Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Инсерти од теренската настава низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, реализирана во јуни 2019 година

Инсерти од теренската настава низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, реализирана во јуни 2019 година

21.06.2019 Последната реализирана теренска настава за студентите од Институтот за географија се реализираше на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Просторни целини кои се одликуваат со несекојдневна убавина и автентичност. Првата дестинација која се посети беше туристичкиот бисер на Хрватска, градот Дубровник, препознатлив по стариот дел на градот и автентичните тесни и скалести улички, кои ја зголемуваат естетската вредност на оваа луксузна туристичка дестинација на Јадранот. Покрај другото, Дубровник е препознатлив и по снимањето на … Read entire article »

Filed under: Наставни

Утре ни пристигнува долго, жешко и „нестабилно“ лето!

Утре ни пристигнува долго, жешко и „нестабилно“ лето!

20.06.2019 Утре (петок), на 21 јуни, во 17 часот и 54 минути, на 172-риот ден во годината, на северната полутопка и во Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, оваа недела ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Откриена нова планета за која се верува дека има вонземски живот!

Откриена нова планета за која се верува дека има вонземски живот!

13.06.2019 Истражувачите го потврдија постоењето на егзопланетата Проксима Б, т.н. „Втората Земја“ за која веруваат дека има вода заради идеалната температура на површината која ја поседува. Истражувачите веруваат дека температурата на површината на планетата би можела да биде помеѓу -90 и +30 степени Целзиусови. Оваа планета се наоѓа во системот Проксима Кентаури, кој пак е најблискиот ѕвезден систем до Сончевиот. Се верува дека планетата има океани, исто како и Земјата и може да го одржи вонземскиот … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Што е метеорологија, a што метрологија?

Што е метеорологија, a што метрологија?

12.06.2019 Научните и оперативните делови познати како метеорологија и метрологија терминолошки се исклучително блиски и слични, но се дијаметрално различни. Исто така во обичниот живот и во говорот се мешаат поимите метеорологија и метрологија. Светскиот ден на метеорологијата или познат како светски метеоролошки ден е 23 март, како ден кога стапи на сила Конвенцијата за организирање на Светска метеоролошка организација, а тоа е 23 март 1950 година. Седиштето на Светската метеоролошка организација е во Женева. Светскиот метеоролошки … Read entire article »

Filed under: На тема

За прв пат извршена виртуелизација и инвентаризација на гео-формите на локалитетот Маркови Кули кај Прилеп

За прв пат извршена виртуелизација и инвентаризација на гео-формите на локалитетот Маркови Кули кај Прилеп

6.06.2019 Како дел од проектот за „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија, имплементиран од UNDP, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, е и Споменикот на природата „Маркови Кули“ кај Прилеп. Овде, на мал простор од 50-тина km2 се јавуваат речиси сите познати видови на денудациски релјефни форми типични за гранитни карпи, по што претставува раритет во светски рамки. Поради уникатните геовредности што ги има, овој гранитоиден комплекс, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Со помош на LiDAR пронајден огромен изгубен град во Гватемала

Со помош на LiDAR пронајден огромен изгубен град во Гватемала

6.06.2019 Гватемала е држава која се наоѓа во Средна Америка која зафаќа вкупна површина од 109,000 км кв. и има околу 13 милиони жители. На север и запад се граничи со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад излегува на Тихиот Океан, додека пак на исток излегува на Карипско Море. Главен град е Гватамела каде се зборуваат 23 официјални јазици. Гватемала е главно планинска земја, освен во јужниот … Read entire article »

Filed under: По Светот

Од државните натпревари по географија за 2019 година

Од државните натпревари по географија за 2019 година

2.05.2019 Државните натпревари по географија во организација на Македонско географско друштво се одржаа на 19 април 2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот зедоа учество 212 ученици од основни училишта и 67 ученици од средните гимназиски и стручни училишта. Сите ученици и ментори добија диплома за учество на државниот натпревар по географија. Во големата конкуренција помеѓу учениците од основните училишта првото место го освои Софија Матовска од ООУ „Живко Брајковски“, Скопје под … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Патепис од теренската настава во областа Азот…

Патепис од теренската настава во областа Азот…

30.04.2019 Основното училиште “Стојан Бурчевски Буридан” – Иванковци секоја година во нивната програма за работа има планирано теренска настава за учениците во природа. Организатор на овие теренски настави е наставникот по географија Трајче Недев, во соработка со наставниците од училиштето. Оваа година теренската настава се одржа во областа Азот, во период 19-21.04.2019 година. Нашето патување го започнавме од селото Иванковци со крајна дестинација до манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија, околу 5 km оддалечено над селото Ореше. Прво … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Чаталхујук – еден од најстарите прото-градови во светот!

Чаталхујук – еден од најстарите прото-градови во светот!

22.04.2019 Градовите во вистинска смисла на зборот се појавиле околу 3500 година пред н.е.[1] Се карактеризирале со писмо, технолошки прогрес, и забрзан развој на софистицирани форми на социјална и политичка организаација, како и и социјална стратификација, на основа на земјоделските вишоци и можноста за професионално профилирање.[2] Таквите градски населби прво се појавиле на Сумерскиот брег и долината на реката Нил, а во Индуската долина во III век пред н.е. Нешто подоцна, првите градови се појавиле и … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

25.03.2019 Според традицијата на прагот на пролетта, Македонското географско друштво на 20 март 2019 година, го организираше пролетниот семинар за професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а како слушатели беа евидентирани 158 професори по географија. На овој прв семинар предвиден во програмата за работа на Друштвото за 2019 година, беа презентирани три интересни предавања од: проф. д-р Александра Лозаноска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економскиот Институт, Скопје … Read entire article »

Filed under: Активности, Наставни

Убавините на Рашковец – долината помеѓу кратовските вулкани!

Убавините на Рашковец – долината помеѓу кратовските вулкани!

5.03.2019 Кратовската област е позната по карактеристичниот палеовулкански пејзаж кој се одликува со бројни вулкански купи, некови, траги од течење на лава, вулкански бомби и сл. Ваквата релјефна морфопластика се одразила и на хидрографските, почвени, вегетациски и останати природни, па и социо-економски карактеристики на овој простор. За жал, голем дел од уникатните појави и локалитети со кои изобилува подрачјето околу Кратово, сеуште не се доволно истражени, ниту презентирани на пошироката јавност. Токму затоа, во оваа статија … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

10 години од серијата земјотреси во Валандовското епицентрално подрачје

10 години од серијата земјотреси во Валандовското епицентрално подрачје

5.03.2019 Сеизмичката активност на епицентралното подрачје Валандово се карактеризира со честа појава на земјотреси чии магнитуди се помали од 4.0. Умерено силните земјотреси, изолирано или со серии на придружни послаби земјотреси, се набљудуваат главно во периоди од по неколку децении. Силните земјотреси со магнитуди поголеми или еднакви на 6.0 се ретки. Времето на случување на првиот познат силен земјотрес, кој предизвикал уривања на античкиот град во близина на денешното с. Марвинци кај Валандово, во најновите сеизмолошки … Read entire article »

Filed under: На тема

За водопадите кај с.Бродец на Скопска Црна Гора

За водопадите кај с.Бродец на Скопска Црна Гора

4.02.2019 Иако само на половина час од градот Скопје и без оглед на бројните природни и културни атракции што ги има, планината Скопска Црна Гора е сеуште слабо посетена. Можеби тоа е и заради недоволната запознаеност на пошироката јавност со споменатите вредности. Во таа смисла, особено внимание заслужуваат водопадите на Тршченски Поток, на околу 500 m источно од Бродец, на 950-1100 m надморска височина. Станува збор за десетина водопади со височина од 2,5 – 5 метри, наредени скалесто … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

Од општинските натпревари по географија во Скопскиот регион

3.02.2019 Снежното време не ги спречи љубителите на географијата да пристигнат на време во училиштето ООУ„Лазо Трповски“ – Општина Карпош, каде што на 26.01.2019 година се одржаа општинските натпревари по географија во Скопскиот регион, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 165 ученици од основните и средните училишта и 57 ментори, од 9 општини. Според пропозициите на Македонско географско друштво, координаторот на скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Мистичните езерца „Орлови очи“ на врвот Ченгино Кале!

Мистичните езерца „Орлови очи“ на врвот Ченгино Кале!

31.01.2019 Под име Ченгино Кале се нарекува локалноста околу истоимениот карактеристичен врв на Малешевските Планини, на самата граница со Бугарија, кој е со надморска височина од 1752 m. Ченгино Кале е познато како најисточно место во Македонија, за што веќе пишувавме на ИГЕО, но и како изворишно подрачје на реката Брегалница. Меѓутоа, она што ретко кој го знае е дека на самото било непосредно до врвот има две мали езерца, познати како „Орлови очи“ или Ченгини … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Посета на Музејот на националната историја во замокот Фредериксбoрг во Данска

Посета на Музејот на националната историја во замокот Фредериксбoрг во Данска

28.01.2019 Понесена од љубовта кон историските уметности и многуте приказни што ги слушнав за музејот Фредериксборг, во текот на месец јули 2018 година, заедно со моето семејство имавме прилика да се увериме во тоа колку уникатно и интересно е местово за туристи. Замокот Фредериксборг се наоѓа во градот Хилеред, односно 40 км северно од Копенхаген. Замокот е изграден на остров, обиколен со езеро и има убава градина во барокен стил. Самата градина се одржува со највисок … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

28.01.2019 Пехчевски Водопади се наоѓаат во долината на Брегалница, поточно под нејзиниот изворишен дел, на „границата“ помеѓу Влаина и Малешевски Планини. Водопадите се само 5-10 km југоисточно од градот Пехчево, па затоа и нивното заедничко име. Овој дел од реката Брегалница, каде се составуваат Требомирска, Љутачка и Крива Река е познат под името Валавица (или Валавичка Река), поради слаповидниот пад на водата и бројните брзаци. Низводно, по вливот на Равна Река, Брегалница има помал пад, помирен … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено..., Чудесна Македонија

Промоција на туристичка енциклопедија „Скопје и Скопскиот Регион“

Промоција на туристичка енциклопедија „Скопје и Скопскиот Регион“

22.01.2019 На 24.12.2019 година во просториите на Порта Македонија, кој функционира во рамки на Музејот на Македонската борба во Скопје, се одржа промоција на енциклопедијата Скопје и Скопскиот регион, дело со исклучителна важност за туризмот во Република Македонија. Делото е во издание на ИДБЦ. На промоцијата беа присутни претставници од високообразовни институции, медиуми, туристичкиот сектор, стопанска комора и од повеќе ентитети чија дејност директно или индиректно е поврзана со туризмот. Книгата Скопје и Скопски регион има обем од … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Топ 10 градови за дочек на Нова година

Топ 10 градови за дочек на Нова година

28.12.2018 Како што се наближува Нова година, секој сака да ја дочека на различни дестинации. Некои веќе имаат одлучено, а други сеуште размислуваат. Новогодишната ноќ е една од најубавите, па затоа вреди да се погледнат најдобрите и највозбудливите градови за дочекот на најлудата ноќ во годината. Па нека започне одбројувањето. Еве 10 одлични градови каде што може да патувате за новогодишната ноќ и каде што може да создадете моменти кои никогаш нема да ги заборавите: 1. Сиднеј, … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, На тема

Од промоцијата на книгата Basic Principles of Topography

Од промоцијата на книгата Basic Principles of Topography

22.12.2018 На 12ти декември 2018 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје,  се одржа промоција на книгата Basic Principles of Topography од авторот проф. д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Настанот беше посетен од голем број универзитетски професори и асистенти, пријатели и студенти од Институтот за географија. Книгата е во издание на престижната светска издавачка куќа Springer. Публикувана на почетокот од 2018 година. Изданието е на англиски … Read entire article »

Filed under: На тема, Наставни

Advertisment ad adsense adlogger