Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "земјотреси"

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

2.10.2016 Хронологија и опис на настанот Во периодот од 11 до 14 септември 2016 година, градот Скопје и неговата околина беа погодени од неколку посилни и 20-тина послаби земјотреси. Серијата земјотреси започна во недела, на 11 септември во 6 часот и 58 минути, со потрес чие жариште беше на околу 10 km североисточно од центарот на Скопје, помеѓу с.Арачиново и с.Црешово. Длабочината на земјотресот беше околу 5 km, магнитудата околу 4,1 степени, а интензитетот околу V-VI степени според ЕМС (Европска макросеизмичка скала, позната … Read entire article »

Filed under: На тема

Најголемите природни непогоди во Македонија во последните 100 години!

Најголемите природни непогоди во Македонија во последните 100 години!

28.09.2016 Подрачјето на Република Македонија има такви географски карактеристики што погодуваат за честа појава на некои природни непогоди: земјотреси, поплави, порои, свлечишта и одрони, лавини, суши, топлотни (па и студени) бранови и др. До пред неколку децении, споменатите непогоди се сметаа за типично природни, односно настанати по природен пат. Сепак, во последно време се увидува дека човекот има се поголемо директно или индиректно влијание врз појава и честината на споменатите непогоди (освен земјотресите), а особено врз ризикот … Read entire article »

Filed under: На тема

Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

8.07.2012 Ако барате место кое би било сигурно од земјотреси, оваа карта може да ви помогне. Таа покажува каде се случиле поголемите земјотреси на планетата Земја и тоа од 1898 година до денес. На картата, вкупно се внесени 203.186 земјотреси посилни од 4 степени по Рихтер, на тој начин што колку е посјајна точката, толку бил посилен земјотресот. Се забележува дека земјотресите обично се распоредени во карактеристични тесни зони и области на Земјата. Во таа смисла, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Кои се причините за честите земјотреси во јужниот дел на Балканскиот Полуостров?

Кои се причините за честите земјотреси во јужниот дел на Балканскиот Полуостров?

23.05.2012 Ноќта на 22.05.2012 година, во 02 часот, се случи силен земјотрес чиј епицентар беше во градот Перник (20 км југозападно од Софија) со интензитет од 5,8 степени по Рихтер и длабочина од околу 9 км. По главниот земјотрес, на овој простор се појавија уште 15 послаби. Главниот земјотрес предизвика материјална штета, а околу 50-тина лица беа повредени. Она што е карактеристично е големиот регионален ефект на земјотресот. Имено, истиот се почувствува на повеќе локации на … Read entire article »

Filed under: На тема

Интересни географски факти за Македонија!

Интересни географски факти за Македонија!

19.12.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски. Во наредниот преглед се претставени некои географски факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле! Во Македонија, на така мал простор се застапени речиси сите видови на карпи и почви што ги има во Европа. Некои карпи во источниот дел на државата се извонредно стари – близу милијарда години! Исто така, во нашата држава се наоѓа можеби единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што можете да ги видите … Read entire article »

Filed under: На тема

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

02.12.2011. Пребарувајќи разни интернет ресурси, ја презентираме листата на 10-те најкатастрофални (со најмногу жртви) земјотреси во Светот, во последните 500 години, односно од 1500 година до денес. Листата е ваква: 1.  1556 година, Шанкси, Кина Најкрвавиот земјотрес на сите времиња е еден од најмалку познатите, со оглед на тоа се случил пред речиси 450 години. Епицентарот бил во провинцијата Шанкси во Кина, а според проценките, во овој земјотрес од 1556 година, загинале околу 830.000 луѓе. Зошто толку голем … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Од архивата… Република Македонија спаѓа во медитеранско-трансазиски сеизмички активен појас. На територија на Република Македонија познати епицентрални подрачја со силни земјотреси се: Скопско, Валандовско, Пехчевско, Тетовско, Битолско, Дебарско, Охридско, Мрежичко (Тиквешко) и други подрачја. Сеизмичката активност во  Република Македонија се одвива во рамки на три сеизмогени зони. Валандово спаѓа во втората сеизмогена зона заедно со градот Скопје. Трите зони, во тектонска смисла, се опфатени со издигнување, при што издигнувањето на Вардарската сеизмогена зона е послабо во однос … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Нов земјотрес во Турција

Нов земјотрес во Турција

Оваа седмица, Турција повторно беше изложена на потреси. Во серијата нови земјотреси што ја погодија Источна Турција особено трагичен беше земјотресот што се случи во средата (09.11.2011). Овој земјотрес ја погоди провинцијата Ван, неговиот интензитет инесува 5,6 степени според Рихтеровата скала, а додека неговиот епицентар е регистриран северозападно од градот Ван (367.000 жители) т.е.  во околината на градчето Едремит.  Последиците од овој земјотрес се нови 25 урнати згради и над 30 загинати, меѓу кои има … Read entire article »

Filed under: Географски вести