Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "геоморфологија"

Внимателно со локалитетот Куклица – инаку брзо ќе го загубиме!

Внимателно со локалитетот Куклица – инаку брзо ќе го загубиме!

25.09.2016 Деновиве во медиумите се пренесува веста за „Шопска свадба“ – одлично замислен настан, но на целосно несоодветна локација. Имено, манифестацијата на која беа присутни речиси 2000 луѓе се одржа на локалитетот Камени кукли во с.Куклица, кој во 2008 година со закон е заштитен како природна реткост на Република Македонија. Станува збор за појава на околу 150 камени столбови (кукли) или земјени пирамиди настанати во вулкански туфови и бречи, кои се изразито осетливи на површинско раздробување, еродирање, … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

На денешен ден пред 60 години се случи голем одрон-урнис кај Кавадарци при кој загинаа 11 луѓе!

На денешен ден пред 60 години се случи голем одрон-урнис кај Кавадарци при кој загинаа 11 луѓе!

5.09.2016 Денес, градот Кавадарци одбележува 60 години од трагичната природна непогода – голем одрон на дел од ридот Градот (741 m) над с. Моклиште, при кој загинале 11 овчари, околу 1200 овци и друг добиток. Настанот се случил на 5 септември 1956 година, околу 6-7 часот наутро, кога за 15-тина минути огромна земјишна маса на северната страна на ридот Градот, нагло се сурнала во долината на Бунарска Река, притока на Луда Мара. Сточарите кои привремено живееле во подножјето … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Преикестолен – огромна вертикална карпа во норвешкиот фјорд!

Преикестолен – огромна вертикална карпа во норвешкиот фјорд!

11.07.2012 Иако веќе знаеме дека Норвешка е позната по нејзините природни убавини и богатства како нафта, природен гас, шуми, реки и др., особено карактеристични се фјордовите кои претставуваат извонредни туристички атракции. Меѓу најпознатите фјордови се Romsdal, Sogn & Fjordane, Hordaland, Lysefjord и други. Особено интересен е Lysefjord (Лисефјорд), бидејќи на една негова страна, се издига огромен карпест клиф, наречен Preikestolen. Фјордот и клифот се наоѓаат во западниот дел на Норвешка, во близина на градот Ставангер кој е … Read entire article »

Filed under: По Светот

Колку е висок највисокиот врв во Македонија?

Колку е висок највисокиот врв во Македонија?

5.07.2012 Највисокиот врв во Македонија(?) и на планината Кораб – Голем Кораб, можеби е еден од ретките маркантни врвови за кој сеуште има дилеми и несогласувања околу точната височина. Така, на постарите топографски карти се среќава вредноста 2764 м, додека на поновите (1:100.000 од 1987 година) фигурира височина од 2753 м. Некои одат до таму што велат дека Голем Кораб е повисок дури и од Триглав (2864 м) во Словенија. Истите веруваат дека Македонија била жртва … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

4.07.2012 При истражувањата на нафтените резерви во Северното Море, неколку нафтени компании дојдоа до интересни откритија. Имено, голема копнена површина која се протегала помеѓу Северна Шкодска и Данска позната под името Догерленд, во периодот од 18.000 до 5.500 година п.н.е. исчезнала во водите на Северното Море. Се верува дека на овој копнен простор живееле мамути, разни други животни, но и десетици илјади луѓе кои некогаш можеби биле срцето на Европа. Научниците веруваат дека за потопувањето на оваа таканаречена … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

19.06.2012 Во непосредна близина на градот Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја изградила прекрасната Бислимска Клисура, која по своите карактеристики е меѓу најинтересните во Република Македонија. За клисурата и нејзините богатства малкумина знаат, иако станува збор за природна реткост која е оддалечена само 5 км од градот. Под името Бислимска клисура, е опфатен делот помеѓу ридот Краста од западната и ридот Голиќ од источната страна, односно длабоко всечената долина на реката Пчиња од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Колку планини има во Република Македонија?

Колку планини има во Република Македонија?

27.05.2012 Обично за Македонија се вели дека е планинска или поточно планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини. Причините за таквиот релјеф лежат во сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години. Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен. Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини. Но каде всушност е вистината? … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

1.05.2012 Земјани пирамиди, земјани столбови, камени кукли и камени столбови се релативно ретки релјефни појави настанати со интензивни процеси на водно-механичка ерозија. За изградување на вакви форми, неопходни се повеќе услови (поволна карпеста и почвена подлога, соодветен терен, погодни климатско-вегетациски и хидрографски карактеристики, понекогаш и одредено влијание на човекот), што всушност е причина зошто се поретки појави. Добро оформени земјани или камени пирамиди имаат височина од неколку метри и карактеристичен изглед со поголем камен блок на … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Убавините на Нежилово

Убавините на Нежилово

30.04.2012 Во подножјето на планинскиот масив Јакупица (Мокра), југоисточно од највисокиот врв Солунска Глава (2540 м), се наоѓа селото Нежилово. Сместено е во долината на реката Бабуна, поточно во нејзиниот изворишен дел, на надморска височина од околу 700 м. Нежилово, заедно со својата поширока околина се одликува со прекрасни природни пејсажи, едни од најубавите во Република Македонија. Особено се интересни огромните карпести отсеци на Јакупица северно од селото, наречени Нежиловски Карпи. Тие се високи повеќе стотици метри … Read entire article »

Filed under: На тема

10-те најкатастрофални вулкански ерупции во поновата историја

10-те најкатастрофални вулкански ерупции во поновата историја

24.04.2012 Вулканските ерупции често се фасцинантни глетки, но понекогаш и навистина застрашувачки. Иако најголем дел од ерупциите се релативно мирни и со мали штети по населението и нивните имоти, сепак во последните 2000 години се забележани десетина навистина катастрофални ерупции со повеќе од 3000 жртви. Тие се: 1. Тамбора Тамбора е вулкан кој што се наоѓа на Самбава, еден од малите Сундски острови во Индонезија. Ерупцијата на Тамбора во 1815 година била најсилната ерупција забележана во поновата историја … Read entire article »

Filed under: На тема

ПЕШТЕРИ НА ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА

ПЕШТЕРИ НА ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА

Кога станува збор за планината Галичица неминовно е да се споменат процесите на карстификација. Тоа е така бидејќи тие процеси се најзаслужни за постанокот на пештерите на планината Галичица. Планината Галичица (Вир 2.288 m) со својата височина претставува доминантна релјефна појава (хорст) сместена помеѓу басенот на Охридското Езеро на запад и Преспанското на исток. Има издолжена форма со меридијански правец во должина од околу 50 km, додека нејзината најмала широчина (с. Трпејца – с. Лескоец) достигнува … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Публикувана Карпато-Балканско-Динарска геоморфолошка монографија со поглавје за Македонија!

Публикувана Карпато-Балканско-Динарска геоморфолошка монографија со поглавје за Македонија!

2.02.2012 Деновиве, познатата меѓународна издавачка куќа Springer ја публикува монографијата Recent Landform Evolution – The Carpatho-Balkan-Dinaric Region (Современа еволуција на релјефот – Карпато-Балканско-Динарски регион). Станува збор за научна публикација на Карпато-Балканско-Динарската работна група (CBDRWG) која е секција на Меѓународното геоморфолошко друштво (IAG) – најголемото светско здужение на геоморфолози. Во монографијата, на 460 страници се обработени современите геоморфолошки процеси, проблеми и тенденции во 11-те држави што припаѓаат на Карпато-Балканско-Динарската област и тоа: Полска, Чешка, Словачка, Украина, Унгарија, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Покрај Голем Град, во Македонија има уште десетици други острови!

Покрај Голем Град, во Македонија има уште десетици други острови!

14.01.2012 Вообичаено се смета дека островот Голем Град во југозападниот дел на Преспанското Езеро е единствениот остров во Република Македонија. Меѓутоа, тоа е сосема погрешно. Всушност, Голем Град е само најголемиот остров во нашата држава, бидејќи има уште десетици други острови по реките и вештачките езера, а некои од нив се исто така доста интересни. За островот Голем Град доста е пишувано и кажувано. Тој се наоѓа близу граничното тромеѓе помеѓу Македонија, Албанија и Грција, 2 км … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Лесново и Лесновскиот кратер-природна и духовна убавина!

Лесново и Лесновскиот кратер-природна и духовна убавина!

4.01.2012. Селото Лесново е се наоѓа во североисточниот дел од Република Македонија. Тоа е единствена населба во Република Македонија што лежи во јасно изразен и сочуван фосилен вулкански кратер и меѓу најстарите села кое не ја променило својата положба со векови! Името на селото потекнува од зборот лес, што значи шума. Всушност, во минатото овој простор бил густо пошумен, па се смета дека од таму и името. Административно селото Лесново припаѓа на општината Пробиштип. Сообраќајно е … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема

Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

23.12.2011. Автор: Соња Николова Дали знаете дека во околуната на Кратово има на стотици вулкански топки или уште познати како вулкански бомби? Вулкански бомби претставуваат делови на лавата кои се откинати како вжештена тестеста маса и со ерупцијата исфрлени од кратерот. Поради движењето во воздухот тие задобиваат различни облици и форми (Боев, 2006). Во Природонаучниот музеј се изложени вулкански бомби стари 15 милиони години, кои се пронајдени во атарот на селото Неокази крај Пробиштип. Најголемата бомба тежи … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Пештерата Коритиште една од најубавите и најдлабоките подводни пештери во светот

Пештерата Коритиште една од најубавите и најдлабоките подводни пештери во светот

Подводната пештера Коритиште е лоцирана во каноњот Матка од десната страна на реката Треска, во близина на градот Скопје. Пештерата е систем од пештери, една над водата и друга под водата и езеро. На таванот е дожд од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодуушевуваат столбовите близнаци кои се високи одолу 6 метри и се со кристална бела боја. Во длабочината се наоѓаат две езера, Мало и Големо езеро со својата таканаречена Руска плажа. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кундино и Кундинско Езеро-убавини помеѓу изгаснатите вулкани!

Кундино и Кундинско Езеро-убавини помеѓу изгаснатите вулкани!

8.12.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски Кундино е мало пробиштипско село кое се наоѓа 4 километри северозападно од градот, во подножјето на Плавица (1297 m). До селото кое има околу стотина жители, се стигнува преку регионалниот пат Пробиштип-Кратово. Тргнувајќи по овој пат, на околу 4 км од Пробиштип се скршнува десно и се движиме по локален пат уште 1 километар до центарот на селото. Самото село е на 700 метри надморска височина и има архаичен, доста интересен … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Кукуљето – втора Куклица во Република Македонија

Кукуљето – втора Куклица во Република Македонија

27.11.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски. Покрај познатите земјани пирамиди во Куклица, сличнa и доста интереснa појава постои јужно од Делчево, поточно кај селото Нов Истевник. Овој локалитет меѓу локалното население е познат под името Кукуље заради формите кои наликуваат на скаменети човечки фигури или камени кукли. Локалитетот, сообраќајно е поврзан преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. нов Истевник се скршнува на запад и по тесен асфалтен пат долг 1 километар се стигнува до самото … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Мелови – интересни релјефни појави во Малеш и Пијанец

Мелови – интересни релјефни појави во Малеш и Пијанец

27.11.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски. Мелови се многу интересни геоморфолошки форми, особено застапени во подрачјето на Малеш и Пијанец. Се одликуваат со карактеристичен амфитеатрален изглед кој се стеснува кон подножјето, така што наликуваат на пресечена инка. Во стручната терминологија, меловите се означуваат како бедленд терени (од англиското badland што значи лоша земја), односно терени значително уништени со површинска и длабинска ерозија. Самиот збор мел или мелови, веројатно потекнува од Малеш и Пијанец или од соседните подрачја … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Клисурата „Пешти“

Клисурата „Пешти“

На отприлика 5 километри јужно од градот Велес се наоѓа едно од најживописните предели во Р. Македонија, а тоа е Клисурата Пешти на реката Бабуна. Клисурата е позната по големиот број на пештери и неколкуте пропасти.  Во клисурата на Пешти се наоѓаат триесетина пештерски отвори и поткапини ( Д. Манаковиќ, 1966), меѓу кои позначајни се: Понор, Црквиче, Маркова Црква, Четири Врати, Топла пештера, Макаровец и др. Пештера Понор  На запад по страните на клисурата, на висина од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger