува силна возбуда, понекогаш страв, но и задоволство кога ќе се заврши патеката. Адреналинските паркови не бараат големи инвестиции, а се изразито барани кај туристите желни за адреналинско и авантуристичко доживување. Секако, за нивно … Read entire article »

Filed under: На тема

Мелничката индустрија во Скопје помеѓу двете светски војни

Мелничката индустрија во Скопје помеѓу двете светски војни

18.12.2014 Меѓу првите индустриски претпријатија од прехранбената индустрија на територијата на вардарскиот дел на Македонија се јавиле мелниците. Појавата на првите мелници со поголем капацитет и тргувањето со мелничките производи била забележана во осумдесеттите години на XIX век. Помеѓу Првата и Втората Светска војна, во Скопје, покрај мелниците од османлиско време кои продолжиле да функционираат, се изградиле уште 3 модерни мелници, така што од вкупно 12 мелници во вардарскиот дел на Македонија, во Скопје биле концентрирани 5. Мелничката индустрија … Read entire article »

Filed under: На тема

Езерото Калиманци располага со голем туристички потенцијал!

Езерото Калиманци располага со голем туристички потенцијал!

17.12.2014 Езерото Калиманци е вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-Истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 км, широко 0.3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км кв. и акумулира 127 милиони метри кубни вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. Вкупната должина на бреговата линија му изнесува 40,5 км (при просечен водостој), или подолго од бреговата линија на Дојранското Езеро. Има … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger