Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Вулкан"

Интересни факти за вулканот Етна

Интересни факти за вулканот Етна

Една од главните атракции на островот Сицилија е вулканот на планината Етна (највисокиот вулкан во Европа, на речиси 3329 m надморска височина), помеѓу градовите Месина и Катанија. Неговата геолошка историја започнува уште пред 350000 години, а прв пат за неговата ерупција се спомнува во книгата на грчкиот поет Диодорус Сицилус во 425 година п.н.е. Името Етна вулканот го добил од грчкиот збор „aitho“ што значи „јас горам“. Според римската митологија, се верува дека под него … Read entire article »

Filed under: По Светот

Кавах Ијен – синиот вулкан

Кавах Ијен – синиот вулкан

01.02.2020 Кога замислувате како еден вулкан еруптира, боите што ви паѓаат на ум се мешавина од стопена  портокалово-црвено-жолта боја, но, во никој случај не сино, нели? Островската држава Индонезија, во која доминираат активни вулкани, има морничаво интересен вулкан кој испушта син оган. Тој е еден од најневообичаените вулкани во светот, бидејќи наместо да произведува вообичаена црвена лава и црн чад, неговите подземни активности резултираат со светло сини пламени јазици што се издигнуваат во воздухот. Некои луѓе … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Висорамнината ,,Алтиплано” – една од најголемите, највисоките и најфасцинантните во Светот!

Висорамнината ,,Алтиплано” – една од најголемите, највисоките и најфасцинантните во Светот!

01.05.2020 Андите (Аконкагва, 7035 m) претставуваат планински венец кој се наоѓа долж западниот дел на Јужна Америка. Овој планински венец кој се протега од Венецуела на север (околу 10º с.г.ш.), па сè до јужните делови на Чиле на југ (Патагонија, над 50º ј.г.ш.) е долг над 8000 km, а широк над 800 km. Процесот на настанување на овој планински систем започнал пред околу 180 милиони години со подвлекувањето (субдукција) на плочата Наска (на која лежи Тихион … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

16.12.2019 Деновиве од земјата на Маорите, односно Нов Зеланд одекна веста за најновата вулканска активност, т.е. ерупцијата на вулканот Вакаари. Истата се карактеризираше со последици, а бидејќи ѝ претходеше и земјотрес со посилен интензитет, во продолжение ќе наведеме неколку работи кои се карактеристични за овој вулкан и неговата најнова активност. Најпрво, колку за потсетување, да наведеме дека магматската актвност претставува процес на формирање на физичко-хемиски системи на одредени и делумни топења во Земјината обвивка или кората … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Вулканот Суртсеи

Вулканот Суртсеи

Суртсеи е вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Неговите координати се: 63°18´11”С, 20°36´17”З/ 63.303° С, 20.6047° З, и е најужната точка на Исланд. Формиран е од вулканска ерупција која започнала 130 метри под морското ниво и стигнала до површинатана 14 Ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 Јуни 1967 година, кога островот ја постигнал својата максимална големина од 2.7 км2. Од тогаш ветерот и брановите создавале ерозија која предизвикала постепено намалување на големината, така … Read entire article »

Filed under: По Светот

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа, се наоѓа во рамки на Индонезија, сместен помеѓу островите Суматра и Јава т.е. на малиот  – Сундски Архипелаг. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, по која се издвојува како посебен тип на вулкан. Покрај продукцијата на лава и гасови, работата на овој вулкан се одликува со силни експлозии, проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Имено неговата активност е поврзана со субдукцијата … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

CNN-Исфрлајќи лава на околу 300 метри височина еруптира еден од активните вулкани кој се наоѓа во источниот дел на Демократската  Република Конго. Вулканот кој еруптира се наоѓа во националниот парк Вирунга. Овој националниот парк просечно годишно е посетуван од 1800 посетители, а поради спектакуларното течење на лавата, бројот на посетители се очекува да се зголеми на 4000, а профитот да се зголеми на околу 1 000 000 долари. Спектакуларното течење на лавата е набљудувано од … Read entire article »

Filed under: Географски вести