Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "геоморфологија"

Убавините на Пелистер

Убавините на Пелистер

Планинскиот масив Пелистер е типичен хорст издигнат долж повеќе раседи кои го одделуваат од Пелагонија и Преспанската котлина. Денешното издигнување на масивот изнесува 6 милиметри годишно. Со оглед на тоа што примарната структура на Пелистер претставува батолит, голем дел од карпестите маси се претставени со магматски карпи, пред се гранити и гранодиорити. За да ги доживеете со свои очи убавините на Пелистер потребна ви е желба и пред се добра кондиција. Мојата омилена тура започнува од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Лишков Пештер – најубавата пештера во Кумановско…

Лишков Пештер – најубавата пештера во Кумановско…

21.11.2011. Автор: д-р Ивица Милевски. Во Кумановската област, до денес се регистрирани и истражени неколку мали пештери изградени во варовници или мермери, меѓу кои има и неколку поинтересни. Во таа смисла посебно внимание заслужува пештерата Лишков Пештер, долга само околу 60 метри, која подетално е истражувана во периодот 1995-1998 година. Лишков пештер, се наоѓа во средишниот дел на кратката Бислимска Клисура, на околу 6 км јужно од Куманово (кај ридот Краста), во делот каде реката Пчиња силно … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

За Ѓаволскиот Ѕид, но од научна точка!

За Ѓаволскиот Ѕид, но од научна точка!

21.11.2011. Локалитетот Ѓаволски Ѕид се наоѓа на 2 km јужно-југо­источно од врвот на Богословец и околу 250 m северно од реката Бре­гал­ница, односно на нејзината десна долинска страна, на надморска височина од околу 250 m. Месноста каде се наоѓа појавата Ѓаволски Ѕид е релативно слабо пристапна. Со теренско возило по­до­б­ра пристапност е можна од два правци. Едниот е преку мака­дам­скиот пат што води од железничка станица Овче Поле до с. Богословец, во должина од 5.5 km. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Нови истражувања на Куклица

Нови истражувања на Куклица

20.11.2011. Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово, а во последно време стана познато и „популарно“ по карактеристичните ерозивни форми наречени земјани пирамиди или камени кукли. Првите подетални и попрецизни истражувања на Куклите, беа извршени од моја страна во периодот 1995-1998 година, а резултатите беа презентирани во трудот „Земјени пирамиди во Куклица-Кратовско“ во 2000-та година. Во истиотиот период, го користевме секој начин за да го промовираме локалитетот, истакнувајќи ги неговите уникатни вредности и … Read entire article »

Filed under: Географски вести

10-те можеби најубави високи врвови во Република Македонија

10-те можеби најубави високи врвови во Република Македонија

18.11.2011. Автор на текстот: д-р Ивица Милевски Слободно може да се каже дека Република Македонија е планинска земја со околу 40 планини од кои 12 повисоки од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина. На сите овие планини има околу 260 интересни и впечатливи планински врвови, од кои 85 над 2000 метри. Меѓу нив, посебно се истакнуваат 10-те врвови наведени во … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Најмалку истражуваниот планински масив на Земјата

Најмалку истражуваниот планински масив на Земјата

Закопан длабоко во внатрешноста на ледот, планинскиот масив на Антарктикот наречен Gamburtsev полека започнал да се појавува. Овој планински масив кој некогаш бил дел од серијата гребени со должина над 3000км. припаѓал на праконтинентот Гондвана кој се одвоил пред 250 милиони години. Овој планински масив бил најпрво забележан во 1900 година од една група на руски научници. Планинскиот масив е закопан под околу 5 километри мраз, а се претпоставува дека врвовите му достигнуваат до 4500 м.н.в. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Неверојатен приказ на пејсажи во Источна Сиера (САД)

Watch this video on YouTube Видеото е создадено од страна на VistaPointStudio (Сан Франциско) со вклопување на огромен број последователно снимени фотографии, кон крајот на јуни и тоа главно во ноќно време. Пејсажите се снимени во источните делови на Сиера, во САД, а извонредно јасно се гледа ноќното небо и нашата Галактика.       … Read entire article »

Filed under: Географски вести

ПАМУККАЛЕ – ФЕНОМЕНОТ НА ТУРЦИЈА

ПАМУККАЛЕ – ФЕНОМЕНОТ НА ТУРЦИЈА

16.11.2011.   Едно од најинтересните места што ги создала природата, не само во Турција туку и во светски рамки е Памуккале (Памукале). Се наоѓа 18 km североисточно од градот Денизли (во истоимената провинција), т.е. околу 200 km југоисточно од Измир (во југозападниот дел на Турција-оддалечен од Средоземното Море 80-тина km.). Сообраќајните врски се доста добри, така што пред влегувањето во Денизли, од главниот пат се одвојува еден современ асфалтен крак што води директно до Памуккале. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Нешто ново за Цоцев Камен-чудото од карпа

Нешто ново за Цоцев Камен-чудото од карпа

16.11.2011. Автори: д-р Ивица Милевски (географ) и м-р Василка Димитровска (археолог) Цоцев Камен е интересна геоморфолошка (денуда­ци­она) појава-карпа во вид на стог, а воедно и маркантен археолошки локалитет кој се наоѓа 15 km западно од Кратово, на десната долинска страна на повремениот водотек Врлеј (или Врлеј Дол), 1.7 km спротиводно од неговиот влив во Крива Река. Локалитетот е речиси подеднакво оддалечен (по 2 km) од селата Коњух на запад и Шопско Рударе на исток. Надморската височина пак … Read entire article »

Filed under: Географски вести

ЃАВОЛСКИ ЅИД КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ

ЃАВОЛСКИ ЅИД КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ

15.11.2011 Ѓаволски Ѕид е интересна природна геоморфолошка појава на јужните падини на ниската планина (ридот) Богословец (Св. Јовански Рид, 755 m). Се наоѓа на 2 km југоисточно од врвот на Богословец и околу 250 m северно од реката Брегалница. Географски координати на централната точка на геолокалитетот се (WGS84): 41°45`02″N и 22°01`23″Е. Комуникациска поврзаност Месноста каде се наоѓа појавата Ѓаволски Ѕид е релативно слабо пристапна. Со теренско возило подобра пристапност е можна од два правци. Едниот е преку макадамскиот … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger