Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Ivica Milevski"

Прво учество на претставници од Македонија на тренинг-работилницата за УНЕСКО геопаркови!

Прво учество на претставници од Македонија на тренинг-работилницата за УНЕСКО геопаркови!

8.07.2019 Во периодот од 31 мај до 10 јуни, во градот Мителини на островот Лезбос во Грција се одржа тренинг-работилница на тема поврзана со подготовка, воспоставување и одржливо функционирање на УНЕСКО геопаркови. На настанот, главно внимание беше посветено на Во првите три дена од настанот, познати експерти од Светската и Европската мрежа на геопаркови (GGN, EGN) и експерти од УНЕСКО, преку свои презентации и панел дискусии, укажаа на неопходните чекори и активности кои ќе резултираат со … Read entire article »

Filed under: Географски вести

За водопадите кај с.Бродец на Скопска Црна Гора

За водопадите кај с.Бродец на Скопска Црна Гора

4.02.2019 Иако само на половина час од градот Скопје и без оглед на бројните природни и културни атракции што ги има, планината Скопска Црна Гора е сеуште слабо посетена. Можеби тоа е и заради недоволната запознаеност на пошироката јавност со споменатите вредности. Во таа смисла, особено внимание заслужуваат водопадите на Тршченски Поток, на околу 500 m источно од Бродец, на 950-1100 m надморска височина. Станува збор за десетина водопади со височина од 2,5 – 5 метри, наредени скалесто … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Мистичните езерца „Орлови очи“ на врвот Ченгино Кале!

Мистичните езерца „Орлови очи“ на врвот Ченгино Кале!

31.01.2019 Под име Ченгино Кале се нарекува локалноста околу истоимениот карактеристичен врв на Малешевските Планини, на самата граница со Бугарија, кој е со надморска височина од 1752 m. Ченгино Кале е познато како најисточно место во Македонија, за што веќе пишувавме на ИГЕО, но и како изворишно подрачје на реката Брегалница. Меѓутоа, она што ретко кој го знае е дека на самото било непосредно до врвот има две мали езерца, познати како „Орлови очи“ или Ченгини … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

28.01.2019 Пехчевски Водопади се наоѓаат во долината на Брегалница, поточно под нејзиниот изворишен дел, на „границата“ помеѓу Влаина и Малешевски Планини. Водопадите се само 5-10 km југоисточно од градот Пехчево, па затоа и нивното заедничко име. Овој дел од реката Брегалница, каде се составуваат Требомирска, Љутачка и Крива Река е познат под името Валавица (или Валавичка Река), поради слаповидниот пад на водата и бројните брзаци. Низводно, по вливот на Равна Река, Брегалница има помал пад, помирен … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено..., Чудесна Македонија

Креирање на 3Д фотореалистични модели на теренот со помош на дрон

Креирање на 3Д фотореалистични модели на теренот со помош на дрон

21.10.2018 Во последната деценија, дроновите стануваат неопходна алатка во разни сфери на живеењето: од мониторинг на природни непогоди (пожари, поплави, оштетувања при земјотреси и сл.), преку користење во земјоделството (прскање со заштитни средства, следење на раст и состојба на разни култури), до употреба во воени цели. Секако, мали, лесни дронови се користат и за спортско-рекреативни цели или како хоби. Заради падот на цената на дроновите, драстично се зголеми нивниот број, а со тоа и ризикот по … Read entire article »

Filed under: На тема

Успешно учество на меѓународната конференција за геопаркови во Белоградчик

Успешно учество на меѓународната конференција за геопаркови во Белоградчик

19.10.2018 Во периодот од 11 до 14 октомври, во градчето Белоградчик во северозападниот дел на Бугарија, се одржа меѓународна конференција на тема: Geoparks and Modern Society (геопарковите во современото општество). Конференцијата беше посветена на 20-годишнината од иницијативата за прогласување на геопаркови, промовирана на состанокот на Прогео во Белоградчик, во 1998 година. Главана тема на конференцијата беше постапката за воспоставување, функционирање и одржливост на геопарковите, придобивките од нив, искуствата од разни делови на светот и сл. Во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Врвот Ченгино Кале сепак не е најисточната точка во Република Македонија!

Врвот Ченгино Кале сепак не е најисточната точка во Република Македонија!

26.08.2018 Во географската литература, обично како најисточна точка на Република Македонија се наведува врвот Ченгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија. Како височина за овој врв, се смета котата од 1745 метри, што пак е погрешно, бидејќи истата е 160 метри северозападно од врвот. Вистинскиот врв е кај самиот граничен камен бр. 48 и неговата височина овде изнесува 1752 метри според топографската карта 1 : 25.000 на АКН, или 1754 … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Што е тоа Шангајска листа, како се изготвува и каде е Македонија на неа?

Што е тоа Шангајска листа, како се изготвува и каде е Македонија на неа?

25.08.2018 Неодамна излезе ранг-листата на најдобрите светски универзитети за 2018 година, или т.н. Шангајска листа. Оваа листа за прв пат е објавена во јуни 2003 година од страна на „Центарот за универзитети од светска класа“ и „Институтот за високо образование при Универзитетот Џао Тонг – Шангај“, Кина. Од 2009 година, лиценца за „Рангирање на Светските Универзитети (The Academic Ranking of World Universities) ARWU“ има ShangaiRanking Consultancy која е независна од било кој универзитет или владини организации. … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Македонскиот тим се врати со бронзен медал од Светската олимпијада за геонауки во Тајланд!

Македонскиот тим се врати со бронзен медал од Светската олимпијада за геонауки во Тајланд!

20.08.2018 Во периодот од 8-17 август, во местото Сај Јок, провинција Канчанабури, во западниот дел Тајланд, се одржа 12-та Светска олимпијада за геонауки (International Earth Sciences Olympiad), на која за прв пат учествуваше и тим од Република Македонија. На натпреварот присуствуваа досега рекорден број национални екипи – од 40 држави, меѓу кои од Кина, Јапонија, САД, Австралија, Франција, Италија, Германија, Русија, Кореја, Индија, Индонезија, Мјанмар, Аргентина, Бразил, Шпанија, Португалија, Финска, Чешка, Филипини, Пакистан, Израел, Турција, Малави, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

4.04.2018 На 10-тина километри североисточно од градот Куманово, во атарот на с.Младо Нагоричане се наоѓа една од најуникатните појави на фосилен вулкански релјеф во Република Македонија – познатите „базалтни плочи“. Станува збор за 8 ридести возвишенија со релативна височина од 50 до 100 m, најчесто со купест изглед и зарамнети на врвот. Овие возвишенија се остатоци од пространа вулканска структура формирана со разлевање на базична (течна) лава на голема површина, пред околу 10 милиони години. Уште … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

31.12.2014 Деновиве една од најчесто застапените теми низ медиумите се импакт факторот (ИФ) или т.н. фактор на влијание и индексирачки бази на научни списанија, цитирања, истражувачи и сл. Во најголем број од медиумите, само површно, паушално, па дури и тенденциозно се изнесуваат наведените поими. Причина за тоа е што со импакт факторот и индекс-базите, наеднаш почнаа да се занимаваат тие што воопшто нити ги засегало, нити биле во „допир“ или прв пат слушнале за спомената проблематика. Затоа ќе се обидеме … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

29.12.2014 Источниот дел на Република Македонија, последните години станува се попривлечен за посета на туристи. Во таа смисла, посебно се издвојуваат локалитетите Беровско Езеро, Суви Лаки, Пониква, Беласица и други. Во наведените, но и други локалитети има доста добри можности за престој и прошетка во природа, трекинг, планински велосипедизам, спа-туризам и слично. Пониква пак, долг период е позната како центар за зимско-спортски туризам во источниот дел на државата. Сепак, поради надморската височина, таа одговара за посета … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

29.12.2014 Дедо Мраз претставува личност во западната култура од легендарен, митолошки и фолклорен карактер кој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на католичката бадникова ноќ, на 24 декември. Денес тој стана глобално позната „личност“ и прифатена во голем дел од светот. Дедо Мраз на запад е познат под името Санта Клаус или едноставно Санта (Santa Claus или Santa), а неговото значење не е целосно расветлено. Не се знае од каде точно доаѓа, зошто патува … Read entire article »

Filed under: На тема

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

29.12.2014 Сосема јасно е дека без солидна наука, нема технолошки развој ниту добар универзитетски наставен кадар, а со тоа нема квалитетни студии и знаења. А без пари, нема наука, посебно во денешно време на големи технолошки достигнувања. Во Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, издвојувањето за наука е речиси во константно опаѓање и тоа од околу 0,6% од БДП во почетокот на 1990-тите на нецели 0,2% (извор) во последните 13 години, што ни оддалеку не е доволно … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

28.12.2014 Дали некогаш сте се запрашале зошто почетокот на секоја нова година е токму на 1 јануари? Низ историјата, почетокот на нова година обично се поврзувал со некој природен настан. Најчесто тоа била смената на исто годишно време (обично пролет) или пак датумот на пролетната рамноденица, односно околу 20 март. Прославувањето на Нова година на 1-ви јануари се смета дека е поврзана со стариот римски обред во чест на богот Јанус, кој бил бог на „почетокот“, на … Read entire article »

Filed under: На тема

Во Македонија, Новата 2015 година првин ќе „пристигне“ во Пехчево!

Во Македонија, Новата 2015 година првин ќе „пристигне“ во Пехчево!

27.12.2014. Поради ротацијата и формата на Земјата (сфера, поточно елипсоид), речиси секое место има свое реално време, наречено локално или месно време. Меѓутоа, заради поедноставување на таков комплициран систем на времиња, целата земјина „топка“ уште пред речиси 2 века е поделена на 24 часовни зони, кои одат по меридијани, а почнуваат источно (се означува со +) или западно од Гринич (се означува со -). За место, односно меридијан од каде ќе се менува датумот, е избрана линија која … Read entire article »

Filed under: На тема

Што е всушност Нова година?

Што е всушност Нова година?

27.12.2014 Нова година е ден што го означува времето на почетокот на нова календарска година. Година пак е временски период за кој Земјата врши една потполна револуција (кружење) околу Сонцето и изнесува 365 дена 5 часа, 48 минути и 46 секунди или приближно 365,25 дена. Таканаречената „Граѓанска година“ која се користи во светот, од практични причини е заокружена на 365 дена, а остатокот од 6-те часа се „собира“ во текот на 4 години кога се додава … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

НАМЕСТО ЕКСТЕРНО

НАМЕСТО ЕКСТЕРНО

26.12.2014 Последните неколку месеци од 2014 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија, реши да поведе постапка за драстична реформа во високото образование, со цел подобрување на квалитетот на истото. Меѓу главните елементи на кои би се засновала реформата е воведување на државен испит, со кој се смета дека ќе подигне нивото на знаењата на студентите, односно дипломците. Подоцна, оваа мерка беше надополнета со низа на дополнителни предлози за измени во Законот за високо … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

23.12.2014 Адреналинските паркови претставуваат поставени и уредени спортско-рекреативни содржини во природа, кои се протегаат на релативно мал простор (обично неколку стотици м кв. до неколку хектари). Се состојат од разни премини преку јажиња, јажени висечки мостови, сајли, високи платформи и сл., при што се јавува силна возбуда, понекогаш страв, но и задоволство кога ќе се заврши патеката. Адреналинските паркови не бараат големи инвестиции, а се изразито барани кај туристите желни за адреналинско и авантуристичко доживување. Секако, за нивно … Read entire article »

Filed under: На тема

Мелничката индустрија во Скопје помеѓу двете светски војни

Мелничката индустрија во Скопје помеѓу двете светски војни

18.12.2014 Меѓу првите индустриски претпријатија од прехранбената индустрија на територијата на вардарскиот дел на Македонија се јавиле мелниците. Појавата на првите мелници со поголем капацитет и тргувањето со мелничките производи била забележана во осумдесеттите години на XIX век. Помеѓу Првата и Втората Светска војна, во Скопје, покрај мелниците од османлиско време кои продолжиле да функционираат, се изградиле уште 3 модерни мелници, така што од вкупно 12 мелници во вардарскиот дел на Македонија, во Скопје биле концентрирани 5. Мелничката индустрија … Read entire article »

Filed under: На тема

Advertisment ad adsense adlogger