УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ-СКОПЈЕ
 
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
 
 ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА
Датум: 08/17/2016   English
Loading
Географијата го движи Светот - биди и ти Географ!!!...веб страница на Институтот за географија-една од најстарите високообразовни институции во Република Македонија...www.igeografija.mk

Почетна

За Институтот

       Општо

       Студии

       Стручен кадар 

Насоки

       Наставна 

       ГИС 

       Физичка географија 

       Демографија 

       Туризам 

Втор циклус

Трет циклус

Известувања

Изданија

Галерија

Линкови

 

ИГЕО-ПОРТАЛ

  КОНТАКТ:
  Гази Баба бб

  П. Фах 162
  1000 Скопје
  Република Македонија
  тел. 389 2 3249716
ПОСЕТИТЕЛИ
 
 


  
ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА (МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ)
 
   НАСОКИ

    НАСТАВНА ГЕОГРАФИЈА
    ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ (ГИС)
    ФИЗИЧКА ГЕОГРАФИЈА
    ДЕМОГРАФИЈА
    ТУРИЗАМ

НАСОКА: НАСТАВНА ГЕОГРАФИЈА

 

Траење на студиите:

Втор циклус: 2 семестри (1 година)

 

Услови за запишување на студиите:

 

Запишувањето на студиите од втор циклус на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје е согласно законските решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Недвосмислено се гарантира уписот на диломираните студенти од областа географија (четиригодишни студии).

 

Спецификација на генеричките (општите) и специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен

 

Студиите од втор циклус од областа географија согласно поставеноста на студиските и предметните програми претпоставуваат формирање на кадри од поголем број географски научни дисциплини. Соодветно на проблематиката за кои се определиле кандидатите, истите ќе можат да вршат работи и работни задачи во сверата на различни проектантски организации, административно политички единици, разни образовни институции, приватни фирми и т.н.    

Поконкретно вака обучените кадри може успешно да работат во сите институции на Македонското образование, институциите на државната управа, локалната самоуправа, во стопански организации, разни проектантски организации, медиуми, трговски друштва, агенциски институции и други разни информативни дејности. 

 

Академски или стручен назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите

 

Со завршувањето на вториот циклус студентите се стекнуваат со назив магистер по географски науки.

 

Студиска програма

 

Студиската програма е од областа на географијата.

Студиите од вториот циклус траат 1 година односно 2 семестри.

Започнувањето и времетраењето на семестрите е во согласност со Законот за високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

Испитните рокови се организираат согласност со Законот за високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

Студентите на втор циклус завршуваат со одбрана на магистерска работа и притоа освојуваат 90 кредити.

Исполнетите услови од прв циклус овозможуваат упис на втор циклус. 

Студиската програма содржи вкупно 4 предмети од кои 1 е задолжителен а останатите се изборни предмети во зависност од тоа кон која потесна специјалност се определил кандидатот.

При реализацијата на наставата и кај задолжителните и кај изборните предмети поединечно се предвидени повеќе активности во смисла на подготовка на семинари, теренски истражувања, одржување трибини, предвидени колоквиуми и испити.

Услов за пријавување на магистерската работа во вториот семестар е студентот да ги има положено предвидените испити.

 

Наставен и помошен кадар на Институтот за географија

 

д-р Михајло Зиков, редовен професор

д-р Драган Василески, редовен професор

д-р Благоја Маркоски, редовен професор

д-р Никола Панов, редовен професор

д-р Ристо Мијалов, редовен професор

д-р Драган Колчаковски, редовен професор

д-р Мирјанка Маџевиќ, вонреден професор

д-р Олгица Димитровска, доцент

д-р Ивица Милевски, доцент

д-р Билјана Апостоловска Тошевска, доцент

м-р Милена Талевска, помлад асистент

м-р Свемир Горин, помлад асистент

Иван Радевски, помлад асистент

Јованка Лукаревска,  библиотекар/технички секретар

 

Кадровскиот потенцијал соодветно на студиската програма доколку има потреба може да се надополнува со наставници од единиците на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Нивниот ангажман е согласно регулативата во рамките на Универзитетот.

Административно-техничкиот персонал на Природно математичкиот факултет истовремено ги има обврските и спрема студиите и студентите кои се организираат на Институтот за геогарфија.

 

Трошоците за студирање ќе бидат регулирани согласно позитивните законски прописи за студирање на државен факултет и одлуките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

 

Оптималниот број на студенти на студиските програми на Институтот за географија согласно досегашните искуства на класичните постдипломски студии се движи помеѓу 10 и 20 студенти годишно во одреден постдипломски студиум. Меѓутоа новиот принцип на студирање според ЕКТС системот и поставеноста на вториот циклус претпоставуваме дека ќе опфаќа околу 50% од дипломираните студенти на прв циклус. Односно во апсолутни бројки тоа би се движело околу 50 студенти годишно.

 

Содржина на студиските програми

 

Студиската програма од вториот циклус согласно Законот за високо  образование и правилата за студирање според ЕКТС се состои од задолжителни предмети и листа на изборни предмети.

Во продожение е презентирана студиската програма од географија и предметни програми предвидени за втор циклус.

  

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

1. Студиска програма со фонд на часови и број на кредити

 

КОД

СЕМЕСТАР IX

нед. фонд

семест.

фонд

кредит

1

Методологија на научно истражувачка работа во географија

6+2

8*15=120

8

2

Изборен предмет:

Методологија на научно-истражувачка работа во. . .

-картографија

-геоморфологија

-ерозија на земјиштето

-климатологија

-хидрологија

-географија на население

-географија на населби

-аграрна географија

-сообраќајна географија

-менаџмент во туризмот

-индустриска географија

-политичка географија

5+2

7*15=105

7

3

Изборен предмет:

-заштита на животната средина

-регионална географија

-основи на туризмологијата

-просторно планирање

еографски Информациски Системи

-Заштита на природно наследство

-Географија на природни катастрофи

-ерозија на земјиштето и против ерозивна заштита

-методика на наставата по географ.

5+2

7*15=105

7

4

Изборен предмет:

-одбрани поглавја од . . . наведените фундаментални, односно, интердисциплинарни предмети

4+4

6*15=90

8

 

ВКУПНО

20+10

420/26=15

30

 

 

 

 

 

 

СЕМЕСТАР X

 

 

 

1

Магистерска работа

6+6

12*15

60

 

ВКУПНО

 

 

90

 

 

 

 

 

 

Напомена: Четвртиот предмет (со статус изборен) во рамките на наставниот план за вториот циклус, се предвидува да опфаќа Одбрани поглавја од некоја од наведените фундаментални дисциплини или инердисциплинарни подрачја во зависност од потесната проблематика кон која припаќа магистерската теза.

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА НАСТАВНА НАСОКА

НАСОКА ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ (ГИС)

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ:

Студиска програма: -ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

Циклус: -Втор циклус, 1 година (2 сесместри), 60 кредитни поени

Стручно звање: -Магистер на географски науки Географски информациски системи

 

Студиската програма по Географски информациски системи бара 1 година студирање (2 семестри), за коишто студентот добива 60 кредитни поени (КП).

Стручното звање што се доделува по завршување на вториот циклус на студии и одбрана на магистерски труд е: Магистер на географски науки географски информациски системи

Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии трет циклус на студии организиран од Институтот за географија и тоа во различни области на географијата (физичка, социјална и економска).

 

НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ, ПОЛЕ И ОБЛАСТ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиска програма по: Географски Информациски Системи

Научно-истражувачко подрачје: Природно-математички науки

Поле: Географија

Област: Географски Информациски Системи

 

ВИД НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Едно годишни постдипломски студии.

 

СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ (ВТОР ЦИКЛУС)

Втор циклус постдипломски студии

 

ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма на втор циклус студии по географски информациски системи е во траење од 1 година, односно 2 семестри.

 

ЕКТС КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

Студентите што ќе ги завршат овие студии се стекнуваат со минимум 60 кредити.

 

СООДНОС МЕЃУ ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ,

На оваа студиска програма е запазен пропишаниот сооднос помеѓу бројот на задолжителните и на изборните предмети. Во следнава табела е даден процентуален сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети за студиската програма.

 

 

Вкупно предмети

Задолжителни предмети

Изборни предмети од Институтот за географија

Изборни предмети од УКИМ

Пропишана норма

100 %

< 60 %

> 30 %

> 10 %

Предмети

7

4

2

1

Процент на програмата

100%

57 %

30 %

13 %

 

 

ЛИСТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ и ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

 

1.      Студиска програма со фонд на часови и број на кредити

 

КОД

ПРЕДМЕТ

П

А

Л

КРЕДИТИ

I СЕМЕСТАР

 

Листа на задолжителни предмети

 

 

 

 

ГИ201

Методологија на научно истражувачка работа во географија

3

0

3

6

ГИ202

Применета картографија

2

0

2

4

ГИ203

Бази на податоци во ГИС

2

0

2

4

ГИ204

Применет ГИС

2

0

2

4

 

Листа на изборни предмети

 

 

 

 

 

Изборен предмет од студии по Географски Информациски Системи (се бира еден од следните предмети):

2

0

2

4

ГИ218

ГИ205

ГИ206

ГИ207

ГИ208

-ВЕБ ГИС

-Глобални позициски системи во ГИС

-Геовизуелизација

-Далечинска детекција

-Тематска картографија

 

 

 

 

 

Изборен предмет од студии по географија

(се бира еден од следните предмети):

2

0

2

4

ГИ209

ГИ210

ГИ211

ГИ212

ГИ213

ГИ214

ГИ215

ГИ216

ГИ217

-Геосистеми

-Хидросистеми

-Екоплошки системи

-Педосистеми

-Инфраструктура

-Рурални системи

-Урбани системи

-Агросистеми

-Секундарни стопански системи

 

 

 

 

 

Изборен предмет од УКИМ (се бира еден од листата на понудени предмети на УКИМ):

2

0

2

4

 

Вкупно

15

0

15

30

II СЕМЕСТАР

 

Проектна задача

0

 

10

10

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

10

0

10

20

 

Вкупно

15

0

15

30

 

Во студиската програма се вклучува изработка и одбрана на магистерски труд кој се вреднува со 30 кредитни поени. Студентите може да го изработат магистерскиот труд исклучиво во рамките на насоката од Географски информациски системи и тоа во рамките на потесно специјализираните предмети во функција на насоката и потесната специјалност или во други сродни институции кои се занимаваат со проблематика од областа на географски информациски системи и воедно е блиска на студиската програма.

 

НАЧИН НА ИЗБОР НА ПРЕДМЕТИТЕ

Во рамките на оваа студиска програма студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети. Над 30% од изборните предмети (вкупно 2) студентите ги бираат од листата на изборните предмети на Инатитутот за географија и ПМФ, а останатите 10% од изборните предмети студентите можат да ги изберат од листата (универзитетска листа) на акредитирани предмети од единицата и/или од единиците на УКИМ.

Предметите наведени како изборни треба да се бираат од листата како што е предвидено за секој семестар заради континуитет во студирањето.

 

  НАСОКА: ДЕМОГРАФИЈА

 

IX. семестар

 

Предмет

Преда-вања

Аудито-риски

Лабора-ториски

кредити

1.

Методологија на демографските истражувања

4

4

0

8

2.

Демографски методи и модели

4

2

2

8

3.

Динамика на населението

4

1

2

7

4

Изборен во зависност од темата

4

1

2

7

 

Вкупно задолжителни

12

7

4

23

 

Вкупно

16

8

2

7


X. семестар

Предмет

Неделен фонд

Фонд во семестар

ЕКТС

Магистерски труд

30

450/15

30

Вкупно

30

450/15

30

 

  ЛИСТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ: 

  1. Методологија на демографските истражувања
  2. Демографски методи и модели
  3. Динамика на населението

  ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ: 

  1. Демографски структури
  2. Репродукција на населението
  3. Транзиција на миграциите
  4. Демографска регионализација
  5. Урбано-географски системи
  6. Рурално-географски системи
  7. Одбрани поглавја од: Географија на население, Географија на анселби или Тематска картографија

Со завршување на студиите по демографија од  вториот циклус во траење од една година ( два семестри) се стекнува со звањето магистер по демографија.

Страницата е ажурирана на 14.10.2011 година. Содржините се од информативен карактер. Сите права се заштитени.

Изработка и ажурирање на страницата: Ивица Милевски. Вашите сугестии и коментари можете да ги пратите на: ivica@iunona.pmf.ukim.edu.mk