Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

25.01.2017 Ocean city е град во државата Maryland во Соединетите американски држави, на источниот брег на Атланскиот Океан, сместен на еден долг и тесен остров, па таква форма има и самиот град. Западниот дел на градот е со повеќе трговски центри, универзитети и гледа кон два големи заливи. Источниот дел пак, се одликува со долга и преубава песочна плажа свртена кон океанот. Инаку, гратчето има само 7000 постојани жители, меѓутоа во шпицот на летната сезона, овде … Read entire article »

Filed under: На тема

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

25.01.2017 Вештачките акумулации во Република Македонија почнале да се градат од далечната 1938 година кога е изградена првата акумулацијата Матка, западно од Скопје, пред вливот на река Треска во река Вардар, односно на излезот од кањонот Матка. Овој процес на градење на вештачки акумулации трае до денес, следејќи го трендот на потребите на човекот за менаџирање со водните ресурси како фундамент за негово опстојување, независно дали за заштита од поплави, искористување на хидроенергетскиот потенцијал, водоснабдување, наводнување, … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Пониква ве очекува да ја посетите и да уживате во снежните лудории!

Пониква ве очекува да ја посетите и да уживате во снежните лудории!

17.01.2017 Пониква е туристички центар и викенд населба во источниот дел на Македонија, 20 km северно од Кочани на Осоговските Планини. Се наоѓа на надморска височина од 1500-1600 m во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан е како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија. До туристичкиот центар Пониква се пристигнува од Кочани по асфалтен пат кој и во зима е беспрекорно исчистен и соодветно нафрлан со сол и … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Неформални „диви“ населби и нивната генеза во пост-социјалистичките градови на југоисточна Европа

Неформални „диви“ населби и нивната генеза во пост-социјалистичките градови на југоисточна Европа

17.01.2017 Поимот неформални населби се однесува на населбите кои имаат нерегулиран правен статус, како од аспект на просторно и урбанистичко планирање, така и од аспект на имотно-правна основа, без практично постоење на формална правна рамка за нивната појава. Најчесто меѓу народот се користи терминот „диви“ населби, или „сламови“ кои претставуваат крајно лоша состојба на истите. Неформалните „диви“ населби се констатирани како компонента на урбаниот пејзаж во речиси сите земји во развој, во периодот од изминативе 50 години. … Read entire article »

Filed under: На тема

По цели 25 години го пронашол својот дом користејќи Google Earth!

По цели 25 години го пронашол својот дом користејќи Google Earth!

16.01.2017 Сару Бриерлеј (Saroo Brierley) е роден во индискиот град Кандва. Во 1986 година, на само 5 годишна возраст, изгубил контакт со неговото семејство откако бил оставен на железничка станица, чекајќи го својот брат кој никогаш не се вратил. Околу 3 недели некако сам се грижел за себе, живеејќи на улиците на Калкута, а потоа бил сместен во локално сиропиталиште, до моментот кога бил посвоен од австралиско семејство. Следните 25 години ги поминал во градот Хобарт на Тасманија со … Read entire article »

Filed under: По Светот

Торе Давид – Венецуела, уникатен пример на вертикална дива населба!

Торе Давид – Венецуела, уникатен пример на вертикална дива населба!

9.01.2017 Неформалните населби или „сламовите“ се најчесто запуштени делови на градовите, вообичаено со голема густина, во кои условите за живеење и престој во нив се многу лоши. Торе Давид е суштински репрезент на неформална населба, но по својата форма се наметна како уникатен пример на вертикален „слам“ на глобално ниво. Самиот објект претставува недовршена 45-катница (трета по висoчина зграда во Венецуела), која требало да биде деловна зграда, во Каракас. Објектот се градел до 1994 година, кога поради … Read entire article »

Filed under: По Светот

На 4 јануари Земјата ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година!

На 4 јануари Земјата ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година!

2.01.2017 Задутре, на 4-ти јануари во 15.18 часот, планетата Земја ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година, во положба позната како перихел. Во тој момент, нивното взаемно растојание ќе изнесува 147.100.993 km, што е околу 2,5 милиони km помалку од просечната вредност, односно околу 5 милиони km помалку од максималното растојание (152 милиони km) познато како афел. Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 km/sec побрзо (30,3 km/sec) по својата патека отколку … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Бисерот на Порече: Споменик на природата „Слатински Извор“

Бисерот на Порече: Споменик на природата „Слатински Извор“

24.12.2016 Според природата што ја има, еден од најинтересните простори во Македонија е долината на Слатинска Река – левата притока на Треска. Се наоѓа во областа Порече и територијално припаѓа на општина Македонски Брод. До долината се стигнува на неколку начини: преку регионалниот пат Скопје – Гостивар – Кичево – Македонски Брод (во должина од 160 km); преку Велес – Прилеп – с.Слатина (во должина од 190 km) и од Скопје преку заштитеното подрачје Јасен (во должина од 84 … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Во среда на 21 декември почнува зимата!

Во среда на 21 декември почнува зимата!

19.12.2016 Во среда, на 21 декември 2016 година, во 11 часот и 44 минути, во Република Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото. Воедно, средата на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица). Во Република Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2016 година и ќе трае цели 14 часа и … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Потпишан договор за соработка со Високата туристичка школа од Белград

Потпишан договор за соработка со Високата туристичка школа од Белград

30.11.2016 На ден 10.11.2016 во просториите на Високата туристичка школа на структурни студии во Белград, Република Србија, која вооедно е и најстара институција во образованието и едукацијата на кадри за потребите на туризмот во регионот, беше потпишан договор за взаемна соработка со Институтот за географија. Овој договор претставува чекор кој несомнено ќе влијае кон зајакнување и продлабочување на академската соработка помеѓу двете институции. Меѓусебната соработка ќе се однесува на следните активности: Договорените страни ќе го користат акумулираното знаење … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Успешно реализирана традиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура

Успешно реализирана традиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура

29.11.2016 Tрадиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура која се одржа на 16.11.2016 година уште еднаш беше успешно реализирана. На оваа теренска настава присутни беа студентите од I и II година од наставната насока при Иститутот за Географија и студентите од еколошката насока при Иститутот за Биологија. Првата попатна станица на групата од студенти и професори беше Катлановско Блато каде што проф. д-р Драган Колчаковски објаснуваше кое е значењето на овој предел. Катлановското Блато во 1965 година, согласно … Read entire article »

Filed under: Наставни

Успешно завршена манифестацијата „Ноември – месец на науката“

Успешно завршена манифестацијата „Ноември – месец на науката“

25.11.2016 Месецот ноември беше посветен на науката. За тоа се погрижија: Друштво на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Друштвото на биолози на Република Македонија, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво и Природно-математичкиот факултет, кои со заеднички заложби за првпат организираа манифеста-ција посветена на промоција на природните науки, нагласувајќи го нивното значење и убавина. Во програмата за работа беа реализирани 6 креативни работилници и 17 предавања од областа на … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Ушуаја – папокот на светот

Ушуаја – папокот на светот

16.11.2016 Ушуаја е главен град на областа наречена Огнена земја во Аргентина. Се наоѓа на широк залив на јужниот брег на Исла Гранде. На север граничи со планинскиот венец Мартиал, а на југ со каналот наречен Бигл. Се простира на површина од 23 km кв. Ушуаја често се опишува како најјужниот град во светот. Неговото одредување како најужниот град во светот е прифатен од заедничка комисија на Аргентина, Чиле и Секретаријатот за туризам на Аргентина. Иако … Read entire article »

Filed under: По Светот

Копаоник – најубавата планина во Србија!

Копаоник – најубавата планина во Србија!

13.11.2016 Копаоник, познат како “покривот на Србија”, се наоѓа во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. На запад, Копаоник е ограничен со реката Ибар, на југоисток со реката Лаб, на север со Јошаничка река и на исток се долините на реките Јасинце и Топлице. Копаоник се протега од северозапад кон југоисток во должина од околу 75 km и широчина околу 40 km. Највисока точка на планината е Панчиќев Врх (2017 m). Денешните релјефни форми на … Read entire article »

Filed under: По Светот

Бахамите и нивната невообичаена атракција!

Бахамите и нивната невообичаена атракција!

10.11.2016 Бахами (Бахамски острови) се островска држава или архипелаг кој се наоѓа во Средна/Северна Америка во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспањола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Нивната вкупна површина изнесува 13 939 km кв. (половина од површината на Македонија) и се составени од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2 387 мали, воглавно карпести острови. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати населени острови се Елеутера, … Read entire article »

Filed under: По Светот

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

10.11.2016 По покана на Географскиот факултет при Универзитетот во Белград, на 7 ноември од страна на д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ во Скопје, беше изведено стручно предавање за студентите, наставниците и соработниците од овој факултет. Темата на предавањето беше „Природните непогоди во Република Македонија“, со посебен осврт на скопската поплава и земјотресот во август и септември оваа година. Во предавањето беше укажано на досегашните поголеми забележани природни непогоди и катастрофи, природните и антропогени фактори за … Read entire article »

Filed under: Наставни

Реализирана теренска настава на територијата на Република Бугарија

Реализирана теренска настава на територијата на Република Бугарија

8.11.2016 Институтот за географија во периодот од 19-21.10.2016 година, организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на туристичкиот центар во Банско – Република Бугарија. На теренската настава студентите имаа можност да видат како изгледа една туристичка дестинација во која туризмот бележи експанзивен раст, како во бројот на туристи, така и во бројот на реализирани ноќевања, но и во зголемувањето на бројот на сместувачки капацитети. Теренската настава … Read entire article »

Filed under: Наставни

Огражден – планина која има што да понуди!

Огражден – планина која има што да понуди!

23.10.2016 Огражден е планина што се протега во југоисточниот дел на Република Македонија и тоа помеѓу реката Турија на запад, Безгаштевска и Дворишка река на север и границата со Република Бугарија на исток. Безгаштевска и Дворишка река јасно го одвојуваат Огражден на југ од Малешевските Планини на север. Огражден се протега речиси во напореднички правец, со сосема мала насоченост од северозапад кон југоисток. На територијата на нашата држава, зафаќа површина од 345,5 km кв., а значителен дел … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

19.10.2016 На 15.10.2016 година во организација на Македонското географско друштво беше одржан втор семинар оваа година посветен на стручна едукација за професорите по географија од основните и средните училишта во Република Македонија. На овој т.н. есенски семинар присуствуваа 153 учесници од сите делови на Република Македонија кои за своето учество на семинарот добија сертификат. Изборот на темите за предавање и овој пат беше направен според резултатите од предходно спроведената анкета кај одреден број професори по географија. Според … Read entire article »

Filed under: Наставни

Викенд предлог: селото Вруток – изворот на Вардар и кралството на пастрмката

Викенд предлог: селото Вруток – изворот на Вардар и кралството на пастрмката

13.10.2016 На крајниот југозападен дел од Полошката котлина на само 7 километри од Гостивар и околу 80-тина минути возење од Скопје, во подножјето на прекрасната Шар Планина е расплослано селото Вруток, село каде чистата вода и рибата се дел од секојдневната исхрана на населението. Името на селото Вруток значи врело, извор (силен карстен извор), додека самото име потекнува од карсниот извор Вруток на најдолгата река во Република Македонија – реката Вардар. Самиот извор е еден од … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог