Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "клима"

Наместо глобално затоплување, некои руски климатолози предвидуваат глобално заладување уште наредната година

Наместо глобално затоплување, некои руски климатолози предвидуваат глобално заладување уште наредната година

4.03.2013 Руските научници, врз основа на одредени климатски индикатори, наместо глобално затоплување, предвидуваат глобално заладување кое ќе почне уште следната, 2014 година, а максимумот ќе го достигне неколку години подоцна. Инаку, најголем број климатолози сметаат дека глобалната клима се затоплува како резултат на антропогените влијанија и зголеменото испуштање на јаглерод диоксид и други гасови кои го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“. Затоплувањето на Земјата започнало во втората половина на 18 век, со почетокот на индустриската револуција. Но … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Најновите симулации покажуваат значителен глобален пораст на температурите до 2050 година!

Најновите симулации покажуваат значителен глобален пораст на температурите до 2050 година!

4.04.2012 Тоа се резултатите од проектот во кој беа вклучени 10.000 климатски симулации, а објавени во познатото списание Nature Geoscience. Резултатите покажуваат дека до 2050 година, глобалната температура на воздухот ќе порасне помеѓу 1,4 и 3 степени целзиусови. Значењето е уште поголемо ако се има во предвид дека за прв пат во ваков проект се вклучени толку многу симулации на исто толкав број моќни персонални компјутери, мрежно поврзани преку интернет. Во проектот како основа беше користен комплексниот атмосферско-океански … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Утре доаѓа пролетта

Утре доаѓа пролетта

19.03.2012 По доста студената зима, утре (вторник, 20.03.2012) во 6 часот и 14 минути стигнува пролетта. Утрешниот ден на северната хемисфера е пролетна рамноденица, односно денот и ноќта траат подеднакво по речиси 12 часа. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 15 минути подолго. Интересно е што во моментот на почетокот на пролетта, сонцето ќе биде во соѕвездието Риба (иако тоа нема да може да го набљудуваме), а Месечината … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Интензивните снежни врнежи не се ништо невообичаено за Македонија

Интензивните снежни врнежи не се ништо невообичаено за Македонија

13.02.2012 Првата половина на месец февруари беше карактеристична по интензивните снежни врнежи во Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров. Кај нас, височината на снежната покривка на одредени места достигна големи вредности во однос на претходните неколку години, што предизвика вистинско изненадување. Тоа е поради фактот што во последните десетлетија, веројатно како последица на глобалното затоплување, зимите на овие простори станаа доста потопли и посушни. Сепак, ако се вратиме наназад, имало периоди и години со многу … Read entire article »

Filed under: На тема

Помалку мраз на Арктикот условува повеќе снег во Европа!

Помалку мраз на Арктикот условува повеќе снег во Европа!

Според најновите истражувања, веројатноста за постудени и поснежни зими во Централна Европа и околните подрачја се зголемува во периоди кога Арктикот е покриен со помалку мраз во летниот период. Научниците од Институтот за поларни и морски истражувања „Алфред Вегенер“ во Потсдам, го разоткрија механизмот со кој намалувањето на мразната маса на Арктикот во лето, ги менува зоните на воздушниот притисок во атмосферата над Арктикот, што пак влијае на зимите во Европа. Како што е забележано … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Климатски рекорди на Земјата

Климатски рекорди на Земјата

6.02.2012 Деновиве велиме дека е многу студено или дека има многу снег, а во лето пак ни е многу жешко, премногу сушно или премногу врне. Но како е тоа по Светот и кои се климатските екстреми за наведените појави? Места со најтопла клима на Земјата Највисоката температура на воздухот е измерена во местото Ел Азизија во пустинските делови на Либија со вредност од 57,8 степени целзиусови (во 1922 година)! Речиси иста вредност (57,1 степен) е забележана во Долина … Read entire article »

Filed under: На тема

Се менува климата во Македонија?

Се менува климата во Македонија?

30.01.2012 Во последно време многу често се зборува за климатски промени и нивните ефекти врз Земјата и секако врз човекот. Бидејќи претставува многу комплексен проблем, често се појавуваат и разни шпекулации на таа тема кои внесуваат забуна. Климата како динамичен систем, низ Земјината историја многу често се менувала. Тие промени биле од локално, регионално па се до глобално ниво, во зависност од причините што ги условувале. Во подалечното геолошко минато, до пред неколку милиони години, климата на … Read entire article »

Filed under: На тема

Колку студено може да биде во Република Македонија?

Колку студено може да биде во Република Македонија?

16.01.2012 Деновиве сме сведоци на доста ниски температури на воздухот, кои во одредени региони достигнуваат и до -26 степени целзиусови. Меѓутоа, такви ниски температури не се некоја невообичаена појава и ако не секоја, се јавуваат барем секоја втора или трета година во месец јануари или февруари. Всушност, од кога се мерат температурите во нашата држава, забележани се и многу пониски вредности. Така, на 27 јануари во 1954 година, во Берово е забележана температура од -31,5 степени, а на истиот … Read entire article »

Filed under: На тема

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ ЗАКАНА ЗА ТУРИЗМОТ НА МАЛДИВИТЕ

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ ЗАКАНА ЗА ТУРИЗМОТ НА МАЛДИВИТЕ

26.12.2011 Автор: д-р Дејан Илиев Во последните децении се јавуваат интензивни промени на климата како последица на човекот и неговите активности поврзани со испуштањето на штетните гасови во атмосферата кои потоа го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување на Земјината површина. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) во текот на XX век температурата на воздухот на Земјината површина се зголемила за околу 0,6ºC. Во периодот што следи (1990 – 2100 година) се предвидува дека … Read entire article »

Filed under: На тема

За климата на Република Македонија…

За климата на Република Македонија…

16.12.2011.  Автор: Ивица Милевски Климата е мно­гу значаен гео­граф­ски фактор. Од климата зависи коли­че­с­твото на врнежи, пол­но­водноста на реките, богатството на растителен и животински свет, а секако и ак­тив­но­ста на човекот во просторот. Во стопанството, климата има осо­бе­но влијание врз зем­јоделството, шумарството, потоа сообраќајот, туризмот, начинот на живеење и др. Климатските фактори одредуваат каква ќе биде климата во одреден простор. За Репуб­лика Македонија, најважни климатски фактори се: географската положба, рел­је­фот, бли­зината на околните мориња и атмосферските струења. Во … Read entire article »

Filed under: На тема

Глобално затоплување – промени и последици

Глобално затоплување – промени и последици

Глобално затоплување е зголемувањето на просечната температура на воздухот близу до површината на Земјата и на океаните од средината на 20-тиот век и неговото проектирано продолжување. Помеѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC) заклучува дека набљудуваниот пораст на температурата од средината на 20-тиот век најмногу се должи на растечките концентрации на гасовите кои го создаваат ефектот на стаклена градина, а се резултат на низа човекови активности како согорувањето на фосилното гориво и уништувањето на шумите. Проекциите … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема