|
МАКЕДОНСКО
ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО
- MACEDONIAN GEOGRAPHIC SOCIETY
|
|---|
|
ИНФОРМАЦИИ
ЗА
ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА СПИСАНИЕТО „ГЕОГРАФСКИ РАЗГЛЕДИ“
Општи информации
Во списанието
“Географски
разгледи”,
кое излегува
еднаш годишно, се публикуваат научни, стручни, популарни и информативни трудови
од географската проблематика. Подготвените и поднесените трудови, треба
за прв пат да се доставуваат
за
објавување т.е. не смее да е веќе објавуван или
даден на објавување во друго списание, известување или било која друга форма.
Трудот треба да се достави во финална
електронска
форма, без барање за понатамошни корекции од
страна на авторот. Трудовите може да бидат напишани само на македонски или
англиски јазик.
Пожелно е покрај
во Word
фајл (.doc),
истите да бидат доставени и во Adobe reader (.pdf)
формат,
како што е оригиналот. Доставувањето на трудовите за следниот број на списанието
е најдоцна до 30.11. (ноември) во тековната година.
Техничка
подготовка
Трудовите што се доставуваат за
објавување во
Географски
разгледи, мора да бидат подготвени според
наведените технички критериуми. Трудот треба да е изработен во текст-процесорот
Word 97 или понов
или пак компатибилни на него програми за текст.
Максимална големина на трудот треба да биде
до 16 страници
вклучувајќи ги сите прилози,
со
единечен проред (single
space). Страницата треба да одговара на Б5 формат, со широчина 17 cm и височина
24 cm. Маргините треба да бидат според следните димензии: Top: 2.6 cm;
Bottom: 1.8 cm; Left: 2.6 cm;
Right: 2.6
cm; Header: 2.0 cm; Footer: 1.27 cm.
При подготвување на трудот треба да
се користи македонска подршка
и фонтот
Times New Roman. При цитирање на странска
литература (автор) или нејзино наведување на крајот од трудот, може да се
користат специјални знаци и букви
преку
Insert/symbols,
а не преку посебни фонтови. Големината на
фонтовите е помеѓу
11
pt и
9
pt, што е попрецизно наведено подолу. Трудот, во основа треба да ги содржи
следните делови (со големина на фонтот):
· Наслов на трудот (11 pt) · Име на авторот, презиме (со големи букви), податоци за авторот и коавторите (10 pt) · Извод на македонски и Abstract на коректен англиски јазик (10 pt) · Клучни зборови (до 4) на македонски и на англиски јазик (10 pt) · Вовед (11 pt) · Главен дел со анализа на тематиката, добиените резултати (11 pt) · Дискусија и/или заклучок (11 pt) · Литература (10 pt) · Краток преглед на англиски јазик-SUMMARY (10 pt) · Фусноти, извори на табеларни податоци (9 pt) Насловот се пишува на средината на страницата, 8 реда под горната маргина. Насловот треба да е концизен, јасен и во директна врска со темата на трудот. За наслов се користат големи болдирани букви со фонт 11. Под насловот треба да бидат напишани
имињата на
авторот и коавторите
на трудот
со големи букви за презимето,
а под тоа,
институцијата
од која се и e-mail на барем
еден од авторите
(коавторите), заради контакт. Имињата се испишуваат со фонт 10,
како и
податоците
за нив.
Пример: ДЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Петар ПЕТРОВ1,
Анета САЗДОВА2 1Институт за географија, ПМФ Гази Баба б.б., 1000, Скопје 2Земјоделски Факултет, Бул. Александар Македонски бб., 1000, Скопје
e-mail:
petrov@iunona.pmf.ukim.edu.mk ИЗВОДОТ треба да содржи краток и концизен преглед на темата што се разработува, методите и добиените резултати, без потреба да содржи референци (цитати), илустрации и др. Големина на изводот е од 5 до 10 реда (до 500 збора), со фонт 10. Под изводот на македонски јазик, сосема идентичен ABSTRACT треба да стои на правилен англиски јазик, со иста големина на фонтот. Клучните зборови треба да одговараат на карактеристичните географски термини, често употребувани во трудот. Истите треба да се напишани под абстрактот на англиски јазик, според меѓународната терминологија и фонт со големина 10. Во
воведот
треба да се изнесе општ осврт на темата на истражување
или елаборација
во
трудот, целта на истражувањата и очекуваните резултати.
Исто така, во овој дел може да се изнесат сознанијата од постоечките истражувања
поврзани со темата и просторот и користените истражувачки методи. Фонтот е со
големина 11.
Положбата и
основните карактеристики на истражуваното подрачје може да се постави во воведот
но и како засебно поглавје (секција) по воведот. Во главниот дел на трудот се разработуваат: методологијата и методите на истражување, објектите, процесите и појавите утврдени со истражувањата, добиените резултати-сознанија и нивна критичка анализа. При тоа посебен акцент се става на резултатите од истражувањето поврзани со темата што е потенцирана со насловот. Во главниот дел се користат референци (цитати), кои задолжително се изложени во литературата на крајот од трудот. При цитирањето, на крајот од превземениот или интерпретираниот текст, во заграда се става презимето на авторот и годината на објавување на насловот пр: (Андоновски, 1974). Ако цитираниот текст е од суштинско значење за темата, може да стои и бројот на страницата од користениот наслов пр: (Андоновски, 1974; стр. 24). Доколку пред цитирањето се дава името на авторот според кој се врши понатамошна анализа, во заграда стои само годината кога е издаден соодветниот наслов пр: Според Андоновски (1974), ... Ако цитираниот труд е од повеќе автори, тогаш се става името на првиот автор и кратенката et al. пр: ... (Андоновски et al., 1998). Доколку се цитира наслов што е презентиран преку друг труд, тогаш тоа задолжително се нагласува во цитатот, пр: (Арсовски, 1977; преку Маркоски, 2005). Сите користени истражувања (автори), т.е. цитирани делови, задолжително мора да бидат претставени во литературата и обратно, се што е наведено во литературата на крајот од текстот, мора да е цитирано во трудот. Во главниот дел од трудот се користи фонт со големина 11. Користењето на
фусноти
треба да се избегнува или тие да се објаснат во главниот
дел на текстот. Доколку мора да се користат, треба да се пократки
и да се нумерирани
со реден број.
Фонтот на
фуснотите треба да биде 9. Покрај текст, овде може да има илустрации кои го дообјаснуваат трудот (текстот). Тие може да стојат на крај како прилози, но пожелно е да се инкорпорирани во главниот дел на трудот како илустрации-слики и тоа што поблиску до текстот на кој се однесуваат (по можност на иста страна). Скиците, шемите, илустрациите, моделите и др. треба да се прецизно изработени и со висока резолуција од најмалку 200 dpi. Ако како подлога се користи фотографија, таа треба да биде во TIFF формат или квалитетен JPG и GIF формат. Илустрациите е пожелно да стојат во рамка (правоаголник) и да бидат нумерирани. Доколку се превземени од друг наслов или автор, мора да се цитира изворот. Заштитени (авторски) картографско-фотографски материјали, без оглед од каде се превземени (вклучително и Интернет), треба да бидат користени само со дозвола на авторот (поинаку, сите последици ги сноси авторот). Делот од трудот со илустрации, не треба да зафаќа повеќе од 50% од целиот труд (пр. 10 страници труд, најмногу 5 страни со илустрации). Големината на оригинално доставените илустрации не треба да ги надминува маргините на страницата. Под илустрациите, освен редниот број може да се постави и нивен “наслов” кој кратко укажува на што се однесува таа, пр. “Слика 4, Стратигено лизгалиште над с. Орланци” со фонт 10. Во главниот дел на трудот, може да се користат табели, во кои се дава преглед на квантитативните показатели добиени со истражувањата или важни за трудот. Треба да се тежнее табелите да се изработени во Word (не во Exel или др.), да бидат помали и да се презентираат само податоци од суштинско значење за трудот. За секоја колона или ред во табелата треба да постои легенда (наслов) во првата-почетна колона или ред. Табелите можат да бидат поставени на крајот од трудот, како прилози или кај текстот за кој се однесуваат. Табелите не треба да ги надминуваат маргините на страницата, дадени погоре. Треба да се избегнува табелите да зафаќаат повеќе од една страна. Доколку се превземени податоци од други наслови, задолжително под табелата се цитира изворот (со фонт 9), кој се дава и во литературата. Над секоја табела треба да стои редниот број и насловот на табелата пр. “Табела 3, Хипсометриски зони во Кичевската Котлина”, со фонт 10. Секоја табела во трудот, мора да биде објаснета или во функција на текстот. Во дискусијата или заклучниот дел на трудот се презентира кратка анализа и компарација на добиените резултати и сознанија од истражувањата, забележани карактеристики на одредена појава или процес, потврда на очекуваните резултати и причини за можни отстапувања и др. Во заклучокот се врши кратка интерпретација на презентираните сознанија од главниот дел на трудот, се потенцираат насоки за идните истражувања, како и можната апликативна вредност на добиените знаења од истражуваната проблематика. На крајот од трудот но пред прилозите
и заклучокот на англиски јазик, се приложува
користената
литература, со големина
на фонтот 10. Користената литература треба
да биде презентирана во фонт и на јазик како што е оригиналниот труд од
соодветниот автор (кирилица, латиница, на Македонски, Англиски и др.). При тоа,
треба да се води сметка за следното: трудовите треба да се изложени по азбучен
ред (по презимето на авторот) и по година на издавање. Првин треба да стои
презимето на авторот, почетна буква од името (претходното во болд) и година на
издавање, наслов на трудот, списание или медиум во
кој е издадено и место на издавање, пр:
Арсовски М. (1997): Тектоника на Македонија. РГФ Штип
Доколку е цитиран труд, кој е во
состав на списание со повеќе други трудови, треба да стои бројот на страницата
од почетокот и крајот на трудот, пр:
Manakovic D.
(1959): Pestera Dona Duka. Porocila ACTA carsologica II,
Литературата треба да биде изнесена хронолошки, така што прво се редат трудови по година на објавување од еден автор, а потоа хронолошки се подредени трудови каде освен првиот автор, се јавуваат и коавтори. Доколку ист автор има повеќе трудови објавени во една година, таму каде што се цитираат тие се означуваат со мали латински букви: 1999а, 1999б, 1999в, 1999г, ... Доколку е користена литература или трудови од интернет списанија, мора да се наведе електронската публикација со сите претходно споменати елементи (име на автор, година на објавување и др.). Ако се користи веб-страница како извор на информации, мора да се наведе неговата интернет-адреса и датум-година кога е превземена страницата пр: www.astronomija.co.rs; 2009, а по можност и авторите на страницата. На крајот од текстот се пишува
SUMMARY на англиски јазик, каде во кратки црти е изнесена основната поента на
трудот и заклучните сознанија. Во summary-то првин се пишува насловот на трудот
преведен на англиски јазик, потоа име на авторот и краток текст од 10-15 реда.
Овој текст може да биде ист со заклучокот напишан на македонски јазик, но и да
содржи интерпретација на целиот труд.
По претходното
уредување и подготовка на трудот, со тастерите
“CTRL” и
“+”
се врши
хифенација или поделба-префрлување на зборовите каде има поголеми развлекувања
или празнини во редот.
На англискиот
текст се врши автоматска хифенација. Се замолуваат сите автори да се придржуваат кон даденото упатство. Доколку трудот значително содржински или технички отстапува од наведените норми, може да биде вратен на доработка или целосно повлечен. За било какви подетални информации, може да се обратите кај главниот и одговорен уредник или кај членовите на уредувачкиот одбор на списанието.
Главен и одговорен уредник на
списанието
Географски
разгледи д-р Ивица Милевски |
This web site is created and updated by dr. Ivica Milevski: ivica@pmf.ukim.mk