УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ-СКОПЈЕ
 
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
 
 ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА
Датум: 10/19/2014   English
Loading
Географијата го движи Светот - биди и ти Географ!!!...веб страница на Институтот за географија-една од најстарите високообразовни институции во Република Македонија...www.igeografija.mk

Почетна

За Институтот

       Општо

       Студии

       Стручен кадар 

Насоки

       Наставна 

       ГИС 

       Физичка географија 

       Демографија 

       Туризам 

Втор циклус

Трет циклус

Известувања

Изданија

Галерија

Линкови

 

ИГЕО-ПОРТАЛ

  КОНТАКТ:
  Гази Баба бб

  П. Фах 162
  1000 Скопје
  Република Македонија
  тел. 389 2 3249716
ПОСЕТИТЕЛИ
 
 

  
ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА (ДОКТОРСКИ СТУДИИ)

            Траење на студиите

 

            Студиите траат три години (6 семестри), односно услов е стекнување на 180 кредити

 

            Услови за запишување на студиите

            Право на запишување на студиската програма имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат критериумите пропишани во член 14 од Правилникот.

            Кандидатите, чие образование или дел од образование е од друга област (дисциплина), можат да се запишат на студиите врз основа на позитивно мислење од Советот на студиската програма. За овие кандидати советот на Студиската програма може да предвиди и услов за запишување со претходно полагање на  одредени предметни програми.

            Обемноста на предходно стекнатото образование, изразено во ЕКТС-кредити, ја оценува Советот на студиската програма.

 

            Компетенции со кои се стекнува студентот

 

            Со завршување на студиската програма кандидатот се стекнува со највисоки компртенции за научно истражувачката работа од потесната област на научното истражување. Кандидатот е оспособен за самостојно истражување, за водење на научноистражувачки проекти, за развој на нови методи и технологии од потесната област на научното истражување.

            Кандидатот може да работи во високо образовни институции, научни институте, во развојни и истражувачки центри и т.н.

           

            Академски степен кој се стекнува со завршување на студиите

 

            Со завршувањето на третиот циклус докторски студии по географија кандидатите се стекнуваат со научен степен доктор на географски науки. Потесната област и дисциплина се опишува во додатокот на дипломата.

 

 

ОПИС НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

 

            Научно подрачје, поле и област

           

            Подрачје: географски науки

            Поле:                          

         Физичка географија,

         Социјална Географија

         Економска географија,

         Картографија и Географски Информациски Системи

            Области дисциплини:

         картографија

         геоморфологија

         климатологија

         хидрологија

         географија на население

         географија на населби

         аграрна географија

         индустриска географија

         сообраќајна географија

         туризмологија

         политичка географија

         воена географија

         животна средина

         регионална географија

         просторно планирање

         методика на наставата по географија

            Содржина и организација на студиската програма

 

            Студиската програма се состои од два дела:

1.      Обука за истражување и едукација во обем од 60 ЕКТС кредити и

2.      Изработка на докторска дисертација во обем од 120 ЕКТС кредити.

 

           

            Обука за истражување и едукација во обем од 60 ЕКТС кредити и

 

            Обуката за истражување се спроведува во првиот и вториот семестер од студиската програма, односно во првата година на студиите. Истата се состои од предмети за стекнување генерички знаења и вештини (12 ЕКТС кредити) и од докторски семинари, конференции и работилници (во обем од 18 ЕКТС кредити).

            Едукацијата се состои оде ден до два од пошироката област на истражување и два до три од потесната област на истражување. Обемот на едукацијата е 30 ЕКТС кредити. Едукацијата се спроведува на Институтот за Географија при Природно математичкиот факултет во Скопје. По избор на кандидатот а со согласност на менторот дел од едукацијата може да се спроведува на други единици на Универзитетот или надвор од него но на компетентни државни институции.

 

I Семестар

Фонд на часови

кредити

1/ Предметна програма за стекнување генерички знаења

4

4

2/ Предметна програма за стекнување генерички знаења

4

4

3/ Предметна програма за стекнување генерички знаења

4

4

4/ Предмети од поширока област на истражување група А или В1

4

6

5/ Предмети од поширока област на истражување група А или Б

4

6

6/ Предмети од потесна област на истражување група Б

4

6

ВКУПНО

24

30

 

1- група В се предметни програми од подрачјето на истражување понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот или на друг државен универзитет во Република Македонија 

 

  

II Семестар

Фонд на часови

кредити

1/ Предмети од потесна област на истражување група Б

4

6

2/ Предмети од потесна област на истражување група Б или Г2

4

6

3/ Докторски семинар со презентација

(2)

2

4/ Истражување за подготовка на тема за докторска дисертација

(14)

14

5/ Годишна конференција со презентација

(2)

2

ВКУПНО

24

30

 

2- Група Г се предметни програми од потесната област на истражувањето понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот или на друг државен универзитет во Република Македонија 

 

            Кандидатот предметните програми ги избира во договор со менторот.

 

            3.2.2. Изработка на докторска дисертација

 

            Изработката на докторската дисертација опфаќа:

         Подготовка на тема оригинално истражување на кандидатот,

         Пријавување на тема за докторска дисертација,

         Објавување на печатени трудови,

         Пишување на дисертацијата,

         Поднесување на докторската дисертација,

         Јавна одбрана на дисертацијата

 

III семестар

Кредити

1/ Подготовка и поднесување на пријавата за докторска дисертација

28

2/ Докторски семинар со презентација на извештај

2

ВКУПНО

30

 

 

 

 

IV семестар

Кредити

1/ Работилница за истражувачка практика

3

2/ Истражување и објавување на резултати

25

3/ Годишна конференција со презентација на извештај

2

ВКУПНО

30

 

 

 

 

V семестар

Кредити

1/ Истражување и објавување на резултати

28

2/ Докторски семинар со презентација на извештај

2

ВКУПНО

30

 

 

 

 

VI семестар

Кредити

1/ Работилница за истражувачка практика

3

2/ Истражување и пишување на дисертацијата

25

3/ Годишна конференција со презентација на извештај

2

ВКУПНО

30

 

 

 

3.3. Листа на предметни програми

 

            Структурата на студиската програма предвидува две групи на изборни предмети А и Б. Првата група (А) се предметни програми за едукација од пошироката област на истражувањето. Втората група предметни програми (Б) се за едукација од потесната област на истражување. Поделена е во четири потпрограми на потесни области на истражување.

            Еден предмет од пошироката и еден предмет од потесната област на истражување може да биде избран од студиските програми на другите единици на Универзитетот или на некој од другите државни универзитети во Република Македонија.

 

Група А - Предмети од поширока област на истражување

 

         картографија

         геоморфологија

         климатологија

         хидрологија

         географија на население

         географија на населби

         аграрна географија

         индустриска географија

         сообраќајна географија

         туризмологија

         политичка географија

         животна средина

         регионална географија

         просторно планирање

         методика на наставата по географија

 

Група Б - Предмети од потесна област на истражување

 

Потпрограма Б1- картографија и Географски информациски системи

  • Од областа на картографија

-Применета картографија

-Математичка картографија

-Историска картографија

-Картографска топонимика

-Тематска картографија

-Дигитална картографија

-Географски информациски системи

-далечинска детекција

 

Потпрограма Б2- Физичка географија

  • Од областа на геоморфологија

-геоморфологија на Република Македонија

-методологија на научно-истражувачка работа

-геоморфолошка библиографија

-одделно поглавје од динамичка геоморфологија

-петрографија

-тектоника на плочи

-геонаследство

-ерозивни хазарди

-дигитални техники за проценка и мониторинг на ерозивните процеси

-ерозија на земјиштето-апликативни аспекти

 

  • Од областа на климатологија

-основна статистичка обработка на податоци во климатологија

-применета климатологија

-климата во Република Македонија

 

  • Од областа на хидрологија

-методологија на научно истажувачка работа во хидрологија

-водни ресурси во република македонија

-применета хидрологија

 

Потпрограма Б3- Социјална географија

  • Од областа на географија на население

-просторните процеси и населението

-населението и развојот

-демогеографски промени во Република Македонија

 

  • Од областа на географија на населби

-одржлив развој на руралните подрачја

-градот и околината

-просторно-функционални системи на населби

 

Потпрограма Б4- Економска географија

  • Од областа на аграрна географија

грарна географија

 

  • Од областа на индустриска географија

-индустрија и просторно планирање

-географски фактори за локација

-на индустријатаиндустријата воРепублика Македонија

 

  • Од областа на сообраќајна географија

-Основи на сообраќајната географија

-Регионална сообраќајна географија

-Сообраќајна географија на Република Македонија

 

  • Од областа на туризмологија

-Основи на туризмот

-Туристичка регионализација

-Економика на туризмот

 

  • Од областа на политичка географија

-политичка географија

-воена географија

 

Потпрограма Б5- Регионална Географија и интердисциплинарни дисциплини

 

  • Од областа на животна средина

-Рурална екологија

-Урбана Екологија

-Геоекологија

 

  • Од областа на регионална географија

-Регионализација на просторот

 

  • Од областа на просторно планирање

-примена на методи и модели во праксата на просторното планирање

-нови сваќања во теоријата на просторното планирање

-географска анализа и синтеза во областа  просторно планирање. просторни истражувања

 

  • Од областа на методика на наставата по географија

-методика на наставата по географија.

 

            Соодветно на потесната проблематика во која се специјализира кандидатот, за докторска дисертација, од наведените предмети бира група на потесни дисциплини кои се понепосредно поврзани со неговата конкретна научна тема.

 

Задолжителни и изборни активности

 

            Во рамките на студиската програма предвидени се неколку задолжителни активности.

            На крајот од вториот семестер предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат годишен извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС кредити.

            На крајот од третиот семестер предвиден е докторски семинар на кој кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековниот семестар. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС кредити.

            На почетокот од четвртиот семестер предвидена е работилница за истражувачка практика. Учеството на кандидатите на работилницата се вреднува со 3 ЕКТС кредити.

            На крајот од четвртиот семестер предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат годишен извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС кредити.

            На крајот од петтиот семестер предвиден е докторски семинар на кој кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековниот семестар. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС кредити.

            На почетокот од шестиот семестер предвидена е работилница за истражувачка практика. Учеството на кандидатите на работилницата се вреднува со 3 ЕКТС кредити.

            На крајот од шестиот семестер предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат годишен извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС кредити.

            Како изборна активност на кандидатот се смета учеството на научни и стручни собири во земјата, во странство или на меѓународно ниво, во својство на автор на самостоен труд или во коавторство. Овие активности се вреднуваат со 3 ЕКТС кредити. Нив ги оценува Советот на докторските студии. Бројот на вака стекнатите кредити неможе да биде поголем од 9 еКТС - кредити.

 

Структура на студиите, динамика на студирање, обврски на студентите

 

            Студиска програма е предвидено да се реализира во форма на редовни студии.

            Правата и обврските на студентите докторанти се регулирани со Правилник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

            Услов за запишување на вториот семестер е реализација на обврските од првиот семестер за добивање на потпис (право на полагање) за предметите слушани во првиот семестер и реализација на најмалку 18 кредити.

            Услов за запишување на третиот семестер е реализација на обврските од вториот семестер за добивање на потпис (право на полагање) за предметите слушани во првиот семестер и реализација на најмалку 45 кредити.

            Услов за пријавување на докторска дисертација е реализација на 60 кредити предвидени во првиот и вториот семестер односно првата година на докторските студии.

Полагањето на завршните испити од предметните програми се обавува во три испитни сесии во текот на годината, јануари, мај-јуни, август-септември.

            Кандидатот кој предметната програма ја слушал во зимски семестер должен е испитите да ги положи во јануарскиот испитен рок. Доколку не го положи испитот има право на поправен испит во наредната мајско-јунска испитна сесија. За предмет слушан во летниот семестер поправна испитна сесија е август-септември. Доколку кандидатот повторно не го положи испитот во поправната сесија тој повторно ја запишува предметната програма, или во договор со менторот избира друга предметна програма.

            Кандидатот кој нема да ги заврши обврските од првата година на студиите (реализација на 60 кредити) во рок од две години го губи правото на студирање.   

Листа на наставници за реализација на студиската програма

 

Во реализацијата на Студиската програма од трет циклус на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет ќе се ангажираат следните наставници според нивната специјалност и научна преокупација:

 

Од Институтот за географија при ПМФ

НАСТАВНИК

НАУЧНА ПРЕОКУПАЦИЈА

Проф. д-р Михајло Зиков, редовен профессор на ИГ при ПМФ

 

-климатологија ,

-просторно планирање,

Проф. д-р Драган Василески, редовен профессор на ИГ при ПМФ

-група предмети од хидрологија: 

Проф. д-р Благоја Маркоски, редовен профессор на ИГ при ПМФ

 

група предмети од:

- картографија

- Географски Информациски Системи

- регионална Географија,

Проф. д-р Никола Панов, редовен профессор на ИГ при ПМФ

 

група предмети од:

-     туристичка и

-     сообраќајна географија

Проф. д-р Ристо Мијалов, редовен профессор на ИГ при ПМФ

 

група предмети од

-аграрна географија,

-политичка географија,

Проф. д-р Драган Колчаковски, редовен профессор на ИГ при ПМФ

 

група предмети од:

-геоморфологија,

-биогеографија,

-физичка географија со геоекологија

Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, вонреден профессор на ИГ при ПМФ

 

група предмети од:

-географија на население,

-географија на населби, 

Проф. д-р Олгица Димитровска,

вонреден професор на ИГ при ПМФ

 

група интердисциплинарни предмети:

-географски аспекти на заштита на животната средина,

-заштита на  природното наследство,

Проф. д-р Ивица Милевски, вонреден професор на ИГ при ПМФ

група предмети од:

-математичка географија, 

-ерозија на земјиштето,

-геоинформатика,

-далечинска детекција,

-педогеографија,

Доц. д-р Билјана А.-Тошевска, доцент на ИГ при ПМФ

група предмети од:

-индустриска географија,

-економска географија

 

По потреба би се ангажирале наставници од:

Од Институтите на ПМФ (потребен број наставници)

Од Градежниот факултет при УКИМ во Скопје (потребен број наставници)

Од останатите факултети при УКИМ во Скопје (потребен број наставници)

 

Кадровскиот потенцијал соодветно на студиската програма се надополнува со наставници од единиците на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

            Административно-техничкиот персонал на Природно математичкиот факултет истовремено ги има обврските и спрема студиите и студентите кои се организираат на Институтот за геогрфија.

            Трошоците за студирање ќе бидат регулирани согласно позитивните законски прописи за студирање на државен факултет и одлуките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

            Оптималниот број на студенти на студиските програми на Институтот за географија според новиот принцип на студирање според ЕКТС и поставеноста на вториот циклус претпоставуваме дека на третиот циклус ќе се опфаќаат околу 50% од магистрираните  студенти на вториот циклус. Односно во апсолутни бројки тоа би се движело околу 20-30 студенти годишно.

 

Услови за ментор

 

            Ментор на докторска дисертација можат да бидат лицата избрани во наставно научни звања во ранг на редовен профессор, вонреден профессор или доцент. Поконкретно наведените универзитетски наставници треба да имаат најмалку 20 поени (според член 41 од Правилникот) за постигнати научно истражувачки резултати презентирани на научни собири, низ списанија, монографски трудови, раководење и учества во научно истражувачки проекти, менторства на магистерски и докторски дисертации, искуства во раководеже на стручни институции, работни тимови и сл..

            Научно истражувачките активности треба да се од потесната област на истражување на кандидатите за ментор.    

 

Финансиска конструкција на докторските студии

 

Средствата за реализација на докторските студии се од Буџетот на Република Македонија, од ќколарина на студентите, други трошоци на студентите на докторските студии согласно законски утврдени услови.

            Средствата за реализација на докторските студии може да се обезбедат и од други универзитети, правни и физички лица од земјата и од странство.

            Школарината и другите трошоци се објавуваат во условите на конкурсот за запишување на студуденти на докторки студии кој го објавува Универзитетот.

 

4.6. Оптимален број на запишани студенти

 

            Оптимален број за запишување на студенти на докторски студии на Институтот за Географија при Природно математичкиот факултет во Скопје е до 5 (пет) студенти на секоја од наведените потпрограми.

Потпрограма Б1    5 студенти

Потпрограма Б2    5 студенти

Потпрограма Б3    5 студенти

Потпрограма Б4    5 студенти

Потпрограма Б5    5 студенти

ПРЕДМЕТНИТЕ ПРОГРАМИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

Страницата е ажурирана на 14.10.2011 година. Содржините се од информативен карактер. Сите права се заштитени.

Изработка и ажурирање на страницата: Ивица Милевски. Вашите сугестии и коментари можете да ги пратите на: ivica@iunona.pmf.ukim.edu.mk