Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "езера"

10 – те најголеми езера во светот

10 – те најголеми езера во светот

Често пати сме се запрашaле кои се најголемите езера во светот, каде се наоѓаат и колку всушност  се големи тие езера? Во оваа статија ќе се обидам да дадам одговор на овие прашања. Во продолжение следува листа на 10-те најголеми езера во светот. Во листата покрај слатководните езера, опфатени се и солените езера. Најголемо езеро во светот е Каспиското езеро, по него редоследот е следен: Горно Ез. (Северна Америка), Ез. Викторија (Африка), Ез Хјурон (Сев. … Read entire article »

Filed under: На тема

Најголемите езера на 7-те континенти

Најголемите езера на 7-те континенти

Во следниот текст ви ги претставуваме најголемите езера според површина на сите 7 континенти. Изземајќи го Касписко Езеро за кое во научниот свет се уште не е разграничено дали е типично езеро или таканаречено внатрешно море и на кој континент му припаѓа – на Европа или на Азија, останатите најголеми езера се: Езеро Ладога во Европа Езерото Ладога се наоѓа во регионот Карелиа во северозападна Русија, источно од Балтичко Море. Езерото зафаќа површина од 17.675 км кв., … Read entire article »

Filed under: На тема

Интересни податоци за Охридското Езеро

Интересни податоци за Охридското Езеро

21.02.2012 Ви претставуваме некои од претходно познатите но и неодамна презентираните сознанија за Охридското Езеро. Охридското Езеро спаѓа во групата на многу стари, тектонски езера, можеби меѓу неколкуте најстари во Светот, а со сигурност најстаро во Европа. Според повеќе истражувања, неговата старост изнесува помеѓу 3 и 5 милиони години, што значи дека настанало уште во Плиоцен! Слични, многу стари езера се Бајкалското во Азија, Титикака во Јужна Америка и Тангањика во Африка. Инаку, за стари езера се … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Аралско Езеро – некогаш и денес

Аралско Езеро – некогаш и денес

Често пати Аралското езеро е нарекувано уште како и Аралско море, но овој термин  е погрешен бидејќи  под езеро се подразбира секоја затворена водена површина, без разлика дали се работи за солена вода. Името на ова езеро потекнува од туркменстанскиот збор ,,Aral“, што во превод значи ,,остров“.Лоцирано е во југозападните делови на средна Азија,  територијално е поделено помеѓу Казахстан и Узбекистан. Се наоѓа на надморска височина од 52 метри и од соседното Касписко езеро е … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Колку езера има во Република Македонија?

Колку езера има во Република Македонија?

11.01.2012 Кога ќе прашате некого колку езера има во Република Македонија, може да очекувате најразлични одговори: некој ќе каже само 3 мислејќи на големите котлински езера, друг пак ќе спомене бројка од 10-тина заедно со познатите вештачки езера или може да чуете 50, 60 или 80 езера.  Сепак, бројката е многу поголема, но точната можеби никогаш нема да биде прецизирана од едноставна причина што нема јасно разграничување меѓу езеро од една страна и локва, вир и … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Салаковски Езера – Горските очи на Јакупица

Салаковски Езера – Горските очи на  Јакупица

Во централниот дел на Република Македонија, се наоѓа еден од најубавите планински масиви во нашата земја. Масивот Јакупица, познат уште како и масив Мокра се состои од повеќе планински целини: Јакупица лоцирана во централниот и источниот дел (Солунска Глава 2.540 м), Даутица (2.179 м) кон југозапад, Караџица  (2.472 м) на севорозапад, Сува Планина продолжение на Караџица во северен правец, Шашковица кон североисток и Голешница на исток. Вака широко распостранет масивот Јакупица изобилува со многу природни … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија