Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Македонија"

Геопарковите не претставуваат закана за локалните економски активности

Геопарковите не претставуваат закана за локалните економски активности

21.12.2019 Геопарковите претставуваат современ концепт на заштита, промоција и одржливо искористување на геолошки и геоморфолошки локалитети со меѓународно значење или интернационална вредност. Првите геопаркови се воспоставени во 2001 година и се покажаа како извонреден начин, не само на промоција на нивните уникатни вредности, туку и за забрзан развој на локалните заедници во кои се лоцирани. Со големиот интерес за воспоставување на геопаркови во годините кои следеа, нивната бројка драстично се зголеми и сега само во Европа … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Колку глацијални езера има на Шар Планина?

Колку глацијални езера има на Шар Планина?

24.11.2019 Познато е дека Шар Планина има најголем број на глацијални езера од сите планини во Македонија. Така, во географската литература најчесто се споменуваат околу 20-30 глацијални езера само во македонскиот дел на планината. Причина за толку глацијални езера на Шар Планина (повеќе од сите останати планини во Македонија заедно) е значителната просечна височина на планината и големиот број на циркови, валови како остатоци од мошне изразената плеистоцена глацијација. Заради различните податоци, а со цел прецизна … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Изработени модели на просечно траење, максимална и просечна височина на снежната покривка во Македонија!

Изработени модели на просечно траење, максимална и просечна височина на снежната покривка во Македонија!

5.07.2019 Поради недостаток на карти и податоци за просечно траење и височина на снежната покривка на територијата на нашата држава, а поради потребата од такви податоци, изминатиот месец се пристапи кон изработка на модел за овие климатски елементи. Како основа, во постапката беа користени податоците од Лазаревски (1993), за метеоролошките станици во Македонија, за периодот 1951-1980. Овие податоци беа надополнети со пресметките од дневните сателитски снимки MODIS Terra за периодот 2009-2019 година. Претходното послужи за висинска … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Патепис од теренската настава во областа Азот…

Патепис од теренската настава во областа Азот…

30.04.2019 Основното училиште “Стојан Бурчевски Буридан” – Иванковци секоја година во нивната програма за работа има планирано теренска настава за учениците во природа. Организатор на овие теренски настави е наставникот по географија Трајче Недев, во соработка со наставниците од училиштето. Оваа година теренската настава се одржа во областа Азот, во период 19-21.04.2019 година. Нашето патување го започнавме од селото Иванковци со крајна дестинација до манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија, околу 5 km оддалечено над селото Ореше. Прво … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Што е тоа Шангајска листа, како се изготвува и каде е Македонија на неа?

Што е тоа Шангајска листа, како се изготвува и каде е Македонија на неа?

25.08.2018 Неодамна излезе ранг-листата на најдобрите светски универзитети за 2018 година, или т.н. Шангајска листа. Оваа листа за прв пат е објавена во јуни 2003 година од страна на „Центарот за универзитети од светска класа“ и „Институтот за високо образование при Универзитетот Џао Тонг – Шангај“, Кина. Од 2009 година, лиценца за „Рангирање на Светските Универзитети (The Academic Ranking of World Universities) ARWU“ има ShangaiRanking Consultancy која е независна од било кој универзитет или владини организации. … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Конкурс за геофотографија – 2018

Конкурс за геофотографија – 2018

22.08.2018 Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ започнува со серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Република Македонија. Идеата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со природните убавини кои постојат во Македонија и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме. Темата е „Кањони и водопади во Република Македонија“. Фотографиите може да се испраќаат до 31.08.2018 година, а право на учество имаат сите граѓани на Р. Македонија. Апликација: Учеството е бесплатно. Еден автор може да … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Природник..., Чудесна Македонија

Убавините на селото Стровија

Убавините на селото Стровија

19.05.2018 Селото Стровија се наоѓа во крајниот северен дел на Прилепско Поле, на територијата на Општина Долнени, оддалечено 35 км од градот Прилеп. До селото води локален асфалтен пат кој кај с. Ропотово се исклучува од главниот пат (Прилеп-Кичево) и се поминува низ селата Костинци и Црнилиште. Патот иако е солиден, но наместа тесен (3-4 m), па неопходно е внимателно возење. Стровија лежи во најсеверниот дел на Пелагонија, поточно на контактот помеѓу нејзиниот рамничарски дел на … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

23.03.2018 Деновиве, малку невообичаено за овој период од годината, се јавија значителни снежни врнежи во повисоките, но и и во пониските делови на Македонија (под 500 метри н.в.). Така, на 21-22 март во Скопје наврнаа околу 10 cm снег, а снежни врнежи има и денес. Според метеоролошките податоци од 1951 година наваму (откако има попрецизни податоци за снежната покривка), денешните и вчерашните врнежи се најдоцните забележани зимско-пролетни снежни врнежи, проследени со создавање на снежна покривка во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Бањски туризам – Катлановска бања

Бањски туризам – Катлановска бања

3.3.2018 Катлановска Бања е еден од најпознатите бањски центри во Република Македонија. Бањата се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 m. Од Скопје е оддалечена околу 25 km, а околу 9 km од Меѓународен Аеродром Скопје. Оваа бања е една од најпосетуваните бањи за жителите од Скопје и скопската околина. Исто така, бањата е посетена и од туристи, а посебно во викендите кога доаѓаат да ја посетат и воедно да … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кристалната Пештера во Дебар

Кристалната Пештера во Дебар

17.2.2018 На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера. Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали. Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

11.2.2018 Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, Тројачката Котлина и подрачјето на градот Прилеп. Според пописот на населението од 2002 година, во градот Прилеп кој е центар на oпштината, на површина од 1.916,39 hа живеат 73.351 жители, со густина на населеност од 137,1 ж/hа. Прилеп е познат како „Градот под Марковите Кули“ – локалитет … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

7.02.2018 Повеќедневните, долготрајни врнежи кои се случија на подрачјето на нашата држава во изминатите денови, како и дополнителните кои според сите релевантни светски, регионални и домашни метеоролошки институции ќе следат до крајот на февруари, но и во почетокот на пролетта, ќе предизвикаат поизразено превлажнување на земјиштето и значителен „вишок на водена маса“. Овој „вишок“, веќе сега тешко се апсорбира во земјиштето и во дренажниот систем, па се очекува негово засилено површинско акумулирање во вид на речно-инундациски, … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

3.02.2018 Според метеоролошките податоци, овој јануари во Македонија беше значително потопол од долгогодишните просечни вредности за температурата на воздухот. Така, просечната годинешна јануарска температура во Скопје изнесуваше 3,3°С, што е за цели 3°С над просекот за периодот 1951-1980 година (0,4°С) и многу повисоко од истиот месец минатата, 2017 година (-4,0°С). Слични високи вредности за 2018 година има и мерна станица Штип (3,1°С) во однос на просечните 1,3°С за периодот 1951-1980 година. На мерниот пункт Лазарополе, разликата … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

На Македонија и е неопходно што поскоро изготвување на катастар на загрозеност од природни непогоди!

На Македонија и е неопходно што поскоро изготвување на катастар на загрозеност од природни непогоди!

2.02.2018 Во минатите неколку години, на територијата на Република Македонија се случија значителен број природни непогоди. Некои од нив предизвикаа огромни материјални штети, а за жал дури и човечки жртви. Во таа смисла, особено беа карактеристични поројните поплави во Скопско во 2016 година и во Шипковица во 2015 година, потоа земјотресите во Скопско во 2016 и Охридско во 2017 година, пожарите во 2007, 2012 и 2017 година, бројните свелчишта и одрони во 2010 година и др. Оваа, … Read entire article »

Filed under: На тема

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

11.01.2018 Деновиве добивме интересно прашање: каде би излегле ако ископаме извонредно длабок вертикален бунар на некое место во Македонија? Одговорот на ова прашање е релативно едноставен. Со оглед на тоа што Земјата има приближно топчеста форма, замислениот бунар би излегол на спротивниот крај на топката, односно за разлика од 180°. Бидејќи Македонија се наоѓа на околу 41° с.г.ш и 21,5° и.г.д., тоа значи дека замисленото дно на бунарот (поточно „излезот“) би било на околу 41° ј.г.ш. и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, По Светот

Физичко-географски карактеристики на Кочанска Kотлина

Физичко-географски карактеристики на Кочанска Kотлина

06.12.2017 Кочанска Котлина се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, односно, по течението на реката Брегалница. Заградена е со планините Плачковица на југ, Голак на исток, Осогово на север и ридовите Горица, Аргулица и Селце на запад. Котлината има површина од 1.020 km² и должина од 26 km. Средишниот рамничарски дел е познат како Кочанско Поле. Источната граница се протега во меридијански правец по билото на планината Голак со врвовите Обозна (1.181 m), Јастребец (1.273 m), Чавка (1.538 m) и Бајрамица (1.202 m) и истовремено претставува граница … Read entire article »

Filed under: На тема, Природник...

Македонски портали за туризам

Македонски портали за туризам

28.11.2017 Република Македонија е сѐ повеќе посетувана од туристи во однос на изминатите години. Веб-сајтовите наменети за промоција на туризмот и туристичките атракции и локалитети имаат голем придонес за тоа. Во Република Македонија постојат голем број на портали кои се исклучиво за туристичка намена. Ние ќе издвоиме само неколку од нив. Macedonia Timeless – www.macedonia-timeless.com Овој веб-сајт содржи најразлични информации за туристичките региони и градовите во Р. Македонија. Може да се најдат податоци за природните убавини, културно – историското наследство, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Манастирот Трескавец и Златоврв

Викенд предлог: Манастирот Трескавец и Златоврв

24.11.2017 Манастирот Трескавец се наоѓа на 10 km од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 m, меѓу карпите под Златоврв (1422 m). Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger