Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Институт за географија"

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

12.06.2016 На само 2 km југозападно од с. Миравци, на крајните источни падини на Кожуф, се наоѓа локалитетот “Пилоу лава (Pillow lava)”, кај месното население познато уште како и “Белиот Рај”. Појавата е на 185 m надморска височина, односно на вливот на Стара Река во Петрушка Река. Низ локалитет поминува локален пат што води од населбата Миравци до селото Петрово. На вливот на Стара Река во Петрушка Река, двете реки изградиле мали сатески со кањонски карактер со висина од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

27.04.2012  На меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″, кој почна во вторник, 24-ти април, во 18 часот на Скопски саем, Хала 4, беа претставени студиски програми од 12 земји од светот. На Саемот се претставуваaт вкупно 45 универзитети со повеќе од 170 факултети од земјава и странство. Средношколците, студентите и професионалците од различни области можат да се запознаат со студиски програми во дванаесет држави од целиот свет, меѓу кои Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Дводневна теренска настава до Мариово и Порече

Дводневна теренска настава до Мариово и Порече

26.04.2012 На 25 и 26 април (среда и четврток), со студентите од четврта година на Институтот за географија (наставна насока) беше изведена теренска настава до Мариово, Крушево, Порече и Церско. Во првиот ден, по тргнувањето од Скопје, студентите имаа можност преку Прилеп да навлезат и да го посетат прилепскиот дел на Мариово, со подолго разгледување на централната населба во овој простор – селото Витолиште. Инаку, Мариово е карактеристична брановидна котлина во крајниот јужен дел на Република … Read entire article »

Filed under: Наставни

СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА!

СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА!

Почитувани,  Институтот за географија е најстара високошколска установа во Република Македонија од областа на географијата. Високостручниот потенцијал, богатото искуство од над 90 години, одличната просторна и техничка опременост, овозможуваат студирање по најсовремени светски стандарди. Освен додипломски студии, на Институтот се организираат магистерски и докторски студии, со што целосно е заокружен наставниот процес до највисоко ниво. Во моментот на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје егзистираат четири акредитирани студиски програми од прв циклус и тоа: НАСТАВНА ГЕОГРАФИЈА. … Read entire article »

Filed under: Наставни

Набљудувајте го ноќното небо кога сакате и од каде сакате преку Stellarium

Набљудувајте го ноќното небо кога сакате и од каде сакате преку Stellarium

27.02.2012 Од пред неколку години, на интернет се појави прекрасна апликација Stellarium – виртуелен планетариум за набљудување на ноќното небо. Со напредокот на користената технологија, денес оваа апликација со верзијата 0.11.1, стана една од најкористените виртуелни планетариуми во светот, а за тоа има повеќе причини. Пред се, инсталацијата и работата со програмата се многу едноставни, а приказот на хоризонтот и на ноќното небо извонредно реалистичен. Второ, апликацијата ги покажува положбите на небесните тела во реално време, … Read entire article »

Filed under: На тема

Публикувана Карпато-Балканско-Динарска геоморфолошка монографија со поглавје за Македонија!

Публикувана Карпато-Балканско-Динарска геоморфолошка монографија со поглавје за Македонија!

2.02.2012 Деновиве, познатата меѓународна издавачка куќа Springer ја публикува монографијата Recent Landform Evolution – The Carpatho-Balkan-Dinaric Region (Современа еволуција на релјефот – Карпато-Балканско-Динарски регион). Станува збор за научна публикација на Карпато-Балканско-Динарската работна група (CBDRWG) која е секција на Меѓународното геоморфолошко друштво (IAG) – најголемото светско здужение на геоморфолози. Во монографијата, на 460 страници се обработени современите геоморфолошки процеси, проблеми и тенденции во 11-те држави што припаѓаат на Карпато-Балканско-Динарската област и тоа: Полска, Чешка, Словачка, Украина, Унгарија, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Во сабота на 21 јануари, во просториите на Природно-математичкиот факултет беше одржан четвртиот Семинар за наставниците по географија во Република Македонија, во организација на Македонското географско друштво. И покрај релативно лошите временски услови, на настанот присуствуваа 50-тина наставници од различни делови на државата. Во рамките на семинарот беа презентирани 3 стручни предавања поврзани со регионалната географија, односно географските региони во Светот (проф. д-р Благоја Маркоски), потоа географијата и геополитиката (проф. д-р Ристо Мијалов и Горан … Read entire article »

Filed under: Активности

Што се случува со Сонцето?

Што се случува со Сонцето?

6.12.2011.   Автор: д-р Ивица Милевски. Сонцето е единствена ѕвезда во нашиот ѕвезден систем кој уште го сочинуваат 8 планети, неколку џуџести планети, стотици месечини, милиони астероиди, комети, метеори и други тела. Иако по сите карактеристики е само просечна, дури и помала ѕвезда, Сонцето е главен член и основен извор на енергија, топлина, светлина и сето она што е неопходно за живот во нашиот систем. На прв поглед толку едноставно, непроменливо, налик на светлечки диск со … Read entire article »

Filed under: На тема

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

10-те најкатастрофални земјотреси во Светот во последните 500 години!

02.12.2011. Пребарувајќи разни интернет ресурси, ја презентираме листата на 10-те најкатастрофални (со најмногу жртви) земјотреси во Светот, во последните 500 години, односно од 1500 година до денес. Листата е ваква: 1.  1556 година, Шанкси, Кина Најкрвавиот земјотрес на сите времиња е еден од најмалку познатите, со оглед на тоа се случил пред речиси 450 години. Епицентарот бил во провинцијата Шанкси во Кина, а според проценките, во овој земјотрес од 1556 година, загинале околу 830.000 луѓе. Зошто толку голем … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Последните неоткриени племиња во Светот…

Последните неоткриени племиња во Светот…

25.11.2011. Племенска заедница Енвира. Скриени длабоко во темните тропски дождовни шуми, за прв пат примитивно племе дојде лице во лице со модерниот свет. Престрашениот стар клан ги подигна нивните лакови и стрели во самоодбрана од бучниот авион кој го нарушува нивниот мирен свет. Овие неверојатни фотографии покажуваат една од последните “изгубени племиња” преостанати во светот. Во моментов тие се соочуваат со цивилизацијата. Заедницата, позната како Енвира, беше откриена во еден од најоддалечените делови на бразилската дождовна … Read entire article »

Filed under: Географски вести

МЕТЕОРИ

МЕТЕОРИ

Земјата патува околу Сонцето. Кога таа ќе влезе во регион кој содржи прав од кометите, честичките удираат во горниот дел на атмосферата. Топлината и триењето предизвикуваат тие да горат и при тоа од површината тоа се забележува како светлечка трага, која ние ја викаме метеор. Метеорите се најмали темни и ладни небесни тела во сончевиот систем, кои за време на ведрите ноќи ненадејно се појавуваат во облик на светлечки точки и брзо прелетуваат од еден … Read entire article »

Filed under: На тема

ПАМУККАЛЕ – ФЕНОМЕНОТ НА ТУРЦИЈА

ПАМУККАЛЕ – ФЕНОМЕНОТ НА ТУРЦИЈА

16.11.2011.   Едно од најинтересните места што ги создала природата, не само во Турција туку и во светски рамки е Памуккале (Памукале). Се наоѓа 18 km североисточно од градот Денизли (во истоимената провинција), т.е. околу 200 km југоисточно од Измир (во југозападниот дел на Турција-оддалечен од Средоземното Море 80-тина km.). Сообраќајните врски се доста добри, така што пред влегувањето во Денизли, од главниот пат се одвојува еден современ асфалтен крак што води директно до Памуккале. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Подводниот вулкан Катла се разбуди по 93 години – Net Press

Подводниот вулкан Катла се разбуди по 93 години – Net Press

  13. 11.2011 – 12:51:06 Островот Ел Хиеро на југозападот на Шпанија во последните 24 часа го погодија 43 земјотресо, додека активностите на подводниот вулкан Катла, кој се разбуди по 93 години, продолжуваат исфрлајќи отровни гасови по Атлантикот. Локалните власти на Канарските острови соопштиле дека еден од земјотресите достигнал јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а според пишувањата на медиумите, потресот го почувствувале најмалку два острови во архипелагот. Околу 1.480 тони јаглен диоксид се исфрла дневно од подводниот … Read entire article »

Filed under: Природник...

Advertisment ad adsense adlogger