Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "геологија"

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

Пејсажи од „бајките“ на локалитетот Пилоу-лави кај с.Миравци

12.06.2016 На само 2 km југозападно од с. Миравци, на крајните источни падини на Кожуф, се наоѓа локалитетот “Пилоу лава (Pillow lava)”, кај месното население познато уште како и “Белиот Рај”. Појавата е на 185 m надморска височина, односно на вливот на Стара Река во Петрушка Река. Низ локалитет поминува локален пат што води од населбата Миравци до селото Петрово. На вливот на Стара Река во Петрушка Река, двете реки изградиле мали сатески со кањонски карактер со висина од … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

4.07.2012 При истражувањата на нафтените резерви во Северното Море, неколку нафтени компании дојдоа до интересни откритија. Имено, голема копнена површина која се протегала помеѓу Северна Шкодска и Данска позната под името Догерленд, во периодот од 18.000 до 5.500 година п.н.е. исчезнала во водите на Северното Море. Се верува дека на овој копнен простор живееле мамути, разни други животни, но и десетици илјади луѓе кои некогаш можеби биле срцето на Европа. Научниците веруваат дека за потопувањето на оваа таканаречена … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Ѓаволска кула

Ѓаволска кула

ЃАВОЛСКА КУЛА Гигантската карпа, која високо се издига над планинските области во Вајоминг на работ на Black Hills и денес повеќе од 20 индијански племиња ја сметаат за свето место. Повеќето го нарекуваат “Домот на мечката”. За ова светилиште проткаени се бројни легенди. Според преданието на племето Киова оваа необична карпа израснала како трупец за да ги заштити седумтте безпомошни индијански девојки од нападот на мечката гризли. Легендата на племето Киова донекаде е блиска со геолошката верзија … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Со сјајот на лорандитот Александар Македонски победувал

Со сјајот на лорандитот Александар Македонски победувал

Како што велат преданијата, моќта на лорандитот прв ја открил Александар Македонски. Се зборува дека фалангата на Александар ги премачкувала своите штитови со лорандит. Воената стратегија на Александар била да напаѓа точно напладне од запад кон исток. Поради судирот на сончевата светлина со минералот на штитовите на војската се создал голем одблесок што го заслепувал и така го разоружувал противникот. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што … Read entire article »

Filed under: Географски вести

ВРЕДНОСТА НА АЛШАР

ВРЕДНОСТА НА АЛШАР

Подрачјето Алшар се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија, на околу 40 кm јужно од Кавадарци. Ги зафаќа источните падини на планината Козјак, а пак на исток просторот е ограничен со крајните западни ограноци на планината Кожуф. Средишниот дел на областа е расчленет со Мајданска Река. Денешното име на рудникот Алшар е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на XX век, а тие се Алатини … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Вулканот Суртсеи

Вулканот Суртсеи

Суртсеи е вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Неговите координати се: 63°18´11”С, 20°36´17”З/ 63.303° С, 20.6047° З, и е најужната точка на Исланд. Формиран е од вулканска ерупција која започнала 130 метри под морското ниво и стигнала до површинатана 14 Ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 Јуни 1967 година, кога островот ја постигнал својата максимална големина од 2.7 км2. Од тогаш ветерот и брановите создавале ерозија која предизвикала постепено намалување на големината, така … Read entire article »

Filed under: По Светот

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа, се наоѓа во рамки на Индонезија, сместен помеѓу островите Суматра и Јава т.е. на малиот  – Сундски Архипелаг. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, по која се издвојува како посебен тип на вулкан. Покрај продукцијата на лава и гасови, работата на овој вулкан се одликува со силни експлозии, проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Имено неговата активност е поврзана со субдукцијата … Read entire article »

Filed under: По Светот

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година

Од архивата… Република Македонија спаѓа во медитеранско-трансазиски сеизмички активен појас. На територија на Република Македонија познати епицентрални подрачја со силни земјотреси се: Скопско, Валандовско, Пехчевско, Тетовско, Битолско, Дебарско, Охридско, Мрежичко (Тиквешко) и други подрачја. Сеизмичката активност во  Република Македонија се одвива во рамки на три сеизмогени зони. Валандово спаѓа во втората сеизмогена зона заедно со градот Скопје. Трите зони, во тектонска смисла, се опфатени со издигнување, при што издигнувањето на Вардарската сеизмогена зона е послабо во однос … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Откриен мегаконтинентот Гондвана

Откриен мегаконтинентот Гондвана

Превземено од ИДИВИДИ Австралиските научници соопштија дека пронашле делови од мегаконтинентот Гондвана во Индискиот океан. Овие делови би можеле да понудат одговори на некои прашањата, како на пример: Како е создадена планетата Земја? Двата дела се пронајдени во меѓународните води, 1.600 километри од Австралија. Деловите содржат фосили на организми кои живееле во плитките води, што значи дека деловите своевремено биле над водената површина. На почеток, се верувало дека остатоците се создадени од подводни вулкански активности, но геолозите од … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Најмалку истражуваниот планински масив на Земјата

Најмалку истражуваниот планински масив на Земјата

Закопан длабоко во внатрешноста на ледот, планинскиот масив на Антарктикот наречен Gamburtsev полека започнал да се појавува. Овој планински масив кој некогаш бил дел од серијата гребени со должина над 3000км. припаѓал на праконтинентот Гондвана кој се одвоил пред 250 милиони години. Овој планински масив бил најпрво забележан во 1900 година од една група на руски научници. Планинскиот масив е закопан под околу 5 километри мраз, а се претпоставува дека врвовите му достигнуваат до 4500 м.н.в. … Read entire article »

Filed under: Географски вести