Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "геологија"

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

12.06.2016 На само 2 km југозападно од с. Миравци, на крајните источни падини на Кожуф, се наоѓа локалитетот “Пилоу лава (Pillow lava)”, кај месното население познато уште како и “Белиот Рај”. Појавата е на 185 m надморска височина, односно на вливот на Стара Река во Петрушка Река. Низ локалитет поминува локален пат што води од населбата Миравци до селото Петрово. На вливот на Стара Река во Петрушка Река, двете реки изградиле мали сатески со кањонски карактер со висина од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

8.07.2012 Ако барате место кое би било сигурно од земјотреси, оваа карта може да ви помогне. Таа покажува каде се случиле поголемите земјотреси на планетата Земја и тоа од 1898 година до денес. На картата, вкупно се внесени 203.186 земјотреси посилни од 4 степени по Рихтер, на тој начин што колку е посјајна точката, толку бил посилен земјотресот. Се забележува дека земјотресите обично се распоредени во карактеристични тесни зони и области на Земјата. Во таа смисла, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

4.07.2012 При истражувањата на нафтените резерви во Северното Море, неколку нафтени компании дојдоа до интересни откритија. Имено, голема копнена површина која се протегала помеѓу Северна Шкодска и Данска позната под името Догерленд, во периодот од 18.000 до 5.500 година п.н.е. исчезнала во водите на Северното Море. Се верува дека на овој копнен простор живееле мамути, разни други животни, но и десетици илјади луѓе кои некогаш можеби биле срцето на Европа. Научниците веруваат дека за потопувањето на оваа таканаречена … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Колку планини има во Република Македонија?

Колку планини има во Република Македонија?

27.05.2012 Обично за Македонија се вели дека е планинска или поточно планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини. Причините за таквиот релјеф лежат во сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години. Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен. Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини. Но каде всушност е вистината? … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кои се причините за честите земјотреси во јужниот дел на Балканскиот Полуостров?

Кои се причините за честите земјотреси во јужниот дел на Балканскиот Полуостров?

23.05.2012 Ноќта на 22.05.2012 година, во 02 часот, се случи силен земјотрес чиј епицентар беше во градот Перник (20 км југозападно од Софија) со интензитет од 5,8 степени по Рихтер и длабочина од околу 9 км. По главниот земјотрес, на овој простор се појавија уште 15 послаби. Главниот земјотрес предизвика материјална штета, а околу 50-тина лица беа повредени. Она што е карактеристично е големиот регионален ефект на земјотресот. Имено, истиот се почувствува на повеќе локации на … Read entire article »

Filed under: На тема

Вулканскиот остров Санторини во Грција повторно се „буди“ по речиси 60 години мирување!

Вулканскиот остров Санторини во Грција повторно се „буди“ по речиси 60 години мирување!

22.05.2012 Добиените податоци од сателитот Енвисат покажуваат дека вулканскиот остров Санторини во Грција покажува знаци на зголемена активност. Инаку, овој остров е место каде се случила една од најсилните вулкански ерупции во историјата и тоа пред околу 3600 години. Геолошките записи за последните милион години покажуваат една динамична и континуирана вулканска активност, при што последната се случила во 1950 година (1). По повеќе од половина век мирување, сателитите утврдија зголемување на активноста и одредени „раздвижувања“ на … Read entire article »

Filed under: Географски вести

10-те најкатастрофални вулкански ерупции во поновата историја

10-те најкатастрофални вулкански ерупции во поновата историја

24.04.2012 Вулканските ерупции често се фасцинантни глетки, но понекогаш и навистина застрашувачки. Иако најголем дел од ерупциите се релативно мирни и со мали штети по населението и нивните имоти, сепак во последните 2000 години се забележани десетина навистина катастрофални ерупции со повеќе од 3000 жртви. Тие се: 1. Тамбора Тамбора е вулкан кој што се наоѓа на Самбава, еден од малите Сундски острови во Индонезија. Ерупцијата на Тамбора во 1815 година била најсилната ерупција забележана во поновата историја … Read entire article »

Filed under: На тема

Во Русија можеби пронајдени фосилизирани јајца од диносаурус?

Во Русија можеби пронајдени фосилизирани јајца од диносаурус?

18.04.2012 Руските, поточно чеченски геолози сметаат дека пронашле околу 40-тина скаменети јајца од диносаурус во чеченските планини и тоа сосема случајно. Според геолозите, можно е во околината да има уште вакви фосилизирани јајца, па истражувањето е во тек. Инаку јајцата се откриени при теренските истражувања поврзани со пробивање на пат низ карпите близу границата на Чеченија и Грузија. Нивната големина се движи од 25 см до речиси еден метар. Се верува дека јајцата се стари барем 60 … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Петте драматични периоди во Земјината историја

Петте драматични периоди во Земјината историја

5.04.2012 Најновите истражувања, теории и симулации покажуваат дека во текот на својата историја долга 4,6 милијарди години, Земјата минала низ 5 големи драматични или катаклизмични периоди, кои биле вистинска закана за планетата и за живиот свет на неа. Првиот катаклизмичен период се случил пред околу 4,5 милијарди години, кога штотуку формираната, млада и вжештена Земја се судрила со друга планета во формирање голема речиси колку Марс, која научниците ја нарекуваат Теа (Theia). Тоа бил незамисливо страотен судир, во … Read entire article »

Filed under: На тема

За хавајските вулкани

За хавајските вулкани

4.03.2012 Најактивните вулкани на Земјата, најистражуваните вулкани од вулканолозите и најпосетуваните вулкани од страна на туристите. Тоа се Хавајските вулкани! Активните вулкани се наоѓаат на Хавајските Острови, во северниот дел на Тихиот Океан, поточно на островот Хаваи, кој е најголем остров на Хавајскиот архипелаг (составен од 137 острови и атоли). Сл. 1 – Географска положба на Хавајските Острови (заокружениот остров е најголемиот остров Хаваи) Постанок на островите Хавајските Острови настанале како последица од движењето на Пацифичката тектонска плоча. Имено, … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ѓаволска кула

Ѓаволска кула

ЃАВОЛСКА КУЛА Гигантската карпа, која високо се издига над планинските области во Вајоминг на работ на Black Hills и денес повеќе од 20 индијански племиња ја сметаат за свето место. Повеќето го нарекуваат “Домот на мечката”. За ова светилиште проткаени се бројни легенди. Според преданието на племето Киова оваа необична карпа израснала како трупец за да ги заштити седумтте безпомошни индијански девојки од нападот на мечката гризли. Легендата на племето Киова донекаде е блиска со геолошката верзија … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

23.12.2011. Автор: Соња Николова Дали знаете дека во околуната на Кратово има на стотици вулкански топки или уште познати како вулкански бомби? Вулкански бомби претставуваат делови на лавата кои се откинати како вжештена тестеста маса и со ерупцијата исфрлени од кратерот. Поради движењето во воздухот тие задобиваат различни облици и форми (Боев, 2006). Во Природонаучниот музеј се изложени вулкански бомби стари 15 милиони години, кои се пронајдени во атарот на селото Неокази крај Пробиштип. Најголемата бомба тежи … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Со сјајот на лорандитот Александар Македонски победувал

Со сјајот на лорандитот Александар Македонски победувал

Како што велат преданијата, моќта на лорандитот прв ја открил Александар Македонски. Се зборува дека фалангата на Александар ги премачкувала своите штитови со лорандит. Воената стратегија на Александар била да напаѓа точно напладне од запад кон исток. Поради судирот на сончевата светлина со минералот на штитовите на војската се создал голем одблесок што го заслепувал и така го разоружувал противникот. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што … Read entire article »

Filed under: Географски вести

ВРЕДНОСТА НА АЛШАР

ВРЕДНОСТА НА АЛШАР

Подрачјето Алшар се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија, на околу 40 кm јужно од Кавадарци. Ги зафаќа источните падини на планината Козјак, а пак на исток просторот е ограничен со крајните западни ограноци на планината Кожуф. Средишниот дел на областа е расчленет со Мајданска Река. Денешното име на рудникот Алшар е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на XX век, а тие се Алатини … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Вулканот Суртсеи

Вулканот Суртсеи

Суртсеи е вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Неговите координати се: 63°18´11”С, 20°36´17”З/ 63.303° С, 20.6047° З, и е најужната точка на Исланд. Формиран е од вулканска ерупција која започнала 130 метри под морското ниво и стигнала до површинатана 14 Ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 Јуни 1967 година, кога островот ја постигнал својата максимална големина од 2.7 км2. Од тогаш ветерот и брановите создавале ерозија која предизвикала постепено намалување на големината, така … Read entire article »

Filed under: По Светот

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа, се наоѓа во рамки на Индонезија, сместен помеѓу островите Суматра и Јава т.е. на малиот  – Сундски Архипелаг. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, по која се издвојува како посебен тип на вулкан. Покрај продукцијата на лава и гасови, работата на овој вулкан се одликува со силни експлозии, проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Имено неговата активност е поврзана со субдукцијата … Read entire article »

Filed under: По Светот

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

02.12.2011. Пребарувајќи разни интернет ресурси, ја презентираме листата на 10-те најкатастрофални (со најмногу жртви) земјотреси во Светот, во последните 500 години, односно од 1500 година до денес. Листата е ваква: 1.  1556 година, Шанкси, Кина Најкрвавиот земјотрес на сите времиња е еден од најмалку познатите, со оглед на тоа се случил пред речиси 450 години. Епицентарот бил во провинцијата Шанкси во Кина, а според проценките, во овој земјотрес од 1556 година, загинале околу 830.000 луѓе. Зошто толку голем … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресот во Јапонија, предизвикал 50-метарско поместување на океанското дно

Земјотресот во Јапонија, предизвикал 50-метарско поместување на океанското дно

2.12.2011. Превземено од www.natinalgeographic.com Според најново истражување на јапонски научници, катастрофалниот земјотрес во Јапонија од 11-ти март 2011 година, предизвикал поместување на морското дно од дури 50 метри. Тоа е значително повеќе од вредностите на претходните извештаи кои укажуваа дека поместувањето изнесувало 24 метри. Вакво големо поместување всушност и го предизвика катастрофалното цунами од кое загинаа над 15.000 луѓе и кое меѓу другото, значително ги оштети нуклеарните реактори на Фукушима. За целта на студијата, Тошија Фуџивара … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Од архивата… Република Македонија спаѓа во медитеранско-трансазиски сеизмички активен појас. На територија на Република Македонија познати епицентрални подрачја со силни земјотреси се: Скопско, Валандовско, Пехчевско, Тетовско, Битолско, Дебарско, Охридско, Мрежичко (Тиквешко) и други подрачја. Сеизмичката активност во  Република Македонија се одвива во рамки на три сеизмогени зони. Валандово спаѓа во втората сеизмогена зона заедно со градот Скопје. Трите зони, во тектонска смисла, се опфатени со издигнување, при што издигнувањето на Вардарската сеизмогена зона е послабо во однос … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Откриен мегаконтинентот Гондвана

Откриен мегаконтинентот Гондвана

Превземено од ИДИВИДИ Австралиските научници соопштија дека пронашле делови од мегаконтинентот Гондвана во Индискиот океан. Овие делови би можеле да понудат одговори на некои прашањата, како на пример: Како е создадена планетата Земја? Двата дела се пронајдени во меѓународните води, 1.600 километри од Австралија. Деловите содржат фосили на организми кои живееле во плитките води, што значи дека деловите своевремено биле над водената површина. На почеток, се верувало дека остатоците се создадени од подводни вулкански активности, но геолозите од … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Advertisment ad adsense adlogger