Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "туризам"

Викенд предлог: Станечки водопади кај Крива Паланка

Викенд предлог: Станечки водопади кај Крива Паланка

22.11.2014 Ако сакате да го почуствувате мирот во себе, ако сакате да излезете од секојдневието, ви предлагаме да се искачите на Станечките водопади. Тоа е место каде се слуша тишината која владее во овој дел на Осоговските Планини. Тишината ја „нарушува“ единствено шумолењето на брзата и бистра вода, но не грижете се и тоа има смирувачко дејство. Ако посакате да ги посетите водопадите ќе мора да минете низ тесна патека која минува покрај густата шума, по … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Од некогаш познатата Кочанска Бања денес стојат распаднати објекти

Од некогаш познатата Кочанска Бања денес стојат распаднати објекти

20.11.2014  На само 7 км западно од Кочани, во подножјето на Осоговските Планини во селото Бања, се наоѓа термалната бања позната како Кочанска Бања. До крајот на 1980-тите години, бањата била една од најпознатите во Македонија па и пошироко. Во „најубавите“ години, годишно ја посетувале околу 10.000-15.000 луѓе што имале здравствени проблеми. Големата, но стара запуштена зграда, сведочи дека селото Бања било едно од најпознатите по селски туризам во земјава, со извор на термална вода чија температура достигнува и до … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

9.11.2014 Оваа година градот Томск, административен центар на истоимената област во јужен Сибир бележи голем јубилеј, 400 години постоење. Имено, градот е основан во 1604 година во времето на Борис Годунов. На 20 јануари 1604 година гласници на кнезовите на сушитинските Татари пристигнуваат во царството на Борис Годунов со барање да бидат под старателството на Голема Русија, за да изградат град на брегот на реката Том. Така е положен првиот камен на 25 јануари истата година. Во царско … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

21.03.2013 Мавровско дебарскиот регион, со изобилството од природни и антропогени објекти е неисцрпен за посетителите. Но сепак посетителот кој е во близина или стигнал на овој простор, неизоставно треба да се задржи и прошета во Маврово и околу Мавровското Езеро. Пролетен пејзаж од Маврови Анови кон Мавровското Езеро и Бистра Планина, вода, шума, воздух, слобода на душата Еден ден би бил вистинско уживање да се посети платото на планината Бистра со нејзините пространи пасишта, понорот Тони Вода, селото … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

4.03.2013 Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

24.02.2013 Ако сте во Скопје, не пропуштајте во непосредна близина на центарот на градот да ги посетите Скопското Кале со панорамски погледи кон градот, Старата скопска чаршија со редица културно историски споменици, музеи и галерии, Соборната црква, Црквата Св. Богородица и др. Направете прошетка на Водно, ако не сте во можност да стигнете до врвот, не пропуштајте да стигнете барем до Средно Водно. Одтаму погледајтего Скопје, посететего манастирот Св. Пантелејмон, одморетесе во некој од угостителските објекти. … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Магичниот турски брег

Магичниот турски брег

21.02.2013 Земјата која се протега на два континенти, Европа и Азија е една од најпопуларните дестинации за летување, а тоа и не е чудно ако во предвид ги имаме прекрасниот пејзаж и песочните брегови, со тоа незаборавниот одмор ни е загарантиран, станува збор за Турција. Постојат голем број одмаралишта во Турција, само останува да изберете на кое место ќе отидете. Мармарис е едно од нив и се наоѓа на јужното крајбрежје каде што се спојуваат Средоземното … Read entire article »

Filed under: По Светот

Преикестолен – огромна вертикална карпа во норвешкиот фјорд!

Преикестолен – огромна вертикална карпа во норвешкиот фјорд!

11.07.2012 Иако веќе знаеме дека Норвешка е позната по нејзините природни убавини и богатства како нафта, природен гас, шуми, реки и др., особено карактеристични се фјордовите кои претставуваат извонредни туристички атракции. Меѓу најпознатите фјордови се Romsdal, Sogn & Fjordane, Hordaland, Lysefjord и други. Особено интересен е Lysefjord (Лисефјорд), бидејќи на една негова страна, се издига огромен карпест клиф, наречен Preikestolen. Фјордот и клифот се наоѓаат во западниот дел на Норвешка, во близина на градот Ставангер кој е … Read entire article »

Filed under: По Светот

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

11.07.2012 Во југоисточниот дел на нашата земја, на границата со Република Грција,  сместено е едно од трите македонски природни езера, Дојранското Езеро. Најниските делови на долината се исполнети со езерските води, кои се опкружени со ниски ридови. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина од 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

9.07.2012 Во овој жежок летен период кога се бараат места за летување, одмор, прошетка, посета и уживање, корисно е да се добие некаква објективна препорака или предлог за дестинација, без оглед дали е тоа во Македонија или пак по разни делови на светот. За таа цел, можеби најобјективни и најдетални информации ќе добиете од мегапопуларната веб страница www.tripadvisor.com, која нуди можност за избор и планирање на патувањето според сопствените желби, потреби и можности. На неа можат да се … Read entire article »

Filed under: На тема

Убавините на Зрзе – село во прегратките на Даутица

Убавините на Зрзе – село во прегратките на Даутица

28.06.2012 На околу 30 километри северозападно од Прилеп, во падините на планината Даутица, на надморска височина од 700 метри се наоѓа селото Зрзе. До oвој природен бисер и духовен конак од македонската културно-историска ризница, може да се стаса со воз до селото Слепче па потоа пеш, или преку Прилеп по делумно добар асфалтен пат кој е до соседното село Костинци, а остатокот од 7 километри до Зрзе е макадамски пат. Легендата за потеклото на името на … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Највозбудливите и најживописните патишта во Македонија

Највозбудливите и најживописните патишта во Македонија

21.06.2012 Во медиумите честа тема се најекстремните и најопасните патишта во светот. Меѓутоа и во нашата држава исто така има доста возбудливи, стрмни па и ризични патишта од кои ќе ви застане здивот. Овде се наведени некои од нив (подолги од 10 км), кои можеби ви се познати или сте ги поминале. Ако не сте, време е да изберете некој од наведените и да доживеете вистинска летна авантура. Отешево – Трпејца е дел од патот Ресен-Охрид во … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Некои од најубавите плажи во Европа

Некои од најубавите плажи во Европа

21.06.2012 Летото започна, а температурите се навистина високи. Веројатно многумина веќе решиле каде ќе го поминат својот одмор. Но за оние кои сеуште се во размислување, претставуваме неколку од можеби најубавите плажи и летни дестинации во Европа. Тропеа, Калабрија Тропеа е вистински бисер на Тиренското море и една од најпознатите плажи во истоимениот град, сместен во областа Калабрија на југот на Италија. Плажата ја карактеризира километар бел ситен песок поради што е и наречена “плажа на боговите“. Главо … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Лазарополе – восхитувачка убавина на планината Бистра

Лазарополе – восхитувачка убавина на планината Бистра

20.06.2012 Лазарополе претставува една од највисоките (1350 м) и најубавите селски населби во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон долината на Мала (Гарска) Река и планината Стогово. До селото се доаѓа по добар асфалтен пат од правец на Гостивар и Маврово, скршнувајќи од патот Маврово-Дебар кај месноста Бошков Мост. Оддалеченоста од Скопје изнесува 145 км или околу 2 часа возење, од Гостивар 75 км, … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

19.06.2012 Во непосредна близина на градот Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја изградила прекрасната Бислимска Клисура, која по своите карактеристики е меѓу најинтересните во Република Македонија. За клисурата и нејзините богатства малкумина знаат, иако станува збор за природна реткост која е оддалечена само 5 км од градот. Под името Бислимска клисура, е опфатен делот помеѓу ридот Краста од западната и ридот Голиќ од источната страна, односно длабоко всечената долина на реката Пчиња од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012 Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Македонија се поприсутна на booking.com

Македонија се поприсутна на booking.com

30.04.2012 Booking.com е водечка агенција во светот за хотелско-сместувачки онлајн резервации, која секој месец на својата интернет страница привлекува над 30 милиони посетители заинтересирани за туристичките дестинации во светот. Оваа агенција е со седиште во Амстердам (Холандија), а во нејзин состав се десетина канцеларии ширум светот (Амстердам, Хелсинки, Анталија, Атина, Бангкок, Барселона, Берлин и др.). Основана е во 1996 година и поради брзиот раст, денес има над 3500 вработени кои се залагаат да обезбедат квалитетни услуги … Read entire article »

Filed under: На тема

Убавините на Нежилово

Убавините на Нежилово

30.04.2012 Во подножјето на планинскиот масив Јакупица (Мокра), југоисточно од највисокиот врв Солунска Глава (2540 м), се наоѓа селото Нежилово. Сместено е во долината на реката Бабуна, поточно во нејзиниот изворишен дел, на надморска височина од околу 700 м. Нежилово, заедно со својата поширока околина се одликува со прекрасни природни пејсажи, едни од најубавите во Република Македонија. Особено се интересни огромните карпести отсеци на Јакупица северно од селото, наречени Нежиловски Карпи. Тие се високи повеќе стотици метри … Read entire article »

Filed under: На тема

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

27.04.2012  На меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″, кој почна во вторник, 24-ти април, во 18 часот на Скопски саем, Хала 4, беа претставени студиски програми од 12 земји од светот. На Саемот се претставуваaт вкупно 45 универзитети со повеќе од 170 факултети од земјава и странство. Средношколците, студентите и професионалците од различни области можат да се запознаат со студиски програми во дванаесет држави од целиот свет, меѓу кои Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

21.03.2012 Селото Слепче се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместено е во источните падини на Илиница, огранок на Бигла, на 680 метри надморска височнина, опкружено со дабови шуми, недопрена природа и бистри води. Пријатната клима и чистиот воздух се вистински можности за одмор од градскиот метеж. Селото Слепче сообраќајно е многу пристапно и на само 4 км од Демир Хисар. Оддалеченоста од Скопје изнесува 175 км или околу 3 часа возење, а од Прилеп е … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог