Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Дарко Стојчески"

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Демографска слика на Пелагонискиот Регион, со посебен осврт на природниот прираст во периодот од 2003 до 2013 година

Демографска слика на Пелагонискиот Регион, со посебен осврт на природниот прираст во периодот од 2003 до 2013 година

29.01.2015 Република Македонија за потребите на географијата, демографијата, статистиката, како и на многу други научни дисциплини, може да се диференцира на повеќе региони. Во согластност на релјефот, но и на населеноста, во Р. Македонија може да се издвојат осум региони, и тоа: Полошки, Скопски, Североисточен, Источен, Југоисточен, Вардарски, Пелагониски и Југозападен Регион. Ваквата поделба на 29.09.2009 е официјализирана со закон во Собранието на Р.Македонија. Инаку, регионите се определени се со цел да се овозможи еден полесен … Read entire article »

Filed under: На тема

Вевчанските природни планински езера

Вевчанските природни планински езера

Планината Јабланица (Црн Камен, 2257 m) се наоѓа во крајниот југозападен дел на Р.Македонија, односно северозападно од Охридскиот Басен, помеѓу Охридската и Дебарската Котлина. Во рамките на границите на нашата држава се наоѓаат источните делови на истоимената планина, а нејзините западни делови припаѓаат во границите на соседната Р.Албанија. На источната страна на оваа наша убавица, покрај многубројните природни карактеристики и реткости со кои изобилува, се наоѓа и населбата Вевчани во чиј атар се наоѓаат повеќе значајни … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

ЧИЛЕ – ЗЕМЈАТА ПОМЕЃУ АНДИТЕ И ТИХИОТ ОКЕАН

ЧИЛЕ – ЗЕМЈАТА ПОМЕЃУ АНДИТЕ И ТИХИОТ ОКЕАН

Чиле или според официјалниот назив Република Чиле, се наоѓа во југозападот дел на Јужна Америка. Чиле претставува држава која се простира во еден тесен појас помеѓу високите Анди на исток и Тихиот Океан на запад. Таа е изолирана со високите планини – Анди и се наоѓа во еден од најзапоставените делови на Јужна Америка. Ваквата положба условува Чиле да има стабилни границите и да остане во својата природна целина. Чиле се граничи со Перу на … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Регија на Карпатските Планини – Карпатите

Регија на Карпатските Планини – Карпатите

Карпатските Планини или регијата на Карпатите ги завзема централните и источните делови на Европа. Поточно овие планини се наоѓаат помеѓу изразити релјефни целини како што се: Моравската Низина, Панонската Низина, Влашката Низина, Висорамнината Бирлад, Шелско – Mалополската Висорамина итн. Регијата има полукружна форма, која во средината се истанчува, а кон краевите се раширува. Регијата достигнува должина од околу 1500 km, а додека нејзината максималната ширина се движи до 300 km. Карпатите се протегаат од Моравската … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Одржан вториот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана

Одржан вториот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана

 Во текот на 3 – тата седмица од месец октомври (17/22.10.2013) се одржа вториот дел од размената  на студенти  помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана. За разлика од првиот дел на овој дел домаќин беше Егеа Скопје. Во текот на шесте дена од размена на студенти посетивме повеќе места од нашата мила Татковина. Размената ја започнавме со посетата на Институтот за Географија при ПМФ  – Скопје, каде следеше воведно предавање за Р. Македонија од страна … Read entire article »

Filed under: Природник...

Одржана петтата географска Балканијада

Одржана петтата географска Балканијада

Во периодот од 30.09.2013 до 04.10.2013 се одржа петтата Балканијада,по втор пат во организација на Егеа Загреб (Клуб на студентите по географија – Загреб). Претходно географскиот семинар ,,Балканијада“ кој е дел од европската географска асоцијација – ЕГЕА се има одржано во Ластово – Хрватска (во организација на Егеа Загреб, 2009 год), Крањска Гора – Словенија (Егеа Љубљана, 2010 год), Овчар Бања – Србија (Егеа Белград, 2011 год) и на Пелистер – Македонија (Егеа Скопје, 2012 … Read entire article »

Filed under: Природник...

Нов Зеланд – Земјата на Маорите

Нов Зеланд – Земјата на Маорите

07.08.2013  Нов Зеланд е островска држава која се наоѓа во југозападниот дел на Тихи Океан или околу 1.700 km источно од Австралија. Најголемиот дел од државата е составен од два острови (Северени Јужен Остров), кои се наоѓаат помеѓу 34° Ј.Г.Ш. и 47° Ј.Г.Ш. или се протегаат во должина од околу 1.600 km. Северниот и Јужниот Остров меѓусебно се одвоени со Куковиот премин, чија најкратка ширина изнесува 22 km. Покрај овие острови, во состав на државата учествуваат … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

 Од 13 до 18 април 2013 година, се одржа првиот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана. Станува збор за шесттатаразмена на студенти на која организатор е ,,ИЗСГ Природник‘‘ (Егеа Скопје), по втор пат во соработка со студенти од Љубљана.  Претходно,  ,,Егеа Скопје‘‘ има организирано размени со Нови Сад (2005 и 2010/11), Загреб (2005/06), Љубљана (2009) и Белград (2012).  Имено, на сегашната размена учествуваа вкупно 12 студенти, по 6 од Македонија … Read entire article »

Filed under: Природник...

Теренска настава до Тиквешкото Езеро предводена од ИЗСГ Природник (Егеа Скопје)

Теренска настава до Тиквешкото Езеро предводена од ИЗСГ Природник (Егеа Скопје)

17.03.2013 Од 8 до 10 март, ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) организираше теренска настава на Тиквешкото Езеро.  И овој пат со нов предизвик и ново место, а како наше ново стационарно место беше  една викендичка на западниот брег од Тиквешкото Езеро. Поточно локацијата на викендичката се наоѓа во заливот на реката Дреновица, во северниот дел од Тиквешкото Езеро. Локација која години наназад ги примамува Кавадарчани па и пошироко, па затоа од година во година се повеќе изникнуваат … Read entire article »

Filed under: Природник...

Транс – сибирската железница, најдолгата железничка магистрала во светот

Транс – сибирската железница, најдолгата железничка магистрала во светот

22.02.2013 Железничкиот сообраќај во Русија е еден од најискористените средства за превоз како на патници, така и за товар. Русија ја има втората најдолга железничка мрежа во светот (зад САД), чија должина на сите железнички пруги изнесува 87.157 km (широк колосек – 1520 mm). Од нив добри 44,56%  или 38.842 km се електрифицирани. Имено железничкиот сообраќај во Русија започнува да се развива во почетокот на 19 век, а веќе во 1851 година во функција е пуштена … Read entire article »

Filed under: На тема

ИЗСГ Природник за прв пат на пл. Плачковица

ИЗСГ Природник за прв пат на пл. Плачковица

13.12.2012 Од 7 декември до 9 декември ИЗСГ Природник (Егеа Скопје), организираше теренска настава односно мотивационен викенд на планината Плачковица.  Овој пат целта ни беше да пробаме и искусиме нешто ново.  Изборот беше  на планинарскиот дом Вртешка, во истоименото село,  кое од неодамна е иселено.  Инаку селото Вртешка се наоѓа на штипскиот дел од пл. Плачковица, а истото од градот Штип е одалечено 33 км. Домот се наоѓа на надморска височина од 1.080 м и има … Read entire article »

Filed under: Природник...

8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

1.12.2012 Се започна во учебната 2003/2004 година кога група на студенти од 4-та година, помогнати од професори и асистенти од Институтот за Географија, одлучија да формираат друштво на студенти географи.  На првиот состанок (15.03.2004) од страна на 9 студенти-географи (Арсова.А, Колев.М, Ангеловска С, Јовановска Е, Петров З, Петковски Т, Николиќ А, Тасков А и Јовевска Н.) одлучено е друштвото да се именува како ИЗСГ ПРИРОДНИК (истражувачко здружение на студенти географи – Природник), чие седиште ќе биде … Read entire article »

Filed under: Природник...

Планината Дурмитор и нејзините убавини

Планината Дурмитор и нејзините убавини

18.11.2012 Дурмитор претставува планински масив, кој се наоѓа во северозападните делови на Црна Гора. На североисток  и исток е распостранет до кањонот на реката Тара, на запад преку неговите ограноци се простира до кањонот на реката Пива,на југ преку превојот Седло се надоврзува со останатите Црногорски планини со динарски правец на протегање (северозапад – југоисток). Вака распостранетот масивот има должина од околу 50 км и ширина од околу 20 км. Името на оваа планина (масив) Дурмитор … Read entire article »

Filed under: На тема

Интересни релјефни форми: Томболо

Интересни релјефни форми: Томболо

06.11.2012 Томболо претставува мал полуостров кој настанува со акумулативно дејство на морските бранови. Оваа релјефна форма се појавува кај крајбрежните плитководни подрачја каде се зближуваат две копна (помеѓу два острови или остров  и континентален дел). Томболото настанува под влијание на брановите, кои движејќи се кон малиот остров што е испред континенталниот дел (поголема копнена површина), скршнуваат т.е. го забиколуваат островот и се судруваат меѓу двете копна. На местото каде се судруваат брановите, доаѓа до таложење на … Read entire article »

Filed under: На тема

Пештери во сливот на Беличка река (Белешница)

Пештери во сливот на Беличка река (Белешница)

Беличка река или реката Белешница (позната меѓу локалното население) е една од најголемите полноводни кратко – течни реки во Република Македонија. Оваа река се наоѓа во централните делови на Р. Македонија во областа Порече. Имено изворите  на оваа река се наоѓаат во непосредна близина на селото Белица (Порече). Реката има доста разгранен слив, кој лежи на подрачје богато со карбонатни карпи. Па затоа на територијата на овој слив има појава на повеќе пештери и пропасти, … Read entire article »

Filed under: На тема

Одржана четвртата Балканијада во националниот парк Пелистер, Македонија

Одржана четвртата Балканијада во националниот парк Пелистер, Македонија

ЕГЕА – Балканијада или Балканијада во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација), претставува манифестација – собир на студентите географи од западниот Балкан. Балканијада е манифестација која од година во година се повеќе се шири и со сигурност станува еден вистински семинар. Гледано во историски поглед, Балканијадата нема долга традиција, претставува нова манифестација чии почетоци датираат од пред 3 години (од октомври 2009 – тата год.), кога на хрватскиот остров Ластово за прв пат беше одржана. … Read entire article »

Filed under: Природник...

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Во периодот од 2 до 6 мај во Западна Србија – национален парк Тара се одржа 14 – тиот по ред Евромедитерански регионален конгрес (EMRC), по 4 – ти пат во организација на ЕГЕА Белград. На конгресот учествуваа повеќе од 120 студенти од 20 – тина европски држави, а свои претставници имаа 44 ентитети или 2/3 од постојаните ентитети во ЕГЕА. Меѓу нив, секако претставена беше и ЕГЕА  Скопје (ИЗСГ Природник), инаку ова e 6 … Read entire article »

Filed under: Природник...

Викенд предлог: Белица (Порече)

Викенд предлог: Белица (Порече)

Топонимот Белица  често пати се користи за именување на географските појави, меѓу кои особено се среќава при имeнување на населбите. Со ова име се именувани повеќе населби во Р. Македонија, како и во сосетството (Србија, Бугарија итн.). Денес во Р. Македонија со името Белица се среќаваат 4 селски населби, од кои две се среќаваат во Струшко, а по една во Кичевско и во областа Порече. Во оваа прилика ќе се запознаеме со Поречката Белица, која … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

Во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација на студенти) постојат 5 официјални конгреси, кои се одржуваат секоја година. Четири од нив се од регионален карактер, а еден е во рамки на цела Европа. (годишен). Асоцијацијата ЕГЕА за да може полесно да функционира и се развива е подела на 4 региони (Западен регион, Евромедитерански, Источен и Северен-Балтички регион), во секој од овие региони  годишно се одржува по еден конгрес (WRC – Западен Р.К, EMRC – Евромедитерански … Read entire article »

Filed under: Природник...