Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "туризам"

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово

19.06.2012 Во непосредна близина на градот Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја изградила прекрасната Бислимска Клисура, која по своите карактеристики е меѓу најинтересните во Република Македонија. За клисурата и нејзините богатства малкумина знаат, иако станува збор за природна реткост која е оддалечена само 5 км од градот. Под името Бислимска клисура, е опфатен делот помеѓу ридот Краста од западната и ридот Голиќ од источната страна, односно длабоко всечената долина на реката Пчиња од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012 Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Македонија се поприсутна на booking.com

Македонија се поприсутна на booking.com

30.04.2012 Booking.com е водечка агенција во светот за хотелско-сместувачки онлајн резервации, која секој месец на својата интернет страница привлекува над 30 милиони посетители заинтересирани за туристичките дестинации во светот. Оваа агенција е со седиште во Амстердам (Холандија), а во нејзин состав се десетина канцеларии ширум светот (Амстердам, Хелсинки, Анталија, Атина, Бангкок, Барселона, Берлин и др.). Основана е во 1996 година и поради брзиот раст, денес има над 3500 вработени кои се залагаат да обезбедат квалитетни услуги … Read entire article »

Filed under: На тема

Убавините на Нежилово

Убавините на Нежилово

30.04.2012 Во подножјето на планинскиот масив Јакупица (Мокра), југоисточно од највисокиот врв Солунска Глава (2540 м), се наоѓа селото Нежилово. Сместено е во долината на реката Бабуна, поточно во нејзиниот изворишен дел, на надморска височина од околу 700 м. Нежилово, заедно со својата поширока околина се одликува со прекрасни природни пејсажи, едни од најубавите во Република Македонија. Особено се интересни огромните карпести отсеци на Јакупица северно од селото, наречени Нежиловски Карпи. Тие се високи повеќе стотици метри … Read entire article »

Filed under: На тема

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″

27.04.2012  На меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″, кој почна во вторник, 24-ти април, во 18 часот на Скопски саем, Хала 4, беа претставени студиски програми од 12 земји од светот. На Саемот се претставуваaт вкупно 45 универзитети со повеќе од 170 факултети од земјава и странство. Средношколците, студентите и професионалците од различни области можат да се запознаат со студиски програми во дванаесет држави од целиот свет, меѓу кои Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

21.03.2012 Селото Слепче се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместено е во источните падини на Илиница, огранок на Бигла, на 680 метри надморска височнина, опкружено со дабови шуми, недопрена природа и бистри води. Пријатната клима и чистиот воздух се вистински можности за одмор од градскиот метеж. Селото Слепче сообраќајно е многу пристапно и на само 4 км од Демир Хисар. Оддалеченоста од Скопје изнесува 175 км или околу 3 часа возење, а од Прилеп е … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Раткова Скала – всечена во карпите

Раткова Скала – всечена во карпите

3.03.2012 На десетина километри североисточно од с. Злетово е прекрасната месност Раткова Скала. До неа се доаѓа преку асфалтниот пат од с. Злетово до селото Турско Рударе (3 км), потоа уште 4 км по добар макадамски пат до с. Шталковица и уште околу 2-3 км кон с. Ратковица по малку полош макадамски пат. Раткова Скала оддалеку е препознатлива по стрмните карпи со темно до светло сивкаста боја, така што е лесно воочливо кога ќе се дојде … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

29.02.2012 Компанијата Вирџин Галактик, дел од групацијата Вирџин Груп на Ричард Бренсон, очекува до крајот на оваа година да ги направи првите тест-летови до земјината орбита. Првите пак комерцијални летови се најавени за 2013 или 2014 година, во зависност од резултатите на тестовите и подготвеноста на пилотите. На листата на чекање веќе се запишани околу 500 заинтересирани авантуристи, кои за две години би требале да се „прошетаат“ до вселената со специјалното новоконструирано летало Спејсшип 2. Оваа … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Вселенски туризам

Вселенски туризам

24.02.2012 Вселенски туризам претставува патување во вселената за одмор, рекреација, но пред се за авантура. Оваа идеа во минатото беше сметана за фантазија и футуристична од голем број, како на научници така и на обични граѓани. По неколкуте пробни летови во вселената и скептични умови, Јуриј Алексеевич Гагарин (1934-1968) на 12 април 1961 беше човекот што за прв пат излегол од атмосверата на нашата планета, и воедно ја развил желбата кај секој човек за ѕвездениот простор. … Read entire article »

Filed under: Вселена, По Светот

Козјак, Герман и Билино – неоткриена планинска убавина на североистокот на Македонија

Козјак, Герман и Билино – неоткриена планинска убавина на североистокот на Македонија

22.02.2012 Поради положбата во однос на останатиот дел од Македонија, планините Козјак, Герман и Билино кои се протегаат покрај самата граница со Србија се многу слабо посетени. Меѓутоа, интересниот релјеф со бројните атрактивни форми, пријатната клима, чистиот воздух, многуте рекички со брзаци, слапови и мали водопади, природната вегетација и културно-историските споменици претставуваат доволен мотив да се прошета по овие планини. Планината Козјак е средно висока планина со лачно протегање, од границата со Србија кон југоисток. Највисок врв … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Катар – најбогатата земја на светот

Катар – најбогатата земја на светот

21.02.2012 Географија: полуостровска држава со пустинска клима Катар, или уште попознато како државата Катар или како што локално го нарекуваат Давлат Катар, е Арапски емират, земја на Блискиот Исток, која го зазема малиот катарски полуостров лоциран на североисточниот брег на големиот Арапски полуосторов. Инаку, Катарскиот полуостров е долг 161 километар, а целата држава има површина од 11.500 км квадратни или речиси колку половина од територијата на Македонија. Поголемиот дел од Катар е покриен со песок и со ниски треви, … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ѓаволска кула

Ѓаволска кула

ЃАВОЛСКА КУЛА Гигантската карпа, која високо се издига над планинските области во Вајоминг на работ на Black Hills и денес повеќе од 20 индијански племиња ја сметаат за свето место. Повеќето го нарекуваат “Домот на мечката”. За ова светилиште проткаени се бројни легенди. Според преданието на племето Киова оваа необична карпа израснала како трупец за да ги заштити седумтте безпомошни индијански девојки од нападот на мечката гризли. Легендата на племето Киова донекаде е блиска со геолошката верзија … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Посета на Истанбул – градот на два континента!

Посета на Истанбул – градот на два континента!

13.02.2012 Во периодот од 8-12.02.2012 година, дел од студентите на Институтот за географија при ПМФ во Скопје (насока туризам) во придружба на нивните наставници, го посетија 15-тиот меѓународен саем за туризам EMMIT 2012 кој се одржа во Истанбул, Турција. Покрај посета на саемот, според програмата детално беа разгледани најзначајните знаменитости на европскиот дел на Истанбул (Сината џамија, Аја Софија, Хиподромот, Топкапи сарајот, Долмабахче дворецот, Капали чаршијата и други. Освен тоа беше изведено и двоиполчасовно крстарење по … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: Богомила

Викенд предлог: Богомила

26.01.2012 Село Богомила се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Сместено е во горното сливно подрачје на река Бабуна на надморска височина од околу 500 метри. Оваа ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и претставува вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи ливади и секако бистрите и брзи води на река … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Туризмот во групата на најбрзо растечките индустрии на 21 век

Туризмот во групата на најбрзо растечките индустрии на 21 век

16.01.2012 Врз основа на проценките на развојот на светската економија во текот на 21 век приоритетно место ќе имаат три индустриски сектори и тоа: информатичката технологија, телекомуникациите и туризмот. Туризмот претставува сложена општествена, економска, културна и просторна појава и еден од најкарактеристичните глобални феномени. Улогата и значењето на туризмот е огромно, затоа што тој ја храни државната економија, го стимулира развојниот процес, го оживува природното и културното наследство, помага во одржување на меѓународниот мир и разбирање помеѓу … Read entire article »

Filed under: На тема

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ ЗАКАНА ЗА ТУРИЗМОТ НА МАЛДИВИТЕ

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ ЗАКАНА ЗА ТУРИЗМОТ НА МАЛДИВИТЕ

26.12.2011 Автор: д-р Дејан Илиев Во последните децении се јавуваат интензивни промени на климата како последица на човекот и неговите активности поврзани со испуштањето на штетните гасови во атмосферата кои потоа го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување на Земјината површина. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) во текот на XX век температурата на воздухот на Земјината површина се зголемила за околу 0,6ºC. Во периодот што следи (1990 – 2100 година) се предвидува дека … Read entire article »

Filed under: На тема

Потенцијали за екотуризам во долината на Злетовска Река

Потенцијали за екотуризам во долината на Злетовска Река

16.12.2011.  Автор: Анита Милевска На прашањето: што е екотуризам, тешко може да се одговори, а и нема концизни дефиниции. Според Лукас (1984), зголемената чувствителност на животната средина од една, како и потребната заштита на с# повеќе загрозениот природен простор, посебно во индустрискиот свет од втора страна, придонесе за развој на посебни видови туризам “базиран на уживањето во природните пејзажи  и набљудувањето на природата” (Lukas, 1984). Инаку, во Европа и во светот, поимот екотуризам се јавува во … Read entire article »

Filed under: На тема

Велигденскиот остров и неговите тајни

Велигденскиот остров и неговите тајни

8.12.2011.  Подготвил: Ивица Маџевиќ Велигденски Остров (Шпански: Isla de Pascua, Полинезиски: Rapa Nui) е еден од најизолираните населени острови на Земјата. Лежи длабоко во Тихиот Океан на  27 степени 7’ и 10’’ ј.г.ш. и 109 степени 21’ и 16’’ западно од Гринич. Островот има триаголна форма и зафаќа површина од 166 км кв. Максималната должина е 24 км, максималната широчина е 12 км. Има три изгаснати вулкани и на секој од аглите од островот одговара по еден: Поике, Рано … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

CNN-Исфрлајќи лава на околу 300 метри височина еруптира еден од активните вулкани кој се наоѓа во источниот дел на Демократската  Република Конго. Вулканот кој еруптира се наоѓа во националниот парк Вирунга. Овој националниот парк просечно годишно е посетуван од 1800 посетители, а поради спектакуларното течење на лавата, бројот на посетители се очекува да се зголеми на 4000, а профитот да се зголеми на околу 1 000 000 долари. Спектакуларното течење на лавата е набљудувано од … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: Скопска Црна Гора

Викенд предлог: Скопска Црна Гора

25.11.2011. Скопска Црна Гора е средно висока планина, која се протега помеѓу Кумановската котлина на исток, Скопската котлина на југ и реката Лепенец на запад. На север, помал дел од неа продолжува кон Косово и кон Србија. Планината е карактеристична по долгите планински била и ограноци, заоблени и делумно каменливи врвови со повеќе длабоки долини помеѓу нив. Највисок врв на Скопска Црна Гора е Рамно со 1651 м височина. Врвот се наоѓа речиси во средишниот дел од … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Advertisment ad adsense adlogger