Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "земјотрес"

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

26.07.2019 На денешен ден пред точно 56 години утрото во 5 ч. 17 мин. се случил силен земјотрес во Скопје. 26ти јули 1963 година ќе остане ден длабоко врежан во сеќавањето на многу поколенија, кои ќе се претопуваат во раскази за силниот земјотрес кој го разурнал Скопје. Епицентарот на овој земјотрес е во близина на с. Бразда, со магнитуда 6.1 степени според Рихтеровата скала. Макросеизмичките ефекти на земјотресот имале катастрофални последици за жителите и градбите во … Read entire article »

Filed under: На тема

Скопскиот земјотрес и Пикасо

Скопскиот земјотрес и Пикасо

26.07.2018 Тоа петочно утро, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути “Меркали” нападна речиси со сета сила, со своите 9 степени! Обично ваквите најави претставуваат почеток на војна или некој друг вид катастрофа. Ова претставуваше катастрофа од 20 секунди, каде што почетокот го означуваше крајот. Сѐ се случи одеднаш, бучавата беше присутна низ улиците, се рушеше се наоколу. Многу луѓе останаа на улица, а уште потрагично, преку 1000 луѓе го загубија животот. … Read entire article »

Filed under: На тема

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

23.1.2018 Пред околу час и половина, Алјаска ја погоди разорен земјотрес со магнитуда од 7.9 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 256 km југоисточно од Чињак, на длабочина од 10 km. Досега имало 5 афтершокови, од кои еден од 7.0 и еден од 5.0 степени по Рихтер. Ситуацијата може да се следи овде. Локалните жители се предупредени дека можна е појава на цунами. Исто така, можно е цунами да ги погоди бреговите на Бритиш … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

26/12/2017 Неотектонски и сеизмотектонски карактеристики Сезмичноста на територијата на Македонија и околните блиски балкански региони е поврзана за вертикални и делумно хоризонтални поместувања на тлото, вдолж гравитациони (нормални) раседи. Овие раседи се формирани со неотектонските процеси на вертикални диференцијални движења, кои отпочнале пред околу 18 милиони години, a во некои предели и денес се јавуваат како современи тектонски движења. Тектонските процеси на раседнување имале променлив карактер, при што се менувале периоди на поинтензивна тектонска подвижност со периоди … Read entire article »

Filed under: Географски вести

27 години од гевгелискиот земјотрес!

27 години од гевгелискиот земјотрес!

21.12.2017 Денес е 27 годишнина од гевгелискиот земјотрес, со измерена магнитуда од 5.5 степени според Рихтер. По тој повод, во натамошниот текст накратко ќе бидат прикажани резултатите од одредените параметри (магнитуда, локација на хипоцентар), почуствуваноста, ефектите на површината на Земјата и оштетувањата врз градбите. Во утринските часови, на 21.12.1990 година подрачјето помеѓу Гевгелија (Р. Македонија) и Гуменџа (Р. Грција) го зафати висока сеизмичка активност, која се изрази со серија на земјотреси. Главниот земјотрес на оваа серија се случи … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресот од 1911 година во јужниот дел од Охридско Езеро најсилен во епицентралното подрачје

Земјотресот од 1911 година во јужниот дел од Охридско Езеро најсилен во епицентралното подрачје

23/11/2017 Сеизмичката активност на територијата на Република Македонија и пограничните региони е поврзана со деструктивните процеси во Земјината кора, односно тектонските движења кои се манифестираат и денес, во издигањето или тонењето и латералното поместување на одделните блокови. Доказ за тоа се големиот број на земјотреси случени во минатото како и во поновата историја. Земјотресите случени во периодот 1901 – 2015 година прикажани се на Слика 1. Слика 1. Каталог на земјотреси за Македонија и блискиот соседен регион … Read entire article »

Filed under: Географски вести

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

2.10.2016 Хронологија и опис на настанот Во периодот од 11 до 14 септември 2016 година, градот Скопје и неговата околина беа погодени од неколку посилни и 20-тина послаби земјотреси. Серијата земјотреси започна во недела, на 11 септември во 6 часот и 58 минути, со потрес чие жариште беше на околу 10 km североисточно од центарот на Скопје, помеѓу с.Арачиново и с.Црешово. Длабочината на земјотресот беше околу 5 km, магнитудата околу 4,1 степени, а интензитетот околу V-VI степени според ЕМС (Европска макросеизмичка скала, позната … Read entire article »

Filed under: На тема

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

02.12.2011. Пребарувајќи разни интернет ресурси, ја презентираме листата на 10-те најкатастрофални (со најмногу жртви) земјотреси во Светот, во последните 500 години, односно од 1500 година до денес. Листата е ваква: 1.  1556 година, Шанкси, Кина Најкрвавиот земјотрес на сите времиња е еден од најмалку познатите, со оглед на тоа се случил пред речиси 450 години. Епицентарот бил во провинцијата Шанкси во Кина, а според проценките, во овој земјотрес од 1556 година, загинале околу 830.000 луѓе. Зошто толку голем … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресот во Јапонија, предизвикал 50-метарско поместување на океанското дно

Земјотресот во Јапонија, предизвикал 50-метарско поместување на океанското дно

2.12.2011. Превземено од www.natinalgeographic.com Според најново истражување на јапонски научници, катастрофалниот земјотрес во Јапонија од 11-ти март 2011 година, предизвикал поместување на морското дно од дури 50 метри. Тоа е значително повеќе од вредностите на претходните извештаи кои укажуваа дека поместувањето изнесувало 24 метри. Вакво големо поместување всушност и го предизвика катастрофалното цунами од кое загинаа над 15.000 луѓе и кое меѓу другото, значително ги оштети нуклеарните реактори на Фукушима. За целта на студијата, Тошија Фуџивара … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Нов земјотрес во Турција

Нов земјотрес во Турција

Оваа седмица, Турција повторно беше изложена на потреси. Во серијата нови земјотреси што ја погодија Источна Турција особено трагичен беше земјотресот што се случи во средата (09.11.2011). Овој земјотрес ја погоди провинцијата Ван, неговиот интензитет инесува 5,6 степени според Рихтеровата скала, а додека неговиот епицентар е регистриран северозападно од градот Ван (367.000 жители) т.е.  во околината на градчето Едремит.  Последиците од овој земјотрес се нови 25 урнати згради и над 30 загинати, меѓу кои има … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Advertisment ad adsense adlogger