Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Македонско географско друштво"

Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

21.07.2020 Во текот на месец јули 2020 година излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи (Geographical reviews). Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Македонија. Како и претходните десет броја, изданието е електронско, а ќе биде публикувано во печатена верзија до крајот на оваа година. Овој пат во списанието се најдоа десетина трудови на вкупно 180 страници … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, Наставни

Ноември – месец на наука, 2019

Ноември – месец на наука, 2019

16.12.2019 Во текот на месец ноември, по четврти пат Македонското географско друштво, Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија, Македонското астрономско друштво, Скопското астроном¬ско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачко друштво на студенти географи „Природник“, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Природно-математичкиот факултет ја организираа манифестацијата Ноември месец на наука, 2019. Оваа година реализацијата на настанот ја спроведе Македонското географско друштво. Главна замисла на … Read entire article »

Filed under: Наставни

Од одржаниот симпозиум по повод 70 години од основањетo на Македонско географско друштво

Од одржаниот симпозиум по повод 70 години од основањетo на Македонско географско друштво

19.10.2019 Во чест на одбележување 70 години од основањето на Македонското географско друштво, во периодот од 3 до 4 октомври 2019 година, во Конгресниот центар во Охрид се одржа меѓународен научен симпозиум на тема „Новите трендови во географијата”. Работниот дел на симпозиумот се одвиваше во три сесии: физичка географија, животна средина, ГИС и картографија; социоекономска географија и методика во наставата по географија и просторно планирање. Беа презентирани вкупно 40 труда од автори од повеќе земји, меѓу … Read entire article »

Filed under: Активности, Наставни

Македонскиото географско друштво ќе учествува на Светска Олимпијада IESO 2019 во Даегу, Јужна Кореја

Македонскиото географско друштво ќе учествува на Светска Олимпијада IESO 2019 во Даегу, Јужна Кореја

21.08.2019 Оваа година, Македонското географско друштво за прв пат ќе земе активно учество на Светската Олимпијада за геонауки, IESO 2019. Настанот ќе се одвива во периодот од 26 август до 3 септември 2019 година во Даегу, Јужна Кореја. Олимпијадата се одржува континуирано од 2007 година, а активно учество оваа година ќе земат учесници од 40 земји. На Олимпијадата ќе се натпреваруваат четворица ученици од нашата држава, кои Македонското географско друштво ги избра по пат на пласман на … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Од државните натпревари по географија за 2019 година

Од државните натпревари по географија за 2019 година

2.05.2019 Државните натпревари по географија во организација на Македонско географско друштво се одржаа на 19 април 2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот зедоа учество 212 ученици од основни училишта и 67 ученици од средните гимназиски и стручни училишта. Сите ученици и ментори добија диплома за учество на државниот натпревар по географија. Во големата конкуренција помеѓу учениците од основните училишта првото место го освои Софија Матовска од ООУ „Живко Брајковски“, Скопје под … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

25.03.2019 Според традицијата на прагот на пролетта, Македонското географско друштво на 20 март 2019 година, го организираше пролетниот семинар за професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а како слушатели беа евидентирани 158 професори по географија. На овој прв семинар предвиден во програмата за работа на Друштвото за 2019 година, беа презентирани три интересни предавања од: проф. д-р Александра Лозаноска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економскиот Институт, Скопје … Read entire article »

Filed under: Активности, Наставни

Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

3.02.2019 Снежното време не ги спречи љубителите на географијата да пристигнат на време во училиштето ООУ„Лазо Трповски“ – Општина Карпош, каде што на 26.01.2019 година се одржаа општинските натпревари по географија во Скопскиот регион, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 165 ученици од основните и средните училишта и 57 ментори, од 9 општини. Според пропозициите на Македонско географско друштво, координаторот на скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Државни натпревари по географија, 2018

Државни натпревари по географија, 2018

24.04.2018 По успешно спроведените општински и регионални натпревари, на 20 април 2018 година се одржаа државните натпревари по географија во организација на Македонското географско друштво. Натпреварот се одвиваше во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учество земаа 213 ученика од основните и средните училишта во Македонија. Освоените бодови на тестирањето беше показател за големата подготвеност на натпреварувачите и професионалните залагања на нивните професори по географија. Од многуте млади географи од цела Македонија ги избравме најдобрите. Во категоријата кај … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

24.03.2018 На 21 март 2018 година, во организација на Македонското географско друштво беше одржан пролетниот семинар за наставниците и професорите по географија. Семинарот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија – матичната куќа на географијата во Македонија. Покрај воведното обраќање на претседателот на Друштвото, на присутните слушатели на семинарот поздравни зборови им упатија проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија, проф. д-р Никола Панов, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Наставни

Регионален натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

Регионален натпревар по географија во организација на  Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

20.03.2018 На 17.03.2018 год. во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, за учениците од основните и средните училишта на Скопскиот регион се одржа регионалниот натпревар по географија, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 65 ученици од основните и 15 од средните училишта, кои правото на учество го обезбедија на општинските натпревари освојувајќи над 85 бода од можни 100. Идеални услови за одржување на натпреварот овозможија училиштето домаќин, главниот организатор – координатор на … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Наставни

Од одржаните општински натпревари по географија – 2018

Од одржаните општински натпревари по географија – 2018

12.02.2018 Во организација на Македонско географско друштво, на 10.02.2018 година – „денот на младите географи“, се организираа општинските натпревари по географија, а меѓу нив и општинскиот натпревар по географија за учениците од основните и средни училишта во Скопскиот регион. Натпреварот се одржа во ООУ „Лазо Трповски“ – Општина Карпош. На него учествуваа 156 ученици од основните и средните училишта. Истите беа дочекани со големо гостопримство од главниот организатор, координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка … Read entire article »

Filed under: Наставни

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Во сабота на 21 јануари, во просториите на Природно-математичкиот факултет беше одржан четвртиот Семинар за наставниците по географија во Република Македонија, во организација на Македонското географско друштво. И покрај релативно лошите временски услови, на настанот присуствуваа 50-тина наставници од различни делови на државата. Во рамките на семинарот беа презентирани 3 стручни предавања поврзани со регионалната географија, односно географските региони во Светот (проф. д-р Благоја Маркоски), потоа географијата и геополитиката (проф. д-р Ристо Мијалов и Горан … Read entire article »

Filed under: Активности

Нов број на списанието Географски разгледи on-line!

Нов број на списанието Географски разгледи on-line!

12.01.2012 Денес е објавена електронската верзија на новиот број (44-45, 2011) од списанието Географски разгледи, а за неколку дена ќе излезе и соодветната печатена верзија. Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Република Македонија. До сега вкупно се објавени 36 книги со околу 400 научни и стручни трудови, библиографски осврти, географски вести и други информации. Од неодамна, содржините на … Read entire article »

Filed under: Наставни

Advertisment ad adsense adlogger