Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "earthquakes"

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

26.07.2019 На денешен ден пред точно 56 години утрото во 5 ч. 17 мин. се случил силен земјотрес во Скопје. 26ти јули 1963 година ќе остане ден длабоко врежан во сеќавањето на многу поколенија, кои ќе се претопуваат во раскази за силниот земјотрес кој го разурнал Скопје. Епицентарот на овој земјотрес е во близина на с. Бразда, со магнитуда 6.1 степени според Рихтеровата скала. Макросеизмичките ефекти на земјотресот имале катастрофални последици за жителите и градбите во … Read entire article »

Filed under: На тема

10 години од серијата земјотреси во Валандовското епицентрално подрачје

10 години од серијата земјотреси во Валандовското епицентрално подрачје

5.03.2019 Сеизмичката активност на епицентралното подрачје Валандово се карактеризира со честа појава на земјотреси чии магнитуди се помали од 4.0. Умерено силните земјотреси, изолирано или со серии на придружни послаби земјотреси, се набљудуваат главно во периоди од по неколку децении. Силните земјотреси со магнитуди поголеми или еднакви на 6.0 се ретки. Времето на случување на првиот познат силен земјотрес, кој предизвикал уривања на античкиот град во близина на денешното с. Марвинци кај Валандово, во најновите сеизмолошки … Read entire article »

Filed under: На тема

Скопскиот земјотрес и Пикасо

Скопскиот земјотрес и Пикасо

26.07.2018 Тоа петочно утро, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути “Меркали” нападна речиси со сета сила, со своите 9 степени! Обично ваквите најави претставуваат почеток на војна или некој друг вид катастрофа. Ова претставуваше катастрофа од 20 секунди, каде што почетокот го означуваше крајот. Сѐ се случи одеднаш, бучавата беше присутна низ улиците, се рушеше се наоколу. Многу луѓе останаа на улица, а уште потрагично, преку 1000 луѓе го загубија животот. … Read entire article »

Filed under: На тема

Најсилните земјотреси во светот во 2017година и краток осврт на Дојранската серија земјотреси!

Најсилните земјотреси во светот во 2017година и краток осврт на Дојранската серија земјотреси!

02/01/2018 Серија на земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија. Утринава на 02.01.2018 година се случи најсилниот земјотрес од оваа серијата во 05 часот и 24 минути (локално време). Неговиот епицентар е на 145 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова магнитуда од 4,8, а беше најсилно почувствуван од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, и тоа во Дојран со интензитет од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

26/12/2017 Неотектонски и сеизмотектонски карактеристики Сезмичноста на територијата на Македонија и околните блиски балкански региони е поврзана за вертикални и делумно хоризонтални поместувања на тлото, вдолж гравитациони (нормални) раседи. Овие раседи се формирани со неотектонските процеси на вертикални диференцијални движења, кои отпочнале пред околу 18 милиони години, a во некои предели и денес се јавуваат како современи тектонски движења. Тектонските процеси на раседнување имале променлив карактер, при што се менувале периоди на поинтензивна тектонска подвижност со периоди … Read entire article »

Filed under: Географски вести

27 години од гевгелискиот земјотрес!

27 години од гевгелискиот земјотрес!

21.12.2017 Денес е 27 годишнина од гевгелискиот земјотрес, со измерена магнитуда од 5.5 степени според Рихтер. По тој повод, во натамошниот текст накратко ќе бидат прикажани резултатите од одредените параметри (магнитуда, локација на хипоцентар), почуствуваноста, ефектите на површината на Земјата и оштетувањата врз градбите. Во утринските часови, на 21.12.1990 година подрачјето помеѓу Гевгелија (Р. Македонија) и Гуменџа (Р. Грција) го зафати висока сеизмичка активност, која се изрази со серија на земјотреси. Главниот земјотрес на оваа серија се случи … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Земјотресот од 1911 година во јужниот дел од Охридско Езеро најсилен во епицентралното подрачје

Земјотресот од 1911 година во јужниот дел од Охридско Езеро најсилен во епицентралното подрачје

23/11/2017 Сеизмичката активност на територијата на Република Македонија и пограничните региони е поврзана со деструктивните процеси во Земјината кора, односно тектонските движења кои се манифестираат и денес, во издигањето или тонењето и латералното поместување на одделните блокови. Доказ за тоа се големиот број на земјотреси случени во минатото како и во поновата историја. Земјотресите случени во периодот 1901 – 2015 година прикажани се на Слика 1. Слика 1. Каталог на земјотреси за Македонија и блискиот соседен регион … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Advertisment ad adsense adlogger