Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "туризам"

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021 Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Берово – Македонската Швајцарија!

Берово – Македонската Швајцарија!

25.05.2021 Ако сакате да дознаете од каде „изгрева сонцето“ во Македонија, упатете се на исток кон малото планинско гратче Берово, кое е сместено под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума. Низ крошните и височините на дрвјата, ѕирка Беровското езеро кое ви дава чувство на недопрена убавина, која вреди да се види и доживее. Берово е град кој се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

06.04.2021 За потребите на истражувањето направена е анализа, со која се оценува примената и придобивките од стандардите во областа туризам и сродните услуги, со цел на заинтересираните страни да им се обезбедат критериуми за донесување информирани одлуки кои обезбедуваат одржливост во работењето. Стандардизацијата помага во развојот на бизнисот и стратегиите на компаниите, преку воведување на стандарди внатре во самата компанија заради поквалитетни производи и поголема продуктивност. Стандардите и процесот на стандардизацијата, претставуваат алатка за економски и … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

15.12.2020 Како социјален елемент, миграциите постојат уште од времето на постоењето на човекот, кој како единка или во група морал да го менува своето место на живеење поради опстанок. Миграциите се јавуваат во сите општества и можат да бидат поттикнати од економски, социјални, етнички, културни или други фактори. Меѓу другото, тие исто така имаат и големо влијание за промена на истите општествени фактори од кои се поттикнати. Покрај влијанието на миграциите врз начинот на живеењето во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

15.09.2020 Последниве години сведоци сме за големиот развој на туризмот и неговите различни облици. Во некои земји низ светот туризмот претставува водечка индустрија. Денешниот турист не купува само одредени услуги и производи, туку е заинтересиран за сето она што може да му го даде туристичката дестинација која што ја избрал. Токму затоа земјите низ целиот Свет тежнеат да остварат се повеќе облици на туризам, со цел да имаат поголема заинтересираност и побарувачка, а со тоа се … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Откријте ги убавините на Преспа!

Откријте ги убавините на Преспа!

12.06.2016 Високи планини, котлина, езеро, остров. Синило, кое за момент ги засенува зелените површини и карпестите височини. Иако денес, ни одблиску не е она езеро кое го паметат постарите, тоа сeуште плени и повикува за посета. Денес, езерото е многу помало, а за тоа сведочат огромните песочни плажи, кои се спремни за уредување. Околните села, добро скриени за оние кои прв пат ќе ги посетат, само ја надополнуваат сликата која ќе ја добиете како прв впечаток. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

9.11.2014 Оваа година градот Томск, административен центар на истоимената област во јужен Сибир бележи голем јубилеј, 400 години постоење. Имено, градот е основан во 1604 година во времето на Борис Годунов. На 20 јануари 1604 година гласници на кнезовите на сушитинските Татари пристигнуваат во царството на Борис Годунов со барање да бидат под старателството на Голема Русија, за да изградат град на брегот на реката Том. Така е положен првиот камен на 25 јануари истата година. Во царско … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

21.03.2013 Мавровско дебарскиот регион, со изобилството од природни и антропогени објекти е неисцрпен за посетителите. Но сепак посетителот кој е во близина или стигнал на овој простор, неизоставно треба да се задржи и прошета во Маврово и околу Мавровското Езеро. Пролетен пејзаж од Маврови Анови кон Мавровското Езеро и Бистра Планина, вода, шума, воздух, слобода на душата Еден ден би бил вистинско уживање да се посети платото на планината Бистра со нејзините пространи пасишта, понорот Тони Вода, селото … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

4.03.2013 Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

24.02.2013 Ако сте во Скопје, не пропуштајте во непосредна близина на центарот на градот да ги посетите Скопското Кале со панорамски погледи кон градот, Старата скопска чаршија со редица културно историски споменици, музеи и галерии, Соборната црква, Црквата Св. Богородица и др. Направете прошетка на Водно, ако не сте во можност да стигнете до врвот, не пропуштајте да стигнете барем до Средно Водно. Одтаму погледајтего Скопје, посететего манастирот Св. Пантелејмон, одморетесе во некој од угостителските објекти. … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Магичниот турски брег

Магичниот турски брег

21.02.2013 Земјата која се протега на два континенти, Европа и Азија е една од најпопуларните дестинации за летување, а тоа и не е чудно ако во предвид ги имаме прекрасниот пејзаж и песочните брегови, со тоа незаборавниот одмор ни е загарантиран, станува збор за Турција. Постојат голем број одмаралишта во Турција, само останува да изберете на кое место ќе отидете. Мармарис е едно од нив и се наоѓа на јужното крајбрежје каде што се спојуваат Средоземното … Read entire article »

Filed under: По Светот

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

Дојранско Езеро- Македонска туристичка атракција

11.07.2012 Во југоисточниот дел на нашата земја, на границата со Република Грција,  сместено е едно од трите македонски природни езера, Дојранското Езеро. Најниските делови на долината се исполнети со езерските води, кои се опкружени со ниски ридови. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина од 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

9.07.2012 Во овој жежок летен период кога се бараат места за летување, одмор, прошетка, посета и уживање, корисно е да се добие некаква објективна препорака или предлог за дестинација, без оглед дали е тоа во Македонија или пак по разни делови на светот. За таа цел, можеби најобјективни и најдетални информации ќе добиете од мегапопуларната веб страница www.tripadvisor.com, која нуди можност за избор и планирање на патувањето според сопствените желби, потреби и можности. На неа можат да се … Read entire article »

Filed under: На тема

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012 Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

21.03.2012 Селото Слепче се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместено е во источните падини на Илиница, огранок на Бигла, на 680 метри надморска височнина, опкружено со дабови шуми, недопрена природа и бистри води. Пријатната клима и чистиот воздух се вистински можности за одмор од градскиот метеж. Селото Слепче сообраќајно е многу пристапно и на само 4 км од Демир Хисар. Оддалеченоста од Скопје изнесува 175 км или околу 3 часа возење, а од Прилеп е … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Катар – најбогатата земја на светот

Катар – најбогатата земја на светот

21.02.2012 Географија: полуостровска држава со пустинска клима Катар, или уште попознато како државата Катар или како што локално го нарекуваат Давлат Катар, е Арапски емират, земја на Блискиот Исток, која го зазема малиот катарски полуостров лоциран на североисточниот брег на големиот Арапски полуосторов. Инаку, Катарскиот полуостров е долг 161 километар, а целата држава има површина од 11.500 км квадратни или речиси колку половина од територијата на Македонија. Поголемиот дел од Катар е покриен со песок и со ниски треви, … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ѓаволска кула

Ѓаволска кула

ЃАВОЛСКА КУЛА Гигантската карпа, која високо се издига над планинските области во Вајоминг на работ на Black Hills и денес повеќе од 20 индијански племиња ја сметаат за свето место. Повеќето го нарекуваат “Домот на мечката”. За ова светилиште проткаени се бројни легенди. Според преданието на племето Киова оваа необична карпа израснала како трупец за да ги заштити седумтте безпомошни индијански девојки од нападот на мечката гризли. Легендата на племето Киова донекаде е блиска со геолошката верзија … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Викенд предлог: Богомила

Викенд предлог: Богомила

26.01.2012 Село Богомила се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Сместено е во горното сливно подрачје на река Бабуна на надморска височина од околу 500 метри. Оваа ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и претставува вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи ливади и секако бистрите и брзи води на река … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог